Нè брка полиција од парк, што со тоа?

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Епа тоа е тоа. Јас затоа и така го кажав тоа со пивото и малолетниците ама сепак зборите да спортуваме да се занимаваме со нешто друго? Со што? Ете кажете со што има во оваа држава да се занимава еден млад човек. Спортот е она основното кое би требало да биде барем така некој спореден дел од животот на секој човек не само на младите. Ама ете тоа не функционира. Што можеш да бараш од младите да прават кога ништо не ти функционира како што треба. Затоа што и не е само спортот тука ама да добро друга тема е и тоа па да не навлагаме. Сепак затоа и викам за да го сменат пијанчењете во парк и начинот на однесување на младината со друго треба да пружат друго. Како што рече Виктор на повеќе пати - не се гради куќа од кров.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
и што заклучивме,Малолетните т.е. КОПИЉАЦИТЕ се криви,и ние во наше време пиевме во парк,па не сме правеле џумбус(кршење на флаши,корпи,клупи),и ова им е малку,секој од копилињата кој ќе биде фатен како пие а нема +18,може да одработи 20 часа во својата општина(чистење на паркот,улиците итн),па тогаш ќе виодите како ќе се социјализира,а не мавни му 400 евра казна и ОН уште толку ќе почне да плука по државата,одамна умре комунизмот за такви несшта....НО НАЈКРИВО ми е што од такви копилиња јас не можам веќе да седнам во парк и да си пијам пивце покрај езерца(човек кој заработува и има 20 и кусур години).....но се е тоа гола вода,зашто има БИРОКРАТСКи дечиња,кои одма вртат по мама и тато,и они место да го казнат што пиел а е копиљ,ТИЕ дрско се однесуваат кон полицијата демек она им е крива и плукаат по државата
ЗАТОА луѓ,е МАЛОЛЕТНИ само до 00:00 ИЗЛАГАЊЕ
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Што значи и јас што ништо не правам и што немам ни пиво пиено у парк после 7 со недели наназад треба до 12 да сум дома? Зошто? Сметам некому? Или доволно е што сум малолетна? И покрај тоа што немам обврски слдниот ден и не ми се седи дома на +40 треба да сум принудена на тоа? Или е подобро како повеќето дечиња на моја возраст да бидам покултурна и место во парк своето пиво да си го пијам на кеј во кафич па да продолжам во дискотека и да им ги полнам парите на газдите на тие кафичи и дискачи?
 
Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Што значи и јас што ништо не правам и што немам ни пиво пиено у парк после 7 со недели наназад треба до 12 да сум дома? Зошто? Сметам некому? Или доволно е што сум малолетна? И покрај тоа што немам обврски слдниот ден и не ми се седи дома на +40 треба да сум принудена на тоа? Или е подобро како повеќето дечиња на моја возраст да бидам покултурна и место во парк своето пиво да си го пијам на кеј во кафич па да продолжам во дискотека и да им ги полнам парите на газдите на тие кафичи и дискачи?
Мислам дека збореше за сите малолетници :toe: во мое време немаше ограничување ниту на алкохол ниту на време така да ние немавме никаков проблем со искачање и со пиење :vozbud:,но јас изедов доста како полагање приемни за средно :tapp: па приемни за факултет :tapp: така да секое време носи добри и лоши работи :smir:
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Па да знам дека за сите али и ја спаѓам во сите нели. И констатацијата дека во 12 треба да сум дома и покрај тоа што ништо не правам не ми се свиѓа.
Сепак треба да има полиција да. И да ги прибира оние непримерни било малолетници било полнолетни (не секогаш толку зрели) луѓе. Но не да не прибира сите затоа што нив така им одговара. Луѓе реално.. Рациите во парк беа од инат и за да вратат мило за драго не беа од што некој спроведува закони.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Епа тоа е тоа. Јас затоа и така го кажав тоа со пивото и малолетниците ама сепак зборите да спортуваме да се занимаваме со нешто друго? Со што? Ете кажете со што има во оваа држава да се занимава еден млад човек. Спортот е она основното кое би требало да биде барем така некој спореден дел од животот на секој човек не само на младите. Ама ете тоа не функционира. Што можеш да бараш од младите да прават кога ништо не ти функционира како што треба. Затоа што и не е само спортот тука ама да добро друга тема е и тоа па да не навлагаме. Сепак затоа и викам за да го сменат пијанчењете во парк и начинот на однесување на младината со друго треба да пружат друго. Како што рече Виктор на повеќе пати - не се гради куќа од кров.
Со шах :) мала шала. Знам дека нема некоја преокупација посебно, но нема и за возрасните. Гледам дека (не сите сигурно) повеќето млади немаат еднаш отидено во театар, исто и кината не се некоја омилена забава, читањето книга, заедничко седење/седенка кај некого и правење муабет за се и сешто (како во парк само кај некој дома, во двор, негде во викендица). Има и други занимации ама прво на овие ми текна. Колку и да делува смешно, сум идел у театар баш на тие години, а и сме се збирале друштво по дома кај некого.

не се гради куќа од кров.
Да, ама мајсторите веќе го направија па сега крпеници е (а и темелите пропуштаат вода :) ).
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Не не пуштаат сите да прајме седенки дома како прво. Исто и кој кина останаа и што има да се види во нив? Театарските претстави со години се истите на репертоар и повеќето се доста лоши. А за читање книга јас рецимо сакам да читам - но неможам ни да читам 24 часа на ден нели? Дружењето за младиот човек е битна работа и тоа е факт. Мислам младиот човек мора да се научи да комуницира со луѓе - да опстојува помеѓу народ. Неможеме ние да се затвориме дома со книгата во рака. А инаку мајсторите кога веќе ја утнале куќата сепак треба од темелите да почнат и да ја поправаат - вака како што они ја поправаат само побрзо ќе се урне.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Што значи и јас што ништо не правам и што немам ни пиво пиено у парк после 7 со недели наназад треба до 12 да сум дома? Зошто? Сметам некому? Или доволно е што сум малолетна? И покрај тоа што немам обврски слдниот ден и не ми се седи дома на +40 треба да сум принудена на тоа? Или е подобро како повеќето дечиња на моја возраст да бидам покултурна и место во парк своето пиво да си го пијам на кеј во кафич па да продолжам во дискотека и да им ги полнам парите на газдите на тие кафичи и дискачи?
извини девојко НО ВАШИТЕ Генерации почнаа со секакви идиотизмо во парк,тие малолетници,се начукал копиљот,и почнува да крши се живо и диво,а ако некоја девојка му мавне корпа КРАЈ,има се да направи лом...и јас сум излагал со мои генерации,акде што паркот не беше толку среден т.е. беше КРШ,па ништо не кршевме иако имаше никакви и стари клупи,корпи и светилници!!!
ти пак шетај си,никој не ти брани,но ако те фати полиција,,,тогаш мин 20 часа доброволна работа во општина...па ако не ти смета по 4 часа секој ден да чистиш,пак излагај си никој не ти брани!!
а ние како некогаш сме седеле дома т.е во мало,без интернет и со 10 канали на ТВ,,,,
ДЕТЕ што НЕ ИГРАЛО ЏАМЛИИ,ШКОЛКА,ЏАМИЈА,ЖМУРКА,ГРАНИЦА итн-ебати ДЕТСТВО
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Сум играла бе брат и јас се тоа ама што сега на скоро 17 години уште да играм џамлии, џамија, школка и жмурка во маало?!
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Сум играла бе брат и јас се тоа ама што сега на скоро 17 години уште да играм џамлии, џамија, школка и жмурка во маало?!
а тоа не е дружба,забава,не скапуваш дома,итн???
па да имаш право,сега уште на 15 девојкине прават фризури и излагаат до 4 сабајле,па да не зборам на 17 што ли неправат:smir:
на тие 17 години излез сум имал до 1(среќа поради последната двојка во 12 30,имаше и покасно двојка но...знаеш што те чека ако закасниш)
,сум седел исто како вас во парк и сум пиел,но не гледаш да оставиш впечаток-да се начукаш и лом да правиш,зашто пред се тие што беа постари таму ќе те исчукаат а после полицијата,а сега што тој пијаниот копиљ ќе ти се издере и ќе ти се пушти да се тепа со тебе,зашто си му рекол не се дери мали ќе го јадеш(што од нас што од полицијата)...ДАЛИ не Е ТАКА кажи ми најискрено
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Јас реков - За тие што незнаат да се понашаат нема зашто да не интервенира полицијата. Само кај нас полицијата не интервенираше поради тоа конташ? И брат контрадикторен си. Ете и ти си седел и си пиел во парк така? Зошто јас да неможам? Зошто има дечишта што прават бељи? Во твое време немало? Не спаѓам во нив - да сносувам последици ради нив? А и ете пошо нешто не се разбираме или се прајш дека си од почетокот на комунизмот - Ти на 17 џамлии играше? Ако е така тогаш разбирам зашто се буниш. Како тоа ти си созреан за пиење и седење во парк а ја не ако додека да добиеш лична карта си играл џамлии е после стана голем и имаш право на се? Нема логика муабетот. Се расте постепено - а не наеднаш кога ќе се добие она парче хартија кое "гарантира" зрелост. А иначе не викам дека нема секакви но има секакви и меѓу нас што сме помали од 18 но и помеѓу оние 18+.
 
еве не спаѓаш во таа група!!така! но колку сте тоа во проценти 20% од цела младина,,,да сум седел јас со моја екипа,и со други но за разлика од денес како се понашаат малолетните,немало толку селјачење од стилот начукај се и крши, имало само мал дел,исто сега како што сте вие кој сакате само да си седите и пиете,и тоа имаше среќа само да поминеш со опомена од постарите,зашто на следен таков испад знаеш што те чека:pishtoldzони ни беа еден вид полиција на нас,значи ние учевме и бевме контролирани на некој начин од постарите,а сега вие-младината немате грам респек ако некој нешто ви каже,одма се к..рчите и сакате да се тепате.
сум играл џамлии и на 15 и 16 ама тоа ти е онака заебанција во мало,да се потсетиме на старите времиња(зборам стари демек сум живеел во 70 и 80:vozbud:) една две партии,поентат ми беше во ДЕНЕЧНО време ако правиш такви работи ќе те направат деке си најголем селјак,ропак и идиот кој уште си ги валка рацете...(но ти играш од заебанција сваќаш) од истата денешна младина која си тера некаков филм
и да сум пиел во парк кога сум бил малолетник,не викам НЕ,но како што ја гледам оваа младина што прави и како се однесува верувај дека сакам да ја нема по улици и паркови(сега зборам општо,не посочувам никого)...а за таа лична карта,не ми била од никаква корист,сум ја извадил дури пред да наполнам 19,а не сега трчаа копиљациве уште на 17 да извадат за да може да одат по дискотеки,и сега пак ќе ти напоменам во "наше време"(не е кој ли знае колку одамна туку пред 6-7 години) кога бевме тинејџери,ОД старт знаеш дека иако си извадил лична карта немаш теоретски шанси да влезеш во дискотека а башка си имаше разни клубчиња во кои забавата траеше од 9 до 00:30/1:00 кажи ми како ние можевме да излагаме до 1 саат а вие сега не можете???
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Не не пуштаат сите да прајме седенки дома како прво.
Да, имаш право.

Исто и кој кина останаа и што има да се види во нив? Театарските претстави со години се истите на репертоар и повеќето се доста лоши.
Одвреме-навреме има, но не е постојано, тука си исто рајт.

А за читање книга јас рецимо сакам да читам - но неможам ни да читам 24 часа на ден нели? Дружењето за младиот човек е битна работа и тоа е факт. Мислам младиот човек мора да се научи да комуницира со луѓе - да опстојува помеѓу народ. Неможеме ние да се затвориме дома со книгата во рака.
За ова си ептен рајт, ама не ми текнува друго што би нудело ова општество. Што знам, искрено едино што е проблем (не само ради моментални последици) е алкохолот. Најверојатно не случајно според ова се поделени на малолетни и полнолетни. Самиот организам на кој му треба градба за раст и развој се ограничува со штетите од алкохол, цигара...се уништуваат витамини, органи, метаболизмот се успорува со алкохол...најверојатно има и други последици (хормонални и слични), затоа и зборам за ова конкретно што го кажуваш.

Ние (факт, самата ти тоа што го напиша со состојбите кај нас е така) постарите сме виновни за ваквите состојби и со вас младите (директно и индиректно-самата сиромаштија, апатија, неможност за разновидна и креативна забава...), ама глејте си малку и здравјето. За да сум хај не ми треба алкохол, ми треба соодветно друштво. За цигари и алкохол, чисто како совет (со ова не сакам да ве направам алкохоличари и наркомани), не само во парк туку во сите прилики :smir:
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Затоа што ние нема каде да идеме и што да прајме порано сфаќаш? Мислам јас да отидам на јуниор журка сега таму се фаци до 7мо одделение брат. Нови генерации што излегуваат од се порано. И јас сакаш да кажеш да пробам да се вклопам меѓу нив? Како што јас сум мала за тебе они се мали за мене реално. Сепак треба ние да растеме и да се учиме во животот. Не да остануваме на маалски муабети и клубчиња со јуниор журчиња. Инаку и јас би играла џамлии и џамија сега и ми е гајле кој што ќе коментира. Сепак неможе нели да м ие тоа главна преокупација. А тоа што има секакви верувам дека и порано имало а дали биле во парк или не тоа е друго. Секогаш во секое време во секоја генерација има различни - од топ и културни деца до сељаци и ропаци и тоа така било и ќе биде. И за тие што не чинат не треба сите да плаќаме. Не сме ние одговорни што секој е различен и секој си е за себе индивидуа нели?

Така е не велам не. Алкохолот не уништува сите. Мислам не не уништува само нас малолетниците сите ги уништува. Сепак има разлика од една лименка Скопско и литро ракија. Треба да се има обзир за оние што седат со по една лименка или повеќе души со едно шише Скопско во парк. Мислам сепак и тоа е дел од дружбата а сепак мислам дека не е пијанчење нели? А за алкохол ако се казнува треба да се казнува и полнолетен човек не само малолетник. Затоа што на сите ни штети. Алкохолот општо ствара зависност и е штетен така да океј е да не дозволуваат да се пијанчат луѓе на јавни места. Но пола литро ракија некој ќе го скрие во џеб а јас скопското неможам не ми го собира сфаќаш? Значи океј е да се најде нешто и да се смислат некој мерки за отргнување од зависности но таму каде што навистина има потреба а не да се пристапува секому со сила.
А инаку да можеби нема кај нас којзнае што да им се пружи и на постарите и на младите но тогаш зошто бараат од нас да правиме нешто што не ни го пружиле ко што треба? Инаку јас мислам дека за младите генерации треба само - работа.. Јас сум на 16-17 години доволно зрела ете вака летно време да се маткам со некоја полесна работа.. НО и покрај тоа што 3та година по ред барам секаде ми велат дека и за сезонска работа сум мала. Сепак друго е кога ќе знам дека треба да станам сабајле за да си ги заработам тие пари што сакам да ги трошам викендот во парк нели?
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Затоа што ние нема каде да идеме и што да прајме порано сфаќаш? Мислам јас да отидам на јуниор журка сега таму се фаци до 7мо одделение брат. Нови генерации што излегуваат од се порано. И јас сакаш да кажеш да пробам да се вклопам меѓу нив? Како што јас сум мала за тебе они се мали за мене реално. Сепак треба ние да растеме и да се учиме во животот. Не да остануваме на маалски муабети и клубчиња со јуниор журчиња. Инаку и јас би играла џамлии и џамија сега и ми е гајле кој што ќе коментира. Сепак неможе нели да м ие тоа главна преокупација. А тоа што има секакви верувам дека и порано имало а дали биле во парк или не тоа е друго. Секогаш во секое време во секоја генерација има различни - од топ и културни деца до сељаци и ропаци и тоа така било и ќе биде. И за тие што не чинат не треба сите да плаќаме. Не сме ние одговорни што секој е различен и секој си е за себе индивидуа нели?
извини сестро,но сами си го почнавте тој филм,што ќе барам по такви дискотеки,ќе гледам мои врсници итн,па почнавте да излегувате на места каде што излегуваат +18,па логично е после или тие места да се затварат или да се напунат со основци,,значи тој стил на забава дружење и излагање сами си го поебавте,...немаш 18 излагаш до 00:30/1:00 но во тоа во помогнаа и батките од дискотеките,мала сакаш да влезеш итн и оп една,две ќе влезат ќе раскажуваат што како било т.е. колку јако било и следната недела гледаш мин 20 малолетници на тоа место...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom