Награда за сребрен медал во Европската лига - ВИВА сокови

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
When you thought that кретенизмот и игноранцијата го достигнаа плафонот, you thought wrong, because, check out what's new in the new episode of „Македонецот со своја плунка по своја глава“!
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓоко Јосифов повторно го истакна разочарувањето од третманот што го има националната селекција. Одбојкарите денеска беа примени во Агенцијата за млади и спорт, но без конкретна награда за големиот успех и второто место во Европската лига.

На денешниот прием во Агенцијата за млади и спор за најголемиот тимски успех во Македонија и сребрените медали, добивме награда ВИВА сокови!!! Срамота невидена“ – напиша Јосифов на својот фејсбук-профил.
josifov-print.jpg
И додека на селскиот турнир во мал фудбал во Ново Село победниците имаат загарантирана награда од 2,000 евра, нашите одбојкари кои што го освоија сребрениот медал во Европската лига добиле од АМС пакетче ВИВА сокови. Алал вера мајстори од АМС.
Предлог до одбојкарите да се префрлат на мал фудбал.

#Nмаразлика!
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Па сега, они играат за национална гордост и национален успех или за награда? Нека се одлучат првин.
 
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
When you thought that кретенизмот и игноранцијата го достигнаа плафонот, you thought wrong, because, check out what's new in the new episode of „Македонецот со своја плунка по своја глава“!

И додека на селскиот турнир во мал фудбал во Ново Село победниците имаат загарантирана награда од 2,000 евра, нашите одбојкари кои што го освоија сребрениот медал во Европската лига добиле од АМС пакетче ВИВА сокови. Алал вера мајстори од АМС.
Предлог до одбојкарите да се префрлат на мал фудбал.

#Nмаразлика!
Ова не е ништо ново. Одбојкарите во Македонија никогаш ама баш НИКОГАШ немаат добиена никаква награда за ниту еден успех.
Се' додека спортистиве веруваат дека некогаш на државава ќе и текне да ги цени нивните успеси, ќе бидат стрижени.
Кутра и проклета си Македонијо...
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
без дискриминација. ако може ракометарите за 10то место да добијат 30.000 евра, ордени и којзнае што се друго, сигурно и одбојкарите заслужуваат нешто за освоениот сребрен медал.
треба ист третмант за сите спортисти.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Хахаххахахаххахахаххахаххахахах!
МА
КЕ
ДО-НИ-ЈА!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Па сега, они играат за национална гордост и национален успех или за награда? Нека се одлучат првин.
Дај бе не ги тролај националистиве на ворум.

Ќути имало и полошо - иноспектар.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
без дискриминација. ако може ракометарите за 10то место да добијат 30.000 евра, ордени и којзнае што се друго, сигурно и одбојкарите заслужуваат нешто за освоениот сребрен медал.
треба ист третмант за сите спортисти.
Ај вака, ракометарите беа десетти во светот, одбојкарите со овај успех се класифицирани некаде на 32 место во светот, бидејќи 30 репрезентации учествуваат во светската лига.
Не дека нешто зборам против одбојкарите, секоја чест за нив, ги гледав, навивав и се нервирав за нив меѓутоа да бидеме реални се работи и за не многу платен спорт и во светски рамки а и репрезентациите кои Македонија ги победи се горе долу од "егзотичен" карактер во овој спорт, Данска, Австрија..
Не велам да не се наградат некако децата, меѓутоа да се прави разлика малку.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кај нас на Балканот така идат тие работи. Сличен пример е она кога Марија Шерифовиќ имаше напишано на нејзиниот Твитер дека кога победила на Евровизија од својата држава добила награда бомбоњера, а Кончита за победата од својата држава добила два ипол милиони евра.

1.jpg


Иначе за второто место што го освоиле срамота е да добијат и по 1000 евра, а не па пакет Вива сокови. Да беа во странство сега одбојкарскиот тим ќе беше награден со десетици илјади евра, ако не и повеќе.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
само во популарните спортови вреди да се инвестира и да се наградуваат? они „непопуларните“ сами нека се снаоѓаат. нема политички поени таму.
а поарно ништо да не им даделе отколку сокчиња.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Според мене мислам дека ниту еден репрезентативец не треба да добива парични награди за постигнатите успеси. Секој игра за репрезентација и ја претставува државата ако сака.
Од страна на државата они треба да добијат услови за тренирање и третман како и секој друг спортист од друга држава. Кога они тоа ке им го обезбедат мислам дека секој спортист со задоволство би ја претставувал државата. Срамно е што нашиве минат низ секакви бедотии и пак постигнуваат нешто. Стварно заслужуваат секаква почит. Не само одбојкарите, туку и сите останати спортисти кои ја дале душата за Македонија.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Ај вака, ракометарите беа десетти во светот, одбојкарите со овај успех се класифицирани некаде на 32 место во светот, бидејќи 30 репрезентации учествуваат во светската лига.
Не дека нешто зборам против одбојкарите, секоја чест за нив, ги гледав, навивав и се нервирав за нив меѓутоа да бидеме реални се работи и за не многу платен спорт и во светски рамки а и репрезентациите кои Македонија ги победи се горе долу од "егзотичен" карактер во овој спорт, Данска, Австрија..
Не велам да не се наградат некако децата, меѓутоа да се прави разлика малку.
Aма па само сокче за тоа што цело лето наместо да се одмараат од клубските обврски, тие ете решиле да играат за репрезентацијата и да ги бранат боите на државата и колку толку да не се избрукаат? Па на крај краева второ место во четврто по ранг натпреварување и не е така мала работа за спорт во кој многу ретко се вложува кај нас, и имаме само 6 клубови кои играат во мизерни услови..

За разлика од некои спортови што се на прво место кај нас, а на натпревари губиме од земји како што се Луксембург, Р. Ирска и тн..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom