Ретко кој не доживеал неуспех. Неуспехот може да се доживее во секоја област на животот. Неуспех на школо, неуспех во професијата, неуспех во љубовта....
Сум сретнал луѓе кој „ заглавиле “ на факултет и упорно се обидуваат да положат некој предмет полагајќи го Х пати. Сум среќавал несреќно вљубени кои со години безуспешно се обидуваат да ја стекнат наклоноста на саканата особа. Сум среќавал луѓе кој безуспешно отвараат дуќан ... и не им оди а тие упорно остануваат во таквиот „ бизнис “. Сум среќавал луѓе кои се обидуваат да направат некакви технички иновации, а со години немаат успех.
Зошто доживуваме неуспеси? Зошто сме упорни кога гледаме дека „ не ни оди “ ? Дали е добро што сме упорни? Повелете изнесете Ваше мислење и искуство
Како увод ќе изнесам пример на неуспех од Втората Светска Војна.
На почетокот на Војната за Британија беше стратешки важно да го задржи Сингапур. Сингапур го бранеле 85 илјади британски војници а го напаѓале 36 илјади јапонски војници.
Битката се водела од 31 јануари до 15 феверуари 1942 и завршила со целосен пораз Британија
Ако се погледаат искуствата на Британците, Русите, Американците на почетокот на Војната ќе се види дека постојано губеле дури кога биле и посилни
Но имало и „ пресвртница “
Русите победиле кај Сталинград, а Британците кај Ел Аламејн. По тие „ пресвртници “; Германците, Јапонците ... повеќе никогаш не победиле во ниту една битка
Но за поединечи искуства не мора да значи дека е добро да бидеме упорни кога сме неуспешни
Ако доживееме личен неуспех, дали е добро да и понатаму бидеме упорни?
На пример, ако се бориме за срцето на некоја сакана особа и немаме успех, дали треба и понатаму да се бориме или треба да си ја побараме среќата кај „ нова љубов “
Ако не можеме две години да положиме анатомија на медицински факултет, дали треба да продложиме да полагаме или е време да го смениме факултетот
Ако повеќе години имаме дуќан кој слабо работи, дали е време да се одкажеме од бизнисот и да започнеме нешто ново или треба да бидеме упорни?
Какви се Вашите мислења? Какви се Вашите искуства? Што предлагате што е најдобро да се направи во ситуација кога доживуваме неуспех?