The Mummy
The world is not enough
- Член од
- 3 мај 2006
- Мислења
- 5.415
- Поени од реакции
- 181
Пред да пишеш нешто мислам дека не е лошо да провериш што пишуваш. Сена има освоено 3 титули, а не 6.Според освоените титули прв на листата е Михаел Шумахер со освоени 7 титули,а веднаш зад е него е добро познатиот и одличен пилот Аиртон Сена со освоени 6 титули.
Инаку многу е тешко да се споредуваат возачите од различни временски периоди пред се поради влијанието на технологијата во Формула 1.
Многумина би го избрале Фанџо, бидејќи во негово време вештината на возачот била 90% пресудна за победа, за повеќето од постарите генерации Сена е најдобар на сите времиња.
За жал Шумахер и Сена се имаат само во 2 - 3 трки сретнато (тука мислам на годината кога Сена загина, а Шумахер беше во конкурентен болид) и Шуми мислам дека победи во сите 3 трки. Секако тоа не мора да значи дека е подобар возач, но секогаш ќе останат само претпоставки.
Сепак Сена колку што имам гледано и слушано бил најагресивен возач, но и не знаел да го штеди болидот, па или победувал или не ја завршувал трката. Ако гледаме константност и одржување исто темпо, тактичко возење тогаш Шумахер е број 1.