Намалени давачките за регистрација на земјоделците

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Со новата одлука на владата наместо досегашните 6000 денари за осигурување на земјоделците ќе се плаќаат само 1600 месечно.

извор тв Сител.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Иј маме му...не гледав вести.
Па стариот мој пред скоро време се регистрираше.Одлично!:aplauz::party3:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
За какво осигурување станува збор?
Осигурување на посеви, или социјално и здравствено?
Или пак можеби станува збор за регистрација на поединецот како земјоделец?
Поопширно ќе може ли?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
За регистрација како земјоделец.... подоцна - после дневникот повеќе :)
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
7
За пензиско и инвалидско осигурување.Беше 100 евра сега ќе биде 1600 денари месечно.А за здравсвено незнам.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Па...би требало да се намали бројот на невработени.
Земјоделците се сметаа за невработени, а остваруваа приход.
Можеби не богзнае колкав, но тоа не е невработеност во ниеден случај.
Поминаа времињата „до 3 на работа, после на нива“
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Па...би требало да се намали бројот на невработени.
Земјоделците се сметаа за невработени, а остваруваа приход.
Можеби не богзнае колкав, но тоа не е невработеност во ниеден случај.
Поминаа времињата „до 3 на работа, после на нива“
Токму така.Треба конечно да се свати.
Татко ми беше во администрација,го избркаа пред некоја година.(дипл. правник)Таа малку земја што ја имавме ја зголеми за 4-5 пати и сега се регистрира како земјоделец.
Па ако се погоди годината треба да падне нешто.:wink:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Токму така.Треба конечно да се свати.
Татко ми беше во администрација,го избркаа пред некоја година.(дипл. правник)Таа малку земја што ја имавме ја зголеми за 4-5 пати и сега се регистрира како земјоделец.
Па ако се погоди годината треба да падне нешто.:wink:
Интерсно е тоа што само административците,поранешни или сегашни ја зголемуваат земјата,додека земјоделците оние вистинските останаа со "куси ракави".Да се надеваме дека оваа влада ќе успее да ја "амортизира" и oваа неправда,како што направи одличен потег со намалувањето на давачките за земјоделска дејност иако лично мислам дека малку ја претера во тоа,реално би било по 3000 денари на сите вработени во сите производствени гранки како што сугерирам одамна,ама кој да слуша.:)
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
За тоа што збориш можеби и си во право,меѓутоа татко ми како административец немаше да можи да ме истудира мене,а сестра ми сега да ја прати на студии без земјоделие.Јеби га,не се сите бизнисмени....
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Едно време, во комунизмот (самоуправниот социјализам, де!) змјоделството не се сфаќаше како извор на егзистенција, туку како додатен (и тоа каков!) додатен приход.
Сите мигрираа од село во град, се градеа трудово-интензивни фабрики (текстилни и сл.) кои пропаднаа, па така немаме ништо...ни индустрија (се знаеше каде се градеше) ни асолно земјоделие.
И земјоделството е занимање и бизнис. Мислам дека дури сега почнува да се сфаќа тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom