Скоро сѐ на светов се купува со зборови.
Внимателно со зборови. Збор секогаш може да се додаде, но никогаш не може да се одземе. Учтивост за луѓе е тоа што топлина за восок. Мирот вреди повеќе од вистината. Увото е авенија до срцето. Манири на човек се огледало каде го гледаме неговиот портрет. Пријателот те советува во негова корист. Гладот не верува. Оправдување е втор збор за лага. Во текот на целиот живот, повеќе задоволуваме со нашите пропусти отколку доблести. Заљубеноста во себе е прв знак за губење меморија. После играта, и крал и пиун се пакуваат во иста кутија. Другар на сите е тој кој е другар на ниту еден.
На сиромашните многу им недостига, на алчните сѐ. Добар другар е второ его. Пороците се учат без учител. Чесноста е весела сиромаштија. Кој дал, ќе побара. Стар човек - два пати дете. Среќата не е лесна работа; многу тешко ќе ја најдеш во себе, невозможно е да ја најдеш на друго место. После здрав разум, дијаманти и бисери се најретки нешта. Осаменост е потребна за рефлекција; но, немој да бидеш простак затоа што тогаш секаде си во пустина. Нема среќа од сите страни.
Ова се меѓу најважните совети и кој добро ги запамти и применува, си намалува значителен дел од проблемите кои сите нѐ следат. Не постојат „нови“ совети - сѐ што треба да знаеме е веќе кажано. Наша цел е да се применува. Дури ни таа задача не ја извршуваме како што треба... многу малку останува понатаму!