дефинитивно е страшно ова на видеава, нема муабет . . .
но со бомбардирање сигурно нема да го сменат начинот на живеење. . . впрочем нема ни да знаат зашто ги бомбардирате
...
Едукација, . . . знам, знам . . .дека се затворен систем и сл, ама има луѓе кои знаат ненасилни методи за решавање на вакви тешки прашања, јесте не се 100% ефикасни . . .
* Прашање до тебе, колку од муслиманите во Македонија се вакви!?
Ај бидејќи се вклучуваш покасно, само на кратко да те упатам во мојот став.
Истиот оној за кој сум обвинет дека сум исламофоб.
Мене на крај памет не ми паѓа да фрлам бомби врз муслимани и врз било кои други
категории на луѓе. Мојот став е дека, сите радикали треба да се изолираат, за да
престанат да ги трујат луѓето. Е сега тоа што цели кралства во Арабија се радикални,
тоа е многу поголем проблем. Што сакаш повеќе од држава во која промена на религија
се казнува со смрт. Овие морониве со кои се карам јас тука на форумов и на темава
го оправдуваат тоа. Демек, они не се за убивање на христијани, ама дезертери не се важат.
Понатака, ако прочепкаш малку повеќе на форумов, ќе видиш колку од овие „загрижени“ луѓе
се радуваат и ги оправдуваат илјадниците терористички акции во кои умираат недолжни цивили.
Јас прв пат тука бев „нападнат“ кога го осудив убиството на невини деца во Ингушетија.
Одма скокнаа „загрижените“ и почнаа да го оправдуваат. Демек Русите се криви, бла бла.
Ако се мажи тие што се борат, ќе удрат по војската и по полицијата. За мене тој што носи
униформа, не е невина жртва. Сакам да кажам, единствена легитимна цел на терористите,
можат само да бидат, безбедносните структури. Секој што ќе се разнесе во автобус, воз, некој
верски објект итн итн, за мене е само обична подла кукавица што во себе нема ништо човечко.
Затоа верувам дека, кога ќе го изгубиш човечкото во себе, не ни треба да бидеш третиран,
како човек туку како ѕвер. Е за ѕверовите е напалмот.
Е заради овој став, јас сум исламофоб.
Иако на милон места имам спомнато дека се молам да нема насилство и дека нема ништо
поглупаво од етничко и религиозно насилство, тоа се игнорира. Важно е само дека сакам
да се одбранам од оние што сакаат да го сменат мојот начин на живеење, а за начинот на
одбрана, нема да бирам средства.
Имам приметено дека ги боли, радикалите што ме читаат тука, дека им ја плексам вистината
во лице. Пример: Јас го осудувам Израел за невините жртви во Газа, ама кога ставив видео
со борец на Хамас, како користи дете како жив штит, за да може да пука на израелската војска
одма ми се пуштија, како сум бил произраелски настроен. Овој радикалов, што почнав да го
игнорирам, прв пат се залета, како требало ние Македонците да повлечеме паралела, помеѓу
Македонија и Израел.
Го прашав, на какви паралели мисли и немаше што да одговори
и го прескокна прашањето. Затоа го боцкам цело време. Бидејќи е лицемер, се прави паметен
и не сака отворено да дискутира. Па уште најде храброст да ми се заканува демек ги евидентирал
моите постови.
За к*р ќе ми се фати. Јас сум против примитивизмот, ама штета што мора
некогаш да се спуштиш на толку примитивно ниво за да преживееш.
И на крај да ти одговорам на прашањето.
Вакви муслимани, како овие на видеава во Македонија, има многу малку.
И тие што личат на нив не ги тепаат жените, туку пуштаат брада, само за
да земат некоја финансиска помош.
Лошо е што тие малубројните, се многу агресивни и го плашат мнозинството.
А мнозинството од некоја непозната причина, не сака да ги изолира и да се дистанцира
од нив. Знам дека не се сите исти. Му кажав на смотаниов дека имам роднини муслимани.
Еј имам роднини... а идиотот ме вика исламофоб.