Најголема посетеност на еден натпревар во ПМФЛ на Националната Арената „Филип II Македонски“

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Победа одсекогаш го полнеше градски во Прилеп.Просек по утакмица на цела сезона околу 7000 посетеност.
Па ЈБг не сме за џабе најфудбалски град во Македонија(y):cool:

И BTW темава ти е апла расистичка што па Филип 2 .Единствен скопски клуб кој го бива е Вардар другите сите се :facepalm:.Има и други клубови во ист ранг или повисок на вардар во македонија ,па публика имаат повеќе од вардар
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

Не е расистичка. Филип Втори ја предложил како национална арена и најголем стадион во земјава :)
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.349
Победа одсекогаш го полнеше градски во Прилеп.Просек по утакмица на цела сезона околу 7000 посетеност.
Па ЈБг не сме за џабе најфудбалски град во Македонија(y):cool:

И BTW темава ти е апла расистичка што па Филип 2 .Единствен скопски клуб кој го бива е Вардар другите сите се :facepalm:.Има и други клубови во ист ранг или повисок на вардар во македонија ,па публика имаат повеќе од вардар
Не е расистичка, само дадов предлог за во Скопје. Инаку ако сакаш ти отвори тема за во Прилеп, па ќе биде супер. Да се шири идејата!!!:)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Победа одсекогаш го полнеше градски во Прилеп.Просек по утакмица на цела сезона околу 7000 посетеност.
Па ЈБг не сме за џабе најфудбалски град во Македонија(y):cool:

И BTW темава ти е апла расистичка што па Филип 2 .Единствен скопски клуб кој го бива е Вардар другите сите се :facepalm:.Има и други клубови во ист ранг или повисок на вардар во македонија ,па публика имаат повеќе од вардар
Кој се тие клубови бе друже што се исти ранг со Вардар па и со повисок ајде кажи :confused:
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Не знам дали да се гордеам или да се покријам од срам....ц ц ц просек од 1667.... просек од 3200.
И овие што одат и што го прават просекот треба да се знае дека и Слепци да пуштат да играат ќе бидат на стадион се додека се нарекува “Фудбалски Натпревар“.

Ова ни е доказот за тоа колку ние сме ниско со фудбалот.... колку тоа не кошташе Дон Хари.
Белким Илче ќе се потруди да мисли повеќе за развој на Фудбалот одколку развој на Домашниот буџет.

СРАМОТА

АНАЛИЗА: Вардар двојно помалку гледан од Шкендија, а десет пати помалку од Црвена Звезда

Македонската Прва лига е една од најнепосетените меѓу 12 европски фудбалски лиги кои ги анализираше хрватски „Индекс“.

Во анализата на Хрватите околу гледаноста на натпреварите во првенствата на Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска, БиХ, Србија, Македонија, Албанија, Романија и Бугарија, нашиот шампионат е единствено пред Првата лига на Словенија, а со сериозно послаба гледаност како од Албанија така и од сите други девет анализирани лиги.

Според хрватската анализа, Шкендија е убедливо најгледаниот македонски клуб оваа сезона со просечни 3.200 гледачи по натпревар, втора е Брегалница со 1.667 гледачи по натпревар, додека трет е Вардар со 1.578 просечно гледачи по натпревар.

За разлика од годините на почетоците на македонска фудбалска самостојност, интересно е што Вардар оваа сезона е двојно помалку гледан од Шкендија, а дури десет пати помалку од една Црвена Звезда која има речиси 17 илјади гледачи во просек по натпревар.

Убедливо, пак, најгледан тим од овие анализирани лиги е романската Стеауа, во чии редови настапува нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски, со 21.398 гледачи по натпревар. На второто место е Црвена Звезда, а потоа следат австриските Рапид Виена и Штурм. Потоа е Петролул од Романија.

На високото шесто место е бугарскиот прволигаш Ботев на нашиот репрезентативец Бобан Грнчаров кој има повеќе од 10.000 гледаност во просек.

Словенците и Марибор најслабо гледани
Најслабо гледана лига е онаа на Словенија, а Марибор кој бележи сезонава извонредни резултати има просечна гледаност само од 2.300 лица. Сите останати словенечки клубови имаат, пак, едвај по околу 1.000 гледачи по натпревар.

Партизан, изненадувачки, со само 2.200 гледачи во просек
Поразителни се бројките кога станува збор за едни од најславните балкански клубови, Партизан и Динамо Загреб.
Партизан сезонава во просек има смешни 2.200 навивачи по натпревар, додека Динамо Загреб е следен од 3.200 навивачи во просек. „Модрите“, кои сезонава настапуваа и во Лигата на шампионите, се послабо гледани и од на пример, Раднички Ниш, Слобода Ужице, Нови Пазар, албанскиот Скендербег, па и од нашата Шкендија. (!?)

ТОП 10 НАЈГЛЕДАНИ КЛУБОВИ
1. Стеауа (Романија) 21.398
2. Црвена Звезда (Србија) 16.911
3. Рапид Виена (Австрија) 14.480
4. Штурм (Австрија) 11.699
5. Петролул (Романија) 11.254
6. Ботев (Бугарија) 10.375
7. Плзен (Чешка) 10.350
8. Австрија Виена (Австрија) 9.750
9. Хајдук (Хрватска) 9.250
10. Салцбург (Австрија) 8.987
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Кога ќе ја споредиш гледаноста со тимови како Партизан, Марибор и Динамо, посетеноста на нашите стадиони по ураганот Дон Хари и не е така лоша.

Квалитетот на лигата е за никаде, па не можеш и да очекуваш гледачи, освен кај оние тимови кои мислат дека квалитетот е голем па се палат на натпреварите, или пак тимови како Брегалница кои освен фудбал во нивниот град, нема ништо друго(без навреда, патем ми се симпатичен тим).

Мислам дека е правен веќе муабетот зашто е таква посетеноста, дефинитивно најголем проблем е квалитот на македонската лига, со јаки Пелистер, Победа, Беласица, Силекс... и те како ќе имаат поголема посетеност натпреварите.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
како шо ми се гледа ниту ќе напрај Илчо нешто за домашното првенство ниту ништо
 
Член од
30 јули 2013
Мислења
6
Поени од реакции
0
Само кога македонските навивачи ке го остават нацистичкото навивање, и сите да ги оставиме нашите предрасуди подалеку од фудбалот тогаш во Македонија ќе има гледачи и ќе има и Фудбал
 
Искрено, не верувам дека тоа би пречело многу, ако влезат големи пари во ПМФЛ (што е рамно на неверојатно). За ваквото навивање прво треба да се запраша ФФМ, зашто очигледно е дека на некои тоа им го дозволуваат додека другите „плаќаат“. Нека бидат еднакви.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.764
Ево нешто од архивите од 1993....10 000 илјади на второлигашка утакмица,никогаш немало испод 6-7000 кога играле Охрид и Струга ,фудбал или ракомет.

http://www.ohridnews.com/vesti/82518
 
Kajgana Shop

На врв Bottom