Сигурно нема да најдеш никаде работа доколку не си проактивен самиот. Искочи надвор, наместо да се снебиваш по улици помини низ дуќаните, трговските центри, и ќе видиш дека макар ке најдеш 5-6 дуќани кај што им е потребен работник. Купи огласник и јави се на нешто што те интересира, или уште подобро, на нешто што мислиш дека би можел да одговориш. Ако имаш 50-60кг сигурно нема ни да те земат за некаква си физичка работа.
Какви ти се интересите?
Сакаш музика? Прошетај по цд-шоповите, распрашај се. Денес има миљон радија по Македонија (не знам од кај си), и секогаш им се потребни кадри.
Сакаш филмови? Тргни по двд-теките, и понуди ги своите услуги.
Обожаваш коли? Авто-перални милијарда! Авто сервиси милијарда! Нема срам коа треба да се печали некој денар!
Мислиш дека може да те биде во "travel" бизнисот? Пробај по Туристичките агенции, секогаш им треба млади снаги за било каква работа. Не мора да значи работа на "терминал", но доколку те бива ке заработиш некој денар па ке си уплатиш IATA курс со тек на време.
Кажи му на татко ти дека имаш желба да работиш. Во комуникација со него ке дознаеш и за некој си негов близок пријател што да ти бил некој си менаџер или супервизор у Лукоил (пример давам), па ке се запослиш на некоја нова пумпа што ке отворат.
Имаш безброј комбинации, но повторувам дека со седење дома можеш само жуљеви на гз да добиеш, ништо поише!