Таканаречените прифаќања на Исламот од познатите луѓе се всушност поткупувања на истите, ама тоа е друга тема.
Инаку, после гледањето на клипов од Чорбаџија, јас би ви советувал Аристотел, Хипокрит и Гален (ил како и да е) да ги прогласите за пратеници Божји затоа што повеќето од чудата во Куранот овие луѓе ги напишале 200-500-1000 години пред Куранот. Како и да е, истите грешки кои тие ги имале тие-ги има и во Куранот, така да и тие не ја сфатиле пораката баш најубаво
Еве ти нешто...
Превод на дел од видеото:
„Куранот вели:
„Го создадовме човекот од капка комбинирана течност“ (од англискиот Куран, а од македонскиот вели мешавина на семе-сперма, исто ти е)
Ова звучи прилично слично со оној вид на течност на Хипокрит во кое говори за машките и женските репродуктивни „течности“.
Куранот исто вели:
„Човекот е создаден од вода што се исфрла, која излегува меѓу рбетот и градите“ (86,6)
Овој опис го рефлектира погледот на Хипокрит, застапен во петтиот век, во кој се вели дека семето доаѓа од сите течности во телото и проаѓа низ бубрезите до својот пат до пенисот. Ние денес знаеме дека доаѓа од тестисите.
Исто така треба да се забележи дека Куранот секаде го спомнува семето, а никаде женските јајници каде всушност се случува процесот на оплодување, што се очекува да биде во секој обичен опис доколку авторот знаел за тоа.
Куранот исто така вели:
„Потоа капката семе ние ја создадовме засирена крв: од засирената крв ние создадовме
грутка: од
грутката ние создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме: потоа создадовме сосем друго суштество.“ (23:14) (болдираните делови се разликуваат од Македонскиот Куран, ова е мој (правилен) превод од англиски, во Куранот на Македонски се вели месо наместо грутка, иако тоа се разликува од преводот на Англиски -
Lump е се освен месо (може само да значи скапано месо, тумор), а и нема логика да се создава месо одделно, коски одделно па да се обвиваат коските со месо).
Овој цитат ги следи 4те фази опишани од Гален, напишани 500 години пред Мухамед, и го вклучува неговото мислење дека коските се оформени пред месото (што е грешно).
Број 2:
Куранот опишува дека металот е пратен од небото, пред да се знае за метеорите кои содржат метал.
„И ние пративме долу метал кој има огромна сила и корист за луѓето“ (и овој дел се разликува од македонскиот, во кој се вели „го создадовме железото“ наместо sent down - пративме/испративме долу...испаѓа дека македонскиот е подобар превод од англискиот??? Но ги нема „чудата“? )
Повторно, ова тврдење е лажно. Било општо познато дека метеорите кои содржат метал паѓаат од вселената. Анткички Египетскиот збор за метал бил „метал од небото“ - „ba-en-pet", а и Вавилонците имале сличен збор. Всушност, дури и подалечните (или поназадни, не можам да го разберам дијалектот овде) култури, како Тибет и Абориџините од Австралија биле целосно свесни дека метеорите кои паѓаат на земјата содржат метал. Всушност, сите елементи на земјата дошле од вселената. Со издвојувањето на металот, Куранот го покажува своето незнаење во врска со овој факт.
Број 3.
Куранот ја опишува светлината на месечината како рефлектирана светлина, многу пред да се дознае за тоа.
„Меѓу нив месечината он ја одреди да биде светлина, а сонцето да биде светилка“. (71:16)
„...на небесата создаде соѕвездие во кое светилка постави и Месечина осветлена“. (25:61)
Тврдењето е дека зборовите (3:31 до 3:33 минута од видеото, арапски се) значат рефлектирана светлина е едноставно грешно. Првиот збор значи светлина и многу пати се однесува на Бог и очигледно не може да значи рефлектирана светлина, a вториот збор значи „простирање светлина“ и на пример во строфата 46 од Ел-Ахзаб (33:46) ова станува многу јасно каде што истиот збор е преведен како „...светилка што ја
простира светлината“. Но дури и да го прифатиме ова мислење како што тие го тумачат, веќе се знаело дека светлината од месечината е рефлектирана светлина и 1000 години пред Мухамед, Аристотел го опишал затемнувањето на месечината со што тоа станува јасно.
Број 4.
Куранот спомнува дека благите и солените води не се мешаат уште пред да се знае за тоа.
„И он е оној кој одвои две тела на течна вода: едната питка и слатка другата солена и горчлива. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“ (25:53) (повторно разлика од македонскиот превод-една со друга везе немаат)
Повторно, постојат други значења на оригиналните арапски зборови, но дури и да ги прифатиме како што тврдат, веќе тоа било познато. 1000 години пред Мухамед, Аристотел напишал: „Пивката, слатка вода, е лесна и останува горе, додека солената вода е тешка и останува долу.“
Толку од мене...а другите се уште поинтересни, ама ми се приспа
А инаку, ако нешто сум утнал - слободно поправете ме... набрзинка си преведов, само идејата гледав да ја запазам...