Начинот на живеење на новите генерации.

Член од
15 ноември 2018
Мислења
83
Поени од реакции
49
Здраво дечки не знам дали го погодив форумот но сакам ваше мислење за начинот на којшто живееме во 21 век.
Имам 3 главни прашања за кои би сакал ваше мислење:
1.Нездравата исхрана и лошиот начин на живот..јас сум релативно млад и би сакал да знам дали може да се спореди со порано или не
2.Технологијата и мобилните телефони и интернетот..Што мислите како делуваат врз помладите па и постарите.
3.Дрогата која ја има во огромни количини и пола од младите се дрогираат а 90% пушат

Според мене кога сите овие фактори ќе ги собереме мислам дека може да се каже дека на сегашните генерации животниот рок ќе им биде скратен за најмалце 10 години.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.856
Муабетиве се ко у утринска кај Роберт да ги поставил па му се јавуваат пензионери да кажат како било у нивно време поубаво. Иначе млади као млади, мора да се пројде низ тоа додека ти дојде памет, ако тргнеш по лош пат и наебеш јебига живот. У кратки црти истите работи и ние сме ги живееле што сме 92ра родени, па еве не сме заебани.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Здраво дечки не знам дали го погодив форумот но сакам ваше мислење за начинот на којшто живееме во 21 век.
Имам 3 главни прашања за кои би сакал ваше мислење:
1.Нездравата исхрана и лошиот начин на живот..јас сум релативно млад и би сакал да знам дали може да се спореди со порано или не
2.Технологијата и мобилните телефони и интернетот..Што мислите како делуваат врз помладите па и постарите.
3.Дрогата која ја има во огромни количини и пола од младите се дрогираат а 90% пушат

Според мене кога сите овие фактори ќе ги собереме мислам дека може да се каже дека на сегашните генерации животниот рок ќе им биде скратен за најмалце 10 години.
Јас сум 84та, немавме мобилни како деца, тек средно станаа мода и ретко кој имаше, следствено многу повеќе физички бевме активни од сегашниве тинејџери. Баскет, Фудбал скоро секој ден, точак исто по 20тина км 2-3 пати неделно.
Еднаш до двапати плешавме Кантер у Влае :) или PES.

Пушеа пола од друштво, а сите пиевме (некои сеуште) како стоки.

Тек сега последниве година две, почнуваат полека да се гледаат последиците ... сметката мора да се плати.

Ова шо викаш 10 години мислам дека е малце :) би рекол просек 20че ќе се скрати
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
3.Дрогата која ја има во огромни количини и пола од младите се дрогираат а 90% пушат
Како да нема дрога кога нормален човек во вакви услови кои ги има во државата не живее?
Како да нема дрога кога нема морал, етика, вредности, слободен ум, просперитет, пари и доктори?
Ние што сме научени на тешко, тераме некако, ама младите не можат да сконтаат како е можно тука да се живее и никој да не се дрогира?
Како да не се дрогираат кога гледаат како се функционира тука?

Исто и со цигарите. Од кого да видат, од кого да научат?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Доаѓа едно дете лани кај братучед ми на гости од Лондон е, дали имаше 18 год. Пренел преку граница LSD и нешто трева. Нема што не пробал од ДМТ до гомно од бафало....се тоа преку дарк нет.
Овде децава појма немаат што е тоа што го напишав во овие две три реченици.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Само не го владеат dark web, за другото не се баш неупатени...
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.964
Поени од реакции
17.764
Доаѓа едно дете лани кај братучед ми на гости од Лондон е, дали имаше 18 год. Пренел преку граница LSD и нешто трева. Нема што не пробал од ДМТ до гомно од бафало....се тоа преку дарк нет.
Овде децава појма немаат што е тоа што го напишав во овие две три реченици.
Не е баш дека овде децава појма немаат што е тоа,ама ти ја сфакам поентата и се согласувам со твојот став.

Многу се размислува негативно и се создава погрешна слика за денешните генерации кога се зборува за оваа тема.

Денеска голем дел од младите спортуваат и тренираат за разлика од пред 20 години.Тоа никој нема да го каже во јавност или да сака да го продискутира зошто е позитивна вест.

Најголемиот проблем општо кај денешната генерација а и не само кај нив туку и кај сите е лошата исхрана која сме приморани да ја конзумираме заради ебаниот начин на живот кои сите го живееме,а тоа е најстаршно за младите генерации кои од мали нозе се хранат со срање.

Друга работа која е навистина очигледна а се работи стрикно на оваа тема е страшната промена на однесување кај младите и тоа е најмногу потребно да се коментира.
Автоматски споено мислење:

Најголемиот проблем кај новите генерации ќе биде однесувањето,моралот и размислувањето.

Знам дека звучи малку клише и секоја генерација го вели истото за другата но јас сум убеден дека новите генерации се далеку поразлични од мојата на пример(99) која иако с3 разликува од онаа на мојот татко сепак не е топку голема разликата како што ќе биде помеѓу новите генерации и нашата.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Начинот на живеење на децата најмногу зависи од родителите. Еден куп знам што кога детето ќе почне нешто да прашува му увалува таблет со you tube...што повеќе од тоа...
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Само не го владеат само dark web, за другото не се баш неупатени...
Колку толку имам контакт со децава преку спорт, од 16 год. па нагоре преку фудбал и баскет највеќе. Не е толку страшно за разлика од развиениов свет кај што се стремиме да одиме. Уствари многу сме напред во поглед на свесно размислување во дадени ситуации.
Хормоните си го прават своето....вратете се назад во тие години, јас барем какви глупости сум правел знам. Ќе зборуваме за трева на пр. кога и јас имам користено како средношколец.
Тоа што трендот е да се оди накај пороци во негативна насока во светов е друга работа.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Кога бев млад, а тоа беше одамна, прошли век и нешто од овој сега, немаше вакви срања дроги, сиди, педери, наркомани и сл. глупости. Можда и имало, али се криева по подруми и им беше страм да излезат и јавно да се произнесат, на паради, рецимо.
Ние живеевме скромно, флипери, тв у боја, видеорекордери, охо лепак, и одвреме на време МТ или филтер југославија. Немаше интернет па имаше помалку курчење. Женските беа многу поприступачни, сеа цајкани на сите страни има. Храната беше супер, чкембе чорба, чичко стоилко, пача и три врсти сладоледи, црн, бел и оној измеѓу. А да, Скопје беше чисто, ѓубрето помалце смрдеше и прскаа со цистерни секое сабајле што некои го користева за џабе бањање посебно во летните горештини, кога беше многу топло, пошто беше жешко.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.964
Поени од реакции
17.764
Начинот на живеење на децата најмногу зависи од родителите. Еден куп знам што кога детето ќе почне нешто да прашува му увалува таблет со you tube...што повеќе од тоа...
За тие и генерации зборувам и да нормално дека родителите се виновни.
Покрај тоа имаат и многу лош пристап кон децата и кога децаат доааѓат на одредена возраст за кога треба да почнат да се делат совети они продолжуваат со истата тактика.

Пример од роднини,во една прилика дете од 7 годинни го крши таблетот и мајката вика зошто го скршила требала да пази,едвај собрала пари за таблетот итн,а јас нормално како гостин се обидов да ја смирам ситуацијата и и велам ајде де ништо страшно нема да и биде проблем без таблет на што ми одговара со не е така мора има таблет сите деца имаат па и она мора да има.
Тоа според мене е лоша практикување и децата од старт се учат на погрешни работи.

Денеска истото дете има 10 години и е страшно арогантно,не слуша никого и навредува се пред себе,затоа што не добило никакво внимание,ни совет кој најчесто се добива преку разговор.

Памтам на таа возраст пред 10 години сите деца од маало почнаа да купуваат ПЦ но само поради тоа што на 10 години од советите кои сум ги добивал до тогаш,никогаш не се осмелив да побарам сам туку знаев дека ако не оваа година сигурно кога ќе се во можност ќе купат.
Тогаш ги живеевме најтешките моменти кога работеше само тато и тоа работа која немаше постојани примања,а во исто време се штедеа пари за нова куќа.
На 10 години веќе бев свесен за тоа во каква ситуација сме,а исто така и многу други деца од таа генерација.
Денес децата на 15 сеуште ме се свесни дека немаат пари и се сиромшни а сето тоа е така само поради лошата глума на родителите и неискреноста кон нив.

Муабетот ми е за генерациите од 14 па надоле.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Колку толку имам контакт со децава преку спорт, од 16 год. па нагоре преку фудбал и баскет највеќе. Не е толку страшно за разлика од развиениов свет кај што се стремиме да одиме. Уствари многу сме напред во поглед на свесно размислување во дадени ситуации.
Хормоните си го прават своето....вратете се назад во тие години, јас барем какви глупости сум правел знам. Ќе зборуваме за трева на пр. кога и јас имам користено како средношколец.
Тоа што трендот е да се оди накај пороци во негативна насока во светов е друга работа.
Има прилично достапни клубови и факт е дека се популарни и тоа е многу убаво. Потрагични се помалите генерации. Возраст 1-3 одд е загрижувачки залепена за таблети и телефони. Само да ги посматраш мајките...се стресуваат на секој контакт со земја, одма драма и хистерија. Не играле џамлии, не се играле по трева? Многу ми има фолирање и глумење лудило.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Има прилично достапни клубови и факт е дека се популарни и тоа е многу убаво. Потрагични се помалите генерации. Возраст 1-3 одд е загрижувачки залепена за таблети и телефони. Само да ги посматраш мајките...се стресуваат на секој контакт со земја, одма драма и хистерија. Не играле џамлии, не се играле по трева? Многу ми има фолирање и глумење лудило.
Поентата што не ја приметуваат луѓето е таа што веќе стануваат киборзи. Интерфејсот е многу прост во моментов...телефон, ама кај и да е со појавата на посложени начини на комуникација на мозокот и умот со компјутер и вештачка интелигенција за некои 10 год. е неминовна. Веќе новите генерации имаат интеракција со AI која е во развој моментално. Проблем е што мајките се претерано глупи за да разберат што уствари се случува позади сцената. :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Кога бев млад, а тоа беше одамна, прошли век и нешто од овој сега, немаше вакви срања дроги, сиди, педери, наркомани и сл. глупости. Можда и имало, али се криева по подруми и им беше страм да излезат и јавно да се произнесат, на паради, рецимо.
Ние живеевме скромно, флипери, тв у боја, видеорекордери, охо лепак, и одвреме на време МТ или филтер југославија. Немаше интернет па имаше помалку курчење. Женските беа многу поприступачни, сеа цајкани на сите страни има. Храната беше супер, чкембе чорба, чичко стоилко, пача и три врсти сладоледи, црн, бел и оној измеѓу. А да, Скопје беше чисто, ѓубрето помалце смрдеше и прскаа со цистерни секое сабајле што некои го користева за џабе бањање посебно во летните горештини, кога беше многу топло, пошто беше жешко.
За дроги и наркомани мислам дека беше каде каде полошо, зборувам крајот на 90 ти почеток на 2000 ти, дали поради неинформираност, дали поради експанзија на клупска сцена во Скопје доста луѓе тогаш без проблем решаваа да експериментираат со различни супстанци. Доста од нив не се меѓу живите денес. Денес, иако огромен процент од населението се пушачи, мислам дека не може да се споредува со тој период, кога и генерално ноќниот живот и забавата беа на некакво ниво. Скопје имаше и помалку жители, не беше сјајно ни тогаш, но денес градот е буквално пред колапс.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.277
Поени од реакции
791
сето то продукту капитализма ,та не можи да се спречи освен да се забрани ,со влегвањето во деemokratijata sssr kaj nas devedesetite katastrofa alhohol cigiri droga ,adolescencijata na mladite namesto da se nasoci kon zdrava nasoke I nesti produktivno se unistuvaat zivotite za profit na nekoi firmi kriminalci i sl.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom