Ко лик овде шо најмногу ја гледа Јута да ти одговорам
1. Играта не зависи од 3, ете минатата недела ги победија Мајами кој имаше 5-6 победи со ред со шут за 3 од 26%. И тоа победија со 18 разлика. Исто и со Бостон и Милвоки победија со шут за 3 под нивниот просек сезонава, 2те утакмици исто со 14 разлика. Играта на Јута е одличната визија на Конли, Мичел и Инглс и читање на одбраната.
2 и 3 заедно ќе ги објаснам, Гобер е огромен фактор во напад и ќе биди и тоа без топка затоа што е убедливо најдобар скринер во лигата и плус има огромен распон. Секоја акција на Јута почнува со скрин на Гобер и поради одличниот скрин бекот на Јута веднаш пола чекор или чекор предност. Со самото тоа има ситуација 2 на 1 каде мора дефанзицвниот центар да бира дали ќе дозволи лесен лоб или ќе остани на Гобер. Ако дојди помош од дефанзивец веднаш започнува протокот на топка и се прави вишокот за 3. Тука плус да се напомени дека Конли има цела кариера одличен флотер, Мичел е атлетски одличен и можат да завршат околу обрач.
Дефанзивен центар не постои во лигата кој можи да го запри во пик ен рол Гобер, треба центарот да можи да остани во ничија земја меѓу бекот и Гобер околу 1 секунда за да можи дефанзивниот бек да се врати во игра. Ова е мноогу тешко, освен Брук Лопез нема друг со толкав распон и АД е доволно брз и атлетски ова да го игра во одбрана.
Плитка клупа. За тебе ако е плитка клупа 6тиот играч на годината Кларксон, Џо Инглс одличен плеј за неговата висина со 45% шут за 3 сезонава и 41% шут за 3 во кариерата не знам шо треба поќе. И можеби најбитниот играч кој прави најмногу разлика од лани плејофот Дерик Фејворс, комотно топ 5 бекап центар во лигата. Со самото присуство на Фејворс за разлика од лани Гобер игра помалку минути и е многу поефикасен. Исто Фејворс е одличен ролер и цело време можи да го играат истиот стил. Запримити на почеток на 1/4 дека први замени после само 4-5 минути ги се Инглс и Фејворс место Конли и Гобер. Со овој потег Фејворс можи да се носи во егал со повеќето старнти центри и потоа кога ќе влезат Гобер и Конли заедно против втората постава на противникот се дешава потоп. Инаку некни против Шарлот имаа 3ца од клупа со над 20 поени постигнати така да клупата е одлична посебно во плејоф кога ќе се скрати ротацијата на 8-9 играчи.
Споредбата со Орландо ти е многу погрешна, Џамир Нелсон и Кортни Ли (мислам тие беа стартни бекови кога играа финале со ЛАЛ) се светлосни години од Конли и Мичел.
Слабата точка на Јута е висината на бековите и крилата, атлетски крила кои ќе можат да играа низ скриновите на Гобер и да ги бркаат бековите можат да им направат голем проблем, затоа и тешко им одеше против Клиперс последната утакмица.
И не се никакви глупави калкулации со прво место, друго е Леброн да се тепа 7 утакмици со Џорџ и Кавај па да имаш надеж дека ќе биди изморен, друго е твоите крила да се тепаат со нив па после да го имаат свеж Леброн.
Планските удвојувањата што ги спомнуваш, најчесто одат со оставање сам човек на 3-ка (пошто никој намерно нема да остави сам човек под кош). Значи одбраната или ќе остави сам човек на 3ка за сметка на удвојување на пик&рол нападот на Гобер плус бек/крило, или ќе го остави пик&рол нападот да финишира... Најчесто изборот е удвојување, а компромисот е (ако може) самиот човек на 3ка да не најдобриот шутер за 3.
Затоа кажав кога тимот подобро шутира за 3, противниците помалку се решаваат за удвојување што резултира со повеќе лесни поени. Или повеќе чисти небранети 3ки... Се разбира, генерализирам и целата работа може и поинаку (и секако да се толкува)
На крај, било кое толкување за успех ќе содржи услов за добро шутирање на 3ки.
Шутот за 3 доаѓа и си оди, ретки ама многу ретки се тие шутери кои скоро секогаш се стабилни (на пример Клеј Томпсон доаѓа на ум). Кларксон од друга страна многу добро му ја знам играта, најпосле Лејкерси го драфтаа... Некогаш е лајтс аут, некогаш никаде го нема. Во плејоф мора да го има инаку отиде сезоната. Другите шутери на Јута исто не би ги ставил во класа на стабилните, ниту па од аспект на формата, Конли по цели сезони знае да го снема а Инглес и Боги се така така.
За шеми со дефанзивни центри, освен спомнатите јас би го додал и Антето - но само ако дефанзивната шема му го дозволува тоа. Адебајо е премал за Гобер, исто и неколку други... И да не забораваме варијанти од зона, кои паметно играни ќе бараат интелегентни адаптации во реално време. За Мичел и Богданович/Инглес не се сомневам дека имаат кошаркашка интелегенција ама Гобер не баш.
Сѐ што кажав е дека Јута не биле во ситуација да бидат предизвикани, ниту па тимовите да спремаат дефанзивни шеми специјално за нив... Ете за разлика од некои други тимови кои сите даваат посебен напор кога играат против нив и специјално се спремаат за нив... Да не ги набројувам таквите тимови.
Ова е добро за кандидатите за титула пошто на време им се покажуваат слабостите (наместо во плејоф, обично прво или второ коло).
Инаку убав муабет.
Ни фалат повеќе вакви муабети овде... Наместо bandwagon навијање за последниот актуелен супертим.
едит:
Бонус прашање, дали Денвер е толку добар во неправење грешки, или Портланд воопшто не играат одбрана?