НБА сезона 2021/22

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    75

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.823
Го размонтира Тејтум на КД, човекот уште при себе не е дојден па и трејд побарал :pos:
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.765
Поени од реакции
11.755
Точно после метлата очекував ваков потег на КД, иако е веројатно еден од најталентираните кошаркари евер едноставно не може да се сноси со толкав притисок како што се очекува од него, поготово во раштиман оркестар како што е Бруклин.

“Steph Curry is the face of the franchise, and that helps me out, because I don’t have to,” he said.
“I don’t want to have to be the leader. I’m not a leader. I’m bad at saying, ‘Stand behind me and follow me.’
“No. I’m one of those guys that’s just like, ‘Let’s do this shit together. Let’s just work everybody together. I don’t mind being on the front line with you, but let’s come and do it together.’

После интервјуво додека беше член на Голден реално ептен ме зачуди неговата одлука да оди во Бруклин па уште со Кајри кој е психијатриски случај.

Интересно ќе биде да се види каде ќе заврши летово, дека ќе освои титула као лидер у екипа не верувам, ама ајде ќе видиме.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.983
Не направија ништо со Антонио Дејвис и сега пак прават иста работа со Зајон...
Ако оваа сезона Зајон не покаже дека е ѕверот што сите очекуваа од него да стане тогаш поарно уште сеа нека потпише у Кина.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.844
Поени од реакции
17.533
Тропате глупости, не можеше сам КД оваа серија. Од Бостон нормално дека го сопреа кога се менуваа чуварите на него и беше удвојуван. А дека е сам крив и тоа како. Сакаше прво со Ирвинг, па после и Харден, ама виде дека првиот стана тешка будала и дека пола и повеќе утакмици не играше плус често беше повреден, а вториов не го коментирам затоа што е najjakiot igra4 и сега ке бара чаре во друг тим. Што кажа прокресњатор попрво би го менувал КД за АД, ама тоа не е возможно никако.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.844
Поени од реакции
17.533
Mислам дека Гобер ке им послужи за некаков трејд.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.915
Поени од реакции
23.336


3 незаштитени, еден топ 5 заштитен, и играчот што годинава го драфтуеја у прва рунда.
Тоа му доаѓа 5 пика од прва рунда плус играчи за Руди Гобер, а го имаш КАТ у екипа :pos: :pos:


Бруклин сеа од екипеве што са заинтересирани за Дурант треба да бара 10 пика од прва рунда, арената, ќерката на газдата и 6 чирлидерке
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.823
Брогдон, Галинари у Бостон и тоа буквално за ништо.. ќе биде ватрено во истокот
Брогдон - Смарт - Браун - Тејтум - Хорфорд прва петорка што ВЕТУВА.
иако може и Брогдон - Браун - Тејтум - Хорфорд - Вилијамс и Смарт ко 6ти човек.
Мене многу ми се допаднаа овие два потези, со Гало ќе се добие искуство и бар 10+ поени секој меч од клупа, а и се уклапаат во политиката на Бостон.. дефанзивно се добри(добро сеа Гало е постар), ама Брогдон е апсолутно плеј што одговара, дефанзивно а и офанзивно.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.485
Поени од реакции
5.581
Знаејќи дека Дени Ејнџ е главен сега во Јута беше очекувано да бараат пикови но ова веќе е кражба. 4 пика прва рунда, годинешниот прв пик и уште една година имаат можност да ги заменат пиковите. Најавите се дека Ејнџ ќе ги трејда пиковите за да склопи екипа околу Мичел ама ако добие и за него некоја ваква луда понуда одма ќе го спакува.

Жал ми е да Гобер, и во Јута играше одбрана сам да цела екипа и овде со Таунс ќе го очекува истото. Ќе биди интересно во Минесота во секој случај.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813

Грант од Детроит и Гери Пејтон од ГСВ ги земаа сега за сега, ќе проба и Лилард да биде опасен на западот, ќе видиме до кај ќе успеат да стигнат ама дефинитивно нема да има лесна утакмица наредна сезона, многу сериозни тимови се склопија.
 

Maksimot

Психијатриски случај
Член од
28 јули 2021
Мислења
277
Поени од реакции
290
Очекувам многу од Оклахома наредна сезона. Имаат одлично составено од Чет Холмгрен и Џош Гиди. Засега во summer league прикажуваат убава игра за око.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom