(НЕХУМАНА АKЦИЈА): За донирани 100 денари, 21 денар стигнуваат до посочениот краен корисник

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Утрово низ град ме запре една девојка која што се представи како волонтер на здружение на заштита на децата без семејна грижа со тешка ментална попреченост од Гостивар и ми понуди да донирам односно купам честитка од 100 ден и да помогнам на 15те питомци кои се згрижени во домот. Јас во принцип ги избегнувам уличните апели за помош, но девојката изгледаше прилично убедлива според начинот на држење и орацијата, секако сумата не е баш нешто голема и донирав 100 ден.
Еве сега ми се мота честиткава на маса и реков да го проверам сајтот, но кога ќе појдам на нивната веб адреса ficemacedonia.org.mk пребарувачот ме информира дека има вирус, адресата на оваа организација според честиткава е Бул. Кочо Рацин бр. 26-1 со седиште во Скопје.
Ме интерсира дали се работи за вистинска организација која има цел да помогне или пак се работи за скамери кои немаат ниту грам доблест за да заработат.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
И мене вчера ме начека една,ама ја одбегнав,зашто ако сум решил да дадам пари,ќе отидам до тоа место дирекно и таму ќе ги дадам,не преку вакви глупости
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
.....мислам дека е во ред....дел од средствата се за хуманитарна намена, а дел за покривање на печатениот матријал и плата за девојките

А МОЖЕБИ И ГРЕШАМ
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
.....мислам дека е во ред....дел од средствата се за хуманитарна намена, а дел за покривање на печатениот матријал и плата за девојките

А МОЖЕБИ И ГРЕШАМ
Грешиш,преваранти се.
 
М

Мартин`

Гостин
Исти вакви имаше и во Белград лани пролетта ме сретнаа, ми рекоа нешто дека поголемиот дел од парите одел за деца без родители а за возврат ми дадоа некаква боенка за 1 евро. Незнам дали е превара или не али ништо чудно, на секаков начин пробуваат да заработат пари некои.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Во дуќанот повеќе пати ми имаат доаѓано. На неколку пати им давав пари, ама многу досадни станаа и се почесто и почесто почнаа да доаѓаат па се потоа им викав дека работа се нема, пари јок, муштерии јок и им дрндав околу општествените и социјални проблеми по пола саат. Ги нема веќе да се појават
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ме интерсира дали се работи за вистинска организација која има цел да помогне или пак се работи за скамери кои немаат ниту грам доблест за да заработат.
Побарај им жиро сметка на организацијата.... и ќе знаеш...:D
 
P

Princ

Гостин
Низ Градскиот трговски центар вчера млади волонтерки на минувачите им нуделе честитки по цена од 100 денари како помош за децата со тешка интелектуална и телесна попреченост од Битола. Нудејќи ги честитките, на хуманите граѓани не им објасниле дека всушност само 21 денар од платените 100 одат за децата.

Трогнати од приказните за овие деца, група средношколки решиле наместо џепарлакот да го потрошат во кафуле, да им го дадат на волонтерките. Но една од мајките на девојчињата се посомневала откако прочитала на опачината на честитката дека само 21 денар одат во Здружението за заштита на децата без семејна заштита ФИЦЕ-Македонија, која соработува со Центарот за социјална работа во Битола.

Извор и целиот текст

Ова е само уште еден доказ колку е очајно општествово за пари и повеќе нема ни трошка срам за начинот на кој ќе дојде до нив. Срамота.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259

Трагично, навистина трагично.
Секогаш сум сакал да се воведе закон каде што ќе се гледа точно колку пари одат за целта (минус организација, такви работи...). Нешто слично како што има закони во некои земји за покажување на правата (со се трошоци) каматна стапка.

Исто така трагичен е фактот дека ваквата појава ја соодвестуваш со (според тебе) „очајното општество“ во Македонија. Ваквата појава е навистина трн во човековото размислување, морални вредности и цивилизациски подвиг. Но овој трн, не е само во Македонското општество. Неправедно е да имплицираш ваква деградација на човештвото како одраз на самата состојба во Македонија. Ваквите појави ги има секаде! Буквално во секој ќош на земјината топка постојат вакви измами и нечесни „хуманитарни“ акции. Независно од БДП-то на земјата, куповната моќ на луѓето или пак нивниот соцјален статус. Единствено може да се каже дека човештвото веќе е заблудно за пари. Не гледа колку има/нема, гледа само на полесен начин да спечали се повеќе, независно од методите кои се користат, моралната тежина која ја носат и последиците што остануваат.

Ако пак си го мислел тоа што јас го наведов погоре и сум те сфатил погрешно, тогаш извини. Сакав само да разјаснам дека ваквата појава е широка (во светски рамки), да не си помисли некој дека се случува само поради состојбата во нашата земја. Ова пак само за себе не треба да е изговор, зошто вакви работи се случуваат во Македонија. Не значи дека ако е присутно ова зло низ цел свет, не е толку лошо што го имаме во Македонија.

Ваквите акции треба да се искоренат, а во најблаг случај да се обелоденат и да не се злоупотребува хуманоста на народот.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
машала.......тешко на оној кој му е потребна вистинска помош,заради вакви превари луѓето не сакаат и не донираат на апелите на помош кои секој ден се Се побројни

за вакви превари треба апс,малку таму да им дојде умот,пошто немаат грам ни срце ни совест во нив
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.604
Поени од реакции
8.656
Затоа, наместо да плаќате на било кого, па и овие што се телефоните за донирање одбиваат ДДВ (не ме заебавај, ДДВ на хуманитарна акција :facepalm:) подобро дирекно уплатете ги парите на сметката на корисникот. Со сигурност на право место ќе завршат така, цел износ.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.935
Поени од реакции
1.478
Низ Градскиот трговски центар вчера млади волонтерки на минувачите им нуделе честитки по цена од 100 денари како помош за децата со тешка интелектуална и телесна попреченост од Битола. Нудејќи ги честитките, на хуманите граѓани не им објасниле дека всушност само 21 денар од платените 100 одат за децата.

Трогнати од приказните за овие деца, група средношколки решиле наместо џепарлакот да го потрошат во кафуле, да им го дадат на волонтерките. Но една од мајките на девојчињата се посомневала откако прочитала на опачината на честитката дека само 21 денар одат во Здружението за заштита на децата без семејна заштита ФИЦЕ-Македонија, која соработува со Центарот за социјална работа во Битола.

Извор и целиот текст

Ова е само уште еден доказ колку е очајно општествово за пари и повеќе нема ни трошка срам за начинот на кој ќе дојде до нив. Срамота.
Срамота 79% да земаат за себе, тоа е измама.
Такви „добротвори“ со катран и пердуви на плоштад.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
подобро дирекно уплатете ги парите на сметката на корисникот.
Исто ти се фаќа, кога уплаќаш 100 денари во банка тогаш банката ќе ти земе 20-30 денари провизија. Така да од 130 дадени, кај корисникот стигаат 100 денари.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
" Народот со векови послушно си ја донира својата крв и пот на владите, црквите, аптекарите, квази добротворните невладини организации и производителите на непотребни глупости."

Најстроги казни за оние кои се поигруваат со човековата доверба и хуманост. Во време кога одвај сврзуваме крај со крај, ова само ќе ја влоши ситуацијата во врска со донирањето и кај така скептичниот македонски народ. Тој што се обидува да заработи на туѓата несреќа, за мене нема ништо човечно во него.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Овие минат по канцеларии во месецот два пати. Ми се слоши од веста. Од каде дел од парите ми одат за џаболебарска администрација, па почнаа и со хуманитарни акции да ме крадат. Леандро иди уби се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom