Постои тенденција кај мене да се сложам со напишаното од Офчар. Риспект чоече!!!
Инаку, за тие кои не се разбираат, а дробат, можам да кажам:
:lud:

:lud:

:lud:
Во светот веќе од поодамна не се разговара на тема политички филозофии со терминологијата капитализам vs социјализам. Некој луѓе тука останале во некое дамнешно време или пак толку им сече!!!:baeh:
У светот се муабети у стилот:
Левица= социјални програми, редистрибуција и колективистичко гледиште.
Десница= слобода (со одговорност), пазарна економија (слободна), правна држава и индивидуализам.
Бај да веј, нашето уставно уредување си е во ред, на хартија разбира се. Претендира да е, односно е, повеќе левичарски настроено иако се протежира десната опција како негова основа.
Нашите „политички“ партии иако се позиционираат лево или десно од центарот нивната политичка активност не се оддалечува многу од популизмот како средство за стекнување на моќта (власт) да се раководи со и дистрибуира најголемото купче на пари во нашето општество (буџетот).
Некој тука спомна анархија, а други спомнаа социјализам/комунизам!!! Двете форми се утопија. Каде што едната, анархијата зависи од постоењето на високо потврдени морални вредности на индивидуата во општеството за нејзиното појавување и опстанок. Додека социјализмот/комунизмот зависи од моралните вредности на лицата кои ја поседуваат политичката и економската моќ да го редистрибуираат општественото богатство каде што индивидуата е непостоечка именка и служи само како средство за стекнување на тоа богатсво.
На крај еден мал коментар:
:lud:
Сердар,
А бе, да на не си забегал малку, односно троа појќе?