Наредните Светски Првенства во фудбал ќе бидат здодевни

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Текстот е од мојот блог, а се однесува на нешто прочитано во утрешен (т.е. веќе денешен) Дневник:)

Читам спорт во весников и не можам да верувам што гледам. Претседателот на FIFA, Сеп Блатер се осмелил да ја каже најголемата глупост во последниве 1000 години. Цитирам: "Ќе работиме чекор по чекор на оваа измена. Евидентно е дека мораме да го смениме бројот на претставниците од континентите. Европа во минатото, а и сега, е еден од привилегираните континенти и главен фаворит затоа што има најмногу претставници - 13. На наредното СП 2010 година, Африка прв пат ќе има шест претставници, само затоа што завршницата ќе биде на тој континент". Алоооооооо, дај некој нека го ликвидира чоеков додека не направи некоја глупост. Господинот Сеп Блатер нека кликне тука. Не објавуваат тие од FIFA ранг листи секој месец за џабе. На едно Светско Првенство во фудбал настапуваат 32 репрезентации. Во првите 32 репрезентации во моментов има 20 репрезентации од ЕВРОПА. Кој е сега привилегиран??? Блатер чукни си ја тиквата од ѕидот, мислиш дека подобро би било Тајван или Индија да настапат на СП, а Германија, Италија, Шпанија, Холандија, па и Македонија да гледаат СП на Телевизија, додека некои шкљ репрезентации настапуваат на СП. И да, ќе кажам дека во FIFA требаат промени, почнувајќи од претседателот, кој дефинитивно не го бидува. Со чоек кој сака да го уништи квалитетот и возбудата што ја дава едно СП нема напред.


Сеп Блатер - глуп Швајцарец или луд старец?!

И уште нешто. Најверојатно на овој начин сака да си купи гласови за наредниот пат кога ќе се избира претседател на FIFA. Ууууууууууу, глупаку!!!
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Не е нормален ејјјј:tapp::tapp::tapp:
Шо мисле овој волот да постигне со ова?:nesvest:
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Блатер може колку сака да работи на овој план чекор по чекор, него ионака му се ближи крајот, нема да го оствари. а плус, неможе тој сам да носи одлуки, УЕФА никогаш нема да се сложи да настапува со помалце од 13 репрезентации. колку е моќен Блатер се виде кога на КОМНЕБОЛ им го зеде единственото место кое го имаа во баражот и и го додели на ОФЦ. и што се случи после? им го врати местото оти кренаа бура, за едно место кое не води на Светско, туку во бараж!! замислете УЕФА што ќе направи!!
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
19
истата финта како платини за собирање на гласови од малите земји, затоа треба оние со поголем рејтинг да имаат повеќе гласови, па потоа играј зголеми го рејтингот со игра а не со вештачко бутање на ЕП или СП
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Како почна да ги реди Блатер глупост по глупост...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Сега ќе направам една споредба, според ранг-листата на FIFA во првите шеесет:
Европа има 33 репрезентации
Африка има 11 репрезентации
Средна и Северна Америка 3 репрезентации
Јужна Америка има 7 репрезентации
Азија има 5 + 1(Австралија) репрезентации
Пропорционално на Европа и следуваат 17 места, на Африка 6, Средна и Северна Америка 2, Јужна Америка 4, Азија и Океанија 3 места.


Во првите триесет и две е уште поинтересно
Европа има 20 репрезентации
Африка има 5 репрезентации
Средна и Северна Америка имаат само 2 репрезентации
Јужна Америка има 5 репрезентации
Азија и Океанија немаат ниту една репрезентација.
Не знам Блатер како оцени дека Европа е привилегирана, ранг листиве не ги прават за џабе.
Факт е дека доколку Блатер и тие околу него постапат вака како што тој има изјавено ќе го уништат СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, и на него ќе настапуваат не второкласни, туку репрезентации од четврта, петта класа и надоле...
 
F

fantomX

Гостин
истата финта како платини за собирање на гласови од малите земји, затоа треба оние со поголем рејтинг да имаат повеќе гласови, па потоа играј зголеми го рејтингот со игра а не со вештачко бутање на ЕП или СП
Така е. Од „реформите“ на Платини аир видоа Романија, Украина... Друг? Исто прај и овај.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Не му е арно на Блатер како старее така будалее неможам сам да го донесе ова за тоа ке му треба подршка со гласање
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Не му е арно на Блатер како старее така будалее неможам сам да го донесе ова за тоа ке му треба подршка со гласање
:tapp::tapp::tapp:
Па ако го стават на гласање сигурно добиваат. FIFA брои 200 членки, од кои само 53 се од Европа. Ако се случи тоа, никогаш нема да заиграме на СП. Се разбира само на ова во Јужноафриканската Република :)
 
А

Ајсшутер

Гостин
:tapp::tapp::tapp:
Па ако го стават на гласање сигурно добиваат. FIFA брои 200 членки, од кои само 53 се од Европа. Ако се случи тоа, никогаш нема да заиграме на СП. Се разбира само на ова во Јужноафриканската Република :)
Нема сите да гласаат така и од нивните држави + ке скине конци стариов за 2-3 години ако продолжи да јаде гомна.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Нема сите да гласаат така и од нивните држави + ке скине конци стариов за 2-3 години ако продолжи да јаде гомна.
Мислиш на Бразил и Аргентина им одговара од Европа да има толку земји. Тие од Азија, Африка, Северна и Средна Америка 1000% сите ќе гласаат за овој предлог затоа што ќе добијат многу (а богами и многу членки се). А ние од Европа ќе си останиме со прстот в уста.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Се надевам ќе го сменат наскоро. Премногу грешки прави човеков. Треба да биде квалитетно првенството. Наместо да напредува, светскиот фудбал ќе се уназади. Кои репрезентации се послаби, повторно ќе бидат послаби. Не верувам дека на пример репрезентацијата на Индија би била многу подобра ако играат на светско првенство.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Ovoj e glup ivi smotan be..............jas mislam SSSSSSSSMMMMMOOOOTTTTTAAAAAANNNNN:uvo::uvo::uvo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom