Да ок те сфатив ама поентата ми беше дека не треба да се дисперзира туку да се наведе Т на точка во која најчесто престојуваме а тоа би бил кревет тросед фотеља.Мислам дека зависи од големината на собата и од самата изолација, ако е поголема соба и без изолација, автоматски ти треба повисока температура за надокнадување, за чувството да ти биде " потопло ", а во помала соба и плус изолација, конкретно кај мене еве во една соба од 15 и друга од 25 квадрати, 22-23 степени е супер и не, нема потреба од кебе/ ѕиври/ вентијага и слично
Собата каде што ми е сместена Хаиер Тундра 3.5kw е 25 квадрати и е изолирана, па температурата горе е 22 степени, а и долу на отприлика 1.5м висина е исто 22 степени. Еднаш сум пробал на повисока температура 24-25 степени ама не се дишеше од жешко и неудобно, така да од 22-23 не мрднувам.
Него @ROBERT 11 кога више си стручен и си продавал печки и камини на дрва дали би бил љубезен да препорачаш некоја оптимална со излаз за дим отпозади (на таа висина 50-60см имам излез за ќумбе на ѕидот) за дневна кујна 40м2 отворен простор? Те прашувам зашто ми докурчи да стрепам дали ќе ми измрзне дете некој ден во оваа држава водена од дегенерици од 91ва до денес што субвенционираа се освен најглавното и најтрајното т.е изолација и не оставија без сопствено производство на струја итн. и без разлика што сум поборник на греење со инвертер ценам дека би било паметно да си имам бекап една печка на дрва и 3-4 кубика дрва у подрум за не дај Бог. Секако и очистен и спремен оџак. Зашто ко што гледам ако го 'допрат" парното по некои денови по зградите ко што се спомнуваше денес на вести ќе стане весело со по една или ниедна фаза по дома кога сите станови у ск ке уклучат греалките и панелките.
Последно уредено:





