@Anco
не е само уникатната флора тоа што го обележува езерото. Всушност, треба да знаете дека пливајќи во Хевиз, вие пливате во еден котел преполн со милиони бактерии. Тоа е поради специфичниот сооднос на хемискиот состав и температурата на водата. Но, токму тој биохемискиот состав на езерото ја генерира неговата лековитост.
Лекарите препорачуваат капење во Хевиз кај широк спектар случаи на нарушувања на здравјето.
Препорачливо е за пациентите со болести на ‘рбетот, кај болните од остеопороза и од други заболувања на коските поврзани со метаболизмот, за тие во хронична фаза на артикулативните заболувања поврзани со метаболизмот, кај ревматизмот на меките ткива, кај случаите со ревма со акутно воспаление, кај пациентите со фрактури, како посттерапија кај случаите по трауматолошки и ортопедски операции, кај невролошките случаи (на пример, кај болестите на периферните нервив кои не бараат хируршка интервенција, кај ишијасот), за третмани на кожата и кај гинеколошките заболувања.
Сепак, важно е да се напомене, дека медицинската вода од Хевиз не се препорачува секому, па пред да почнете со лекувањето препорачливо е да се консултирате со лекар-специјалист. Лековитото капење не се препорачува кај луѓето со заразни заболувања, кај оние со болно срце и со болести на системот на циркулација (најмалку шест месеци по преживеан срцев удар), кај сите видови акутни воспалителни заболувања, кај пациентите со малигни тумори, кај луѓето со болести на нервниот систем што предизвикуваат несвестица (епилепсија, на пример), кај пациентите со астма и кај бремените жени.
Комплексното лекување во Хевиз вклучува различни видови физиотерапија, кои се потпираат на 200-годишно професионално медицинско искуство. Притоа ви нудат целосна дијагностика (лабораторија, ЕКГ итн.) и индивидуално подготвена терапија за секој пациент одделно. Луѓето од бањата тврдат дека лекувањето во Хевиз нуди не само привремено олеснување и закрепнување, туку со месеци го спречува повторното појавување на болката, така што лекувањето спроведено напролет ќе им обезбеди безгрижни божикни празници на тие што сакаат да закрепнат.
Пикни се во радиоактивната кал
Специјалната медицинска кал (некаков си „мешан пелоид“) богата со неоргански и органски супстанции, макро и миркоелементи, го прекрива езерското дно на длабочина од неколку метри. Нејзината постојана мекост, способноста за пречистување на водата и складирање на топлината ја прави одлична за терапијата со кал. Во текот на капењето, човек може да си направи „кална бања“ во водата близу брегот, а меурчињата гас што се ослободуваат од неа (според брошурите - сулфур и радиум), како и честичките кал што лебдат на површината на водата, имаат извонреден позитивен ефект врз здравјето. Оваа медицинска кал може да се користи не само на самото место, туку и се продава како сертифициран медицински производ под името „Панонска медицинска кал од Хевиз“.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=6E8B063AC2CEF640B3EAEB537F57E203