B
Borg_Drone
Гостин
Во обраќањето во Бук*решт, во кое претседателот Буш јасно и категорично кажа дека Македонија ќе добие покана за прием во НАТО, тој ја остави отворена вратата на НАТО за сите други нации не само за балканските земји, туку и за Грузија и Украина.
Буш ја повика и Русија да се вклучи во глобалниот напор за одбрана на Европа, САД и Русија од евентуални напади од Средниот Исток.
„Утре НАТО ќе донесе историска одлука за прием на трите балкански нации: Хрватска, Албанија и Македонија. САД силно ја поддржуваат поканата за членство во НАТО на овие три нации“, изјави Џорџ Буш, претседател на САД.
„Овие земји го поминаа тешкиот пат на реформите и изградија слободни општества. Тие се подготвени да придонесат кон НАТО и нивните граѓани ја заслужуваат безбедноста која ја носи НАТО“, рече Буш.
„Со поздравувањето на новите сојузници на НАТО, ние исто така потврдуваме дека вратата за членство во НАТО останува отворена и за другите нации кои го бараат тоа, на Балканот и пошироко“, вели Џорџ Буш.
„Оваа недела нашата алијанса мора да реши како да одговори на барањето oд Грузија и Украина за учество во акциониот план на НАТО. Овие две нации го инспирираа светот со нивните Розова и Портокалова револуција, а сега работат на консолидација на своите демократски придобивки и зацврстување на нивната независност“, изјави американскиот Претседател.
„Нивниот прием во акциониот план за членство ќе испрати порака до нивните граѓани дека ако продолжат по патот на демократијата и реформата, ќе бидат примени и во европските институции. Тоа ќе биде порака за целиот регион, дека овие две нации се и ќе останат суверени и независни држави“, рече Џорџ Буш.
„Овде, во Бук*решт, мораме јасно да ставиме до знаење дека НАТО ги поздравува аспирациите на Грузија и Украина за нивно членство во НАТО и им нуди чист пат напред кон таа цел. Ставот на мојата земја е јасен, НАТО треба да ги прими Грузија и Украина во акциониот план за членство“, вели Буш.
„Членството во НАТО мора да остане отворено за сите европски демократии кои го бараат и кои се подготвени да ја делат одговорноста од членството во НАТО. Овој непријател и понатаму е опасен и затоа нашата алијанса е толку важна за заштита на невините луѓе“, изјави претседателот Буш.
„Пред две недели Осама бин Ладен објави аудио снимка со закани за Европа со нови напади. Ние треба сериозно да ги сфатиме зборовите на непријателот. Терористичката закана е реалност, таа е смртоносна и најголем приоритет ни е да го поразиме овој непријател“, рече Џорџ Буш.
„Нашата алијанса мора да истрае во својата решителност и да ја заврши борбата во НАТО, како што рече францускиот претседател Саркози во Лондон минатата недела, не смееме да си дозволиме да го изгубиме Авганистан, без оглед на цената, без оглед колку е тешка победата, ние мораме да победиме и јас се согласувам со тоа“, вели Буш.
„За да обезбедиме победа, Франција испраќа уште сили во Авганистан, САД испраќа уште 3.500 маринци, Романија испраќа уште сили, како и неколку други сојузници. Побаравме и од другите членки на НАТО да испратат дополнителни сили. Ако не ги поразиме терористите во Авганистан, ќе се соочиме со нив на наша територија. Тогаш невини цивили во Европа и Северна Америка ќе ја платат цената“, изјави Џорџ Буш.
„САД работи со Полска и Република Чешка на развивање систем кој ќе ги одбрани земјите во Европа од ограничен и напад од голема далечина од Средниот Исток. Работиме со НАТО на развивање сојузнички способности за одбрана од напади од кратка и средна далечина од Средниот Исток“, рече Буш.
„Правејќи го тоа, ја покануваме Русија да ни се придружи во заедничкиот напор, за да можеме да ги одбраниме Русија, Европа и САД од заканата која може да влијае на сите нас. Претседателот Путин ја истакна можноста за користење на радарските објекти во Азербејџан и Јужна Русија. Веруваме дека тие можат да бидат вклучени како дел од поширокиот систем за набљудување, кој треба да доведе до високо ниво на стратешка соработка меѓу Русија и НАТО“, вели американскиот Претседател.
„Можеме само да ја замислиме трагедијата која би била предизвикана од ракетните напади на еден од нашите градови. Цврсто верувам дека имаме обврска да работиме заедно за да бидеме сигурни дека таков напад нема да се случи“, додаде Буш.
57 И КАКО И ОБИЧНО
И ТАТАРИТЕ СЕ ВМЕШАА ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО
Бугарија се вмеша во прашањето за името
Макфакс
02.04.2008 14:10
Официјална Софија денеска повторно се вмеша во прашањето за разликите за името на Македонија и ја услови нејзината поддршка за влез во НАТО.
„Бугарија смета дека треба да се води сметка за историските, културните и другите реалности поврзани со географската област Македонија“, изјави денеска портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи Димитар Цанчев.
„Делови од таа географска област се наоѓаат во три држави, вклучително и во Бугарија и се надеваме дека тоа ќе биде земено предвид во преговорите“, наведе Цанчев.
Тој одби директно да одговори на прашањето дали ова може да се толкува како мешање на Бугарија во прашањето за разликите за името.
„Нема да ги коментирам моите изјави што се официјален став на Министерството за надворешни работи“, изјави портпаролот Цанчев.
Тој рече дека овој став „не е нов, а „секако доаѓа во чувствителен момент“.
Во врска со евроатлантската интеграција на Македонија, Цанчев рече дека бугарската поддршка, досега повеќе пати била докажана, но,оти таа „не може да биде безусловна“.
„Бугарија во неколку наврати го докажала својот добронамерен пристап, помагајќи и на Македонија во најкритичните мигови. Ние ќе продолжиме и во иднина да пружаме помош во напредокот на Македонија кон НАТО и се разбира дека ќе продолжиме да акцентираме на задолжителниот карактер на исполнувањето на критериуми“, изјави Цанчев.
Тој како критериуми ги посочи запазувањето на добрососедските односи.
„Евентуалното блокирање на поканата за прием во НАТО ќе значи забавување на целиот европски и евроатлантски процес. Но, според наше уверување, тоа нема да ја блокира поканата за останатите две држави од Јадранската група“, додаде Цанчев.