Дарко Рибарот
Пуштен пуштен,а фактички го кријат..
- Член од
- 15 мај 2012
- Мислења
- 134
- Поени од реакции
- 46
Во време на материјалното, наградите се добар поттик за потчинување и покорување. Во комбинација со добра пропаганда, количината на наградите се намалува, а пропорционално расте нивната вредност. Па нели секој труд има своја вредност.Прашањето ми е зашто добиваме награди за се и сешто? Пример порано нашите мајки татковци,дедовци добивале награди ретко и ги добивале во посебна прилика за разлика од денес каде награда од родителите можеш да добиеш за било што,за добиена 5-ка ,за завршување на годината одличен,за положување на испит,за исчистена година,за матура, полуматура за сешто буквално се чека на било каков мал повод.Не зборам за награди(подароци) ситни туку за оние како кола,стан, акции,патувања( одмор од завршената година на факултет) што не прави тоа нас,неспособни? Зар нашите мора да не мотивираат за да мрднеме од мртва точка?Што кажува тоа за нас? ...Пред некоја недела гледав емисија каде баш збореа за наградиве (странска емисија) каде дете завршува факултет и водителот го прашува таткото Што му купивте по овој повод,Тактково вика ништо тоа му е обврска .Баш ме зачуди таа изјава, кај нас ќе има прослава 3 дена за тој повод.. Потоа еден говореше за најскапиот поклон што го добил од таткому и вика дека тоа било саат.Кај нас саат за поклон е како да не си добил ништонели? Во кој правец одиме ние со добивање на такви награди? Мислите ли дека е добро тоа за нас или не? Што ќе се случи ако некогаш во животот завршиме добра работа а не добиеме награда?
Почни да размислуваш на наградата и на друг начин, немора секогаш да биде материјална.