Еве ја мојата топ 5 листа:
#1 Wu-Tang Clan - Enter the Wu-Tang (36 Chambers) (1993)
Дали ви текнува на стихот:
"From the slums of Shaolin, Wu-Tang Clan strikes again... The RZA, the GZA, Ol Dirty Bastard, Inspectah Deck, Raekwon the Chef, U-God, Ghost Face Killer and the Method Man!"
Да, токму тие, според многу медиуми, списанија и експерти за музика, еден од најдобрите рап бендови на сите времиња, ова е нивниот деби албум, со кој се искачија многу нивоа повисоко, различниот стил, надминувањето на old school ерата, транзицијата кон класичниот рап. Koга почнав да слушам музика, односно рап, почнав со овој албум, така да... одприлика знаев кон што понатаму да се упатам... после овој албум, ретко излегоа ремек дела.
#2 Nas - Illmatic (1996)
Година 1996та, времето во кое се правеше најдобриот рап, кога немаше толку многу профит, а имаше тооолку многу квалитет.
За овој албум неколку години подоцна самиот артист ќе каже:
"My first album had no famous guest appearances, the outcome, I'm was crowned the best lyricist"
Фаворити во овој албум ми се: N.Y State Of Mind, The World Is Yours и според мене, една од најдобрите песни на Nas - One Love.
#3 Jay-Z - Reasonable Doubt (1996)
Исто така 1996та година, со овој албум Jay-Z дебитира на рап сцената, тука соработува со покојниот Notorious BIG во песната Brooklyns Finest, како и со Big Jazz и со други актуелни рапери на тоа време.
Фаворити во овој албум ми се: Can't Knock the Hustle со незаменливата Mary J. Blige, Dead Presidents, Feelin' It и Bring It On.
#4 Big L - The Big Picture (2000)
После неговата смрт (1999 година), беше издаден албум кој беше снимен, а неиздаден дотогаш, во продукција на најдобриот (според мене, а и според многу други слушатели, диџеи и артисти) Dj Premier.
Фаворити во овој албум ми се: The Big Picture (Intro), Holdin` It Down, Platinum Plus и The Triboro, во соработка со неговиот тим D.I.T.C. во кој членство имаат O.C., Fat Joe, Diamond D, Lord Finesse и други докажани mc-a.
#5 Rawkus Records - Best of Decade I: 1995-2005
Уште кога ќе се спомне Rawkus, мене одма ме асоцира на Mos Def, Talib Kweli, Hi-Tek, Common, Big-L и по малку нa A Tribe Called Quest. Албумот е ремек дело, го имам преслушано милион пати, собрани најдобрите песни направени за една деценија, убавина од музика.
****
Незнам дали некој ова ќе го прочита и колку ќе го цени, ама според мене, тоа е тоа, мислам оти е доволно.