Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
- Член од
- 7 јуни 2008
- Мислења
- 16.676
- Поени од реакции
- 21.233
http://fakulteti.mk/news/11-11-08/najbogatiot_chovek_vo_svetot_doagja_vo_makedonija.aspx
Најбогатиот човек во светот, Мексиканецот Карлос Слим Хелу, кој “тежи“ над 74 милијарди долари, во март ќе дојде во Охрид, дознава ексклузивно "Капитал".
Според извори на Капитал, мексиканскиот телекомуникациски магнат ќе дојде во Македонија на 26 март 2012 година, а причината за посетата е петтиот состанок на Широкопојасната комисија за дигитален развој (Broadband Commission for digital development) во Охрид.
Со Слим ќе дојдат уште 60 членови на Комисијата - главни извршни директори на меѓународни компании (Гугл, Интел, Алкател-Луцент, Ериксон, Циско, Мајкрософт, Телефоника...), индустриски и политички лидери, претставници на влади, меѓународни агенции, академии...
Иницијативата Македонија да биде домаќин на овој состанок доаѓа од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој како владин претставник е член на Широкопојасната комисија. “Капитал“ дознава дека од Комисијата веќе е испратено писмо до кабинетот на премиерот Никола Груевски за да се договорат деталите за престојот на Слим во земјава.