Најавени/пробни/остварени инвестиции во Македонија 2011

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.257
Bitola
ВЕСТ ОД 01 СЕПТЕМВРИ 2011 13:58h
Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ денеска доби одобрение за градба на фабрика за автомобилска опрема која ќе биде лоцирана во индустриската зона „Жабени“- Битола.Од консултантската фирма „Иванов“-Битола потврдија дека магацинскиот дел и просторот за производство на кабли ќе биде изграден до март 2012, а административниот објект и партерот ќе бидат завршени кон крајот на мај 2012 година.
BitolaКај е фабриката изградена или треба да си ја замислиме??? Дали некој има информации што се случува?


Like
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.416

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Bitola
ВЕСТ ОД 01 СЕПТЕМВРИ 2011 13:58h
Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ денеска доби одобрение за градба на фабрика за автомобилска опрема која ќе биде лоцирана во индустриската зона „Жабени“- Битола.Од консултантската фирма „Иванов“-Битола потврдија дека магацинскиот дел и просторот за производство на кабли ќе биде изграден до март 2012, а административниот објект и партерот ќе бидат завршени кон крајот на мај 2012 година.
BitolaКај е фабриката изградена или треба да си ја замислиме??? Дали некој има информации што се случува?


Like
http://www.youtube.com/watch?v=jYJZNfg6hds&feature=player_embedded

Кронберг и Шуберт" ќе биде готова до ноември евентуално декември
изјава од градежната фирма ПЕРА КОНСТРАКШН
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.416
А што стана со штипскиот карго аеродром (иако според најавите од пред 15 и повеќе години требаше да е кај Струмица), или и од тоа не испадна ништо?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
А што стана со штипскиот карго аеродром (иако според најавите од пред 15 и повеќе години требаше да е кај Струмица), или и од тоа не испадна ништо?
Се урна :pos:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
А што стана со штипскиот карго аеродром (иако според најавите од пред 15 и повеќе години требаше да е кај Струмица), или и од тоа не испадна ништо?
Ќе се гради сигурно..сега е во фаза на испитување,анализи итн.. Некои работи не паѓаат туку-така од небо преку ноќ, треба време.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.416
Ќе се гради со нови студии, проекти...пари за наводно мерење на ветерот, а немаат ниту откупен центар, ниту услови за транспорт (автопат).
А истите студии за карго и откупен центар Струмица (кои циркулираа уште 90-тите) како и за Агроберзата попусто отидоа во ...
Инаку градба беше најавено крајот на 2008, па од март, одново од септември, па сега читам изгледа криза фанало...
Вечер уште април 2007 објави дека ќе се ангажираат консултанти
Владата ќе ангажира консултант, кој ќе треба да ги испита просторно-урбанистичките и воздухопловно-сообраќајните можности за изградба на карго аеродром во Штип, јави интернет агенцијата Нет Прес.
Владата планирала две варијанти за изградба на карго аеродромот. Првата е доизградба и пренамена на сегашниот спортски аеродром во Штип, а втората предвидува изградба на нов аеродром во околината на спортскиот.
Освен за проектот во Штип, консултантскиот тим ќе биде ангажиран и за технички, финансиски и правни работи при изработка на студијата со концесиски модел за развој на Охридскиот и на Скопскиот аеродром.
Кој чека, ќе дочека :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ќе се гради сигурно..сега е во фаза на испитување,анализи итн.. Некои работи не паѓаат туку-така од небо преку ноќ, треба време.
У штаб ти кажаа или директно ја копаш стазата за слетување?

Ах Игоре, Игоре до кога ќе си играв сс тебе!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
У штаб ти кажаа или директно ја копаш стазата за слетување?

Ах Игоре, Игоре до кога ќе си играв сс тебе!
Не мрси бе,кој ти к.. јавно да кажуваш име,а ? Ич да не те боли тебе кој ми кажал мене.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Според договорот, карго аеродромот ќе се гради. Е сеа кога ќе биде знаат само турците. Доколку не го изградат, јас колку што знам ќе треба да платат голема сума на пари.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
КЕМЕТ - (y)
ТЕХНОХОЗЕ - (y)

Продис ќе почне со работа во среда(y)
За другите камен темелници се надевам поскоро ќе ги воведеме во евиденција :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Еве според Ставре колку луѓе работат, а колку се очекува да се вработат во фабриките кој се резултат на странските инвестиции.

Ставрески најави уште 6.000 работни места во индустриските зони
1.720 работни места беа овозможени во технолошко индустриските развојни зони што е уште еден податок дека овие зони покажаа одлични резултати. До крајот на следната година во ТИРЗ ќе бидат отворени 6.000 работни места, истакна денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во тек на расправата за Предлог буџетот за следната година на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Ставрески рече дека во „Џонсон Контролс“ во Штип се вработени 450 лица, а со планираните уште 150 во 2013, во тој град инвеститорот ќе овозможи вкупно 600 работни места. „Џонсон Контролс“ во Скопје, како што вели, отвори 323 работни места, а „Џонсон Мети“ исто така во Скопје создаде 294 работни места, а ќе има уште 100 работни места следната година во нивната втора фабрика
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци веќе се отворени 204 работни места, а очекуваме до крајот на годинава да има уште 100 вработувања. До јули 2013 година тој број ќе се зголеми на 2.000 вработени, а до јули 2014 на 4.000 нови работни места, наведе Ставрески.
Во „Кемет електроникс“ во технолошко индустриската зона во Скопје, додаде, има 100 нови работни места. Шеесет нови работни места засега се пополнети во „Кромберг и Шуберт“ во Битола, а до крајот на годинава очекуваме тој број да достигне 200 согласно најавите од инвеститорот. До март 2013 година вкупниот број на вработени таму ќе се зголеми до 500, до средината на годината до 800 вработени, а до крајот на следната година 1.000 вработени. Со оваа динамика ќе продолжи „Кромберг и Шуберт“ и во 2014 година со тоа што очекуваниот број на вработени согласно нивниот бизнис план што ни е презентиран е 2.500 работни места, информира Ставрески набројувајќи ги и 50-те нови работни места од руската инвестиција „Протек Груп“ во Скопје, 35-те на „Текнохозе“ и 250-те работни места на Ван Хоол во 2013 година.
„Ако се соберат сите и уште неколку поситни инвестиции значи уште во овој момент имаме како што реков 1.720 работи места кои што до крајот на годинава ќе се зголемат на 2.205 работни места. До крајот на 2013 во рамки на технолошко индустриските развојни зони ќе бидат отворени 6.000 работни места“, најави Ставрески.
Тој е убеден дека ќе има интерес од инвеститорите и во останатите технолошко индустриски развојни зони што се градат во други градови.
„Некаде концептот на градење од страна на државата дава подобри резултати во некои земји, во некои земји пак во повеќето би рекол технолошките зони им се предадени на приватни инвеститори кои што ја развиваат зоната и врз основа на контактите што ги имаат и врз основа на нивните можности заедно со државата ја пополнуваат зоната. Така што верувам дека ќе има добри вести во следниот период и за другите градови во РМ. За нас е позитивен тренд ова што почнува да се случува, а тоа е се повеќе фабрики да се отвораат и во внатрешноста на Македонија“, вели вицепремиерот.
Има најава, како што рече, и од странски инвеститор во југозападниот дел на државата кој што ќе отвори околу 500 работни места. Евидентно е дека има се повеќе инвестиции во помалите градови. Јас верувам дека и во Тетово, и во Кичево и во другите градови каде што имаме предвидено технолошко индустриски развојни зони ќе има нови вработувања, наведе Ставрески.
http://www.mkd.mk/79874/ekonomija/stavreski-najavi-6-000-rabotni-mesta-vo-industriskite-zoni79874/
Дај боже да биде и ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom