Му се дигна сеа егото..

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мало ми е егото што скоро дури го немам, и секој си има свое сопствено демократско право да си има его големо или мало по личен избор и јас ќе го почитувам тоа.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Его, о да! Тоа беше она клише што го користат повеќето јадни персони. Понекогаш со суфикс, на пример суперего. Па од кога почнавме да го персираме па и да го класифицираме егото. Дали добива на популарност поради тоа што е десна рака на диаболус ? И дали тоа има некаква врска со многуте популарни и медиокритетни книги што почнаа да се популаризираат во последно време, па сите сакаат да испаднат будисти.
Како може едно такво чу?ство да дејствува само од себе врз персоната, едноставно не ми е јасно. Како велеградител, кој гради ѕид... или не, негради ѕид. Стакло бе, едно блиндирано стакло и има моќ да прави реверсна сублимација.

Мисла пред акт велиш. Од кога рационалноста е онаа што го води општеството напред ? Рингишпил.
По рационално ќе биде да шеташ гол, гледајќи како идеите се лепат и моментално дефрагментираат. Ама не! Ти си его. Пресент симпл.

Сјебан систем вредности. Хранење на моралот. Реалити шоу. Его.
 
Член од
10 септември 2010
Мислења
273
Поени од реакции
25
По Битолски велиме му се крена цената...

И најчесто таквите со цената го креваат и носот, па одма почнуваат да глумат, да се прават нешто што не се и да заборават од каде потекнуваат.
глумат дека се од скопје им се крева цената и кога ке им текне на крај дека сепак се од битола им пага цената!

--- надополнето ---

Како се познава човек со набилдано его? Многу лесно по движењето на неговото тело! Телото кажува каков е карактерот: сигурен, несигурен, одморен, уморен, ведар, намќорест, темпераментен, успорен. Не мора да седи со тебе на маса, доволно е да го погледнеш од дистанца, многу поубаво ќе го видиш каков е! Никогаш не сум погрешила во проценката досега. Јас грешам за куп дурги глупи работи, но не и за искомплексирани егоистични џукели :smir:
Епа ондак можеш да идеш у кладионица и да се обложуваш на натпревари во живо... според движењето ке ги познаеш какви се играчите
 
H

HITCH

Гостин
глумат дека се од скопје им се крева цената и кога ке им текне на крај дека сепак се од битола им пага цената!

--- надополнето ---

Епа ондак можеш да идеп у кладионица и да се обложуваш на натпревари во живо... според движењето ке ги познаек какви се играчите
Добро ти беше ова! :) :smir: Не ми беше тоа поентата!
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Многу луѓе ко ќе го сретнат тој термин ЕГО ги асоцира на препотентни луѓе шо апсолутно не е точно,секој човек си има свое прикриено его..и сега читам глупавштини демек некој препознавал по одењето и дека тој имал високо его хахаха
Некои луѓе си имаат притаено его дека возат скапа кола,некои дека убаво изгелдаат(шо и навистина е така)и така натаму....некој мора со нешто да се гордее.Пази сега ама и тоа е уметност да се знае како треба да се носи со својата гордост...и така:)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како се познава човек со набилдано его? Многу лесно по движењето на неговото тело! Телото кажува каков е карактерот: сигурен, несигурен, одморен, уморен, ведар, намќорест, темпераментен, успорен. Не мора да седи со тебе на маса, доволно е да го погледнеш од дистанца, многу поубаво ќе го видиш каков е! Никогаш не сум погрешила во проценката досега. Јас грешам за куп дурги глупи работи, но не и за искомплексирани егоистични џукели :smir:
Не можеш да препознаеш его секогаш на визуелен начин има и доста интроверти кој имаат високо его, не го гледај егото како некоја многу негативна особина.
Лично мислам дека и ти имаш малку повисоко его или алтер-его барем според постовите, како резултат на тоа ќе видам контра-реплика на оваа реплика.

--- надополнето ---

Мало ми е егото што скоро дури го немам, и секој си има свое сопствено демократско право да си има его големо или мало по личен избор и јас ќе го почитувам тоа.
Ова според устав му иди :)
 
рок-кејт

незгодна ко кратко ќебе!
Член од
22 мај 2007
Мислења
1.024
Поени од реакции
70
чекајте малку...во психолошкиве теми не сум многу многу навлезена и запознаена, ама од тоа што годинава на училиште го учев - нешто знам.. или пак мислев дека знам се додека не ја отворив темава.. според тоа што сме го разјаснале на училиште, егото е како свесен дел од човкот кој претставува баланс помеѓу идот и супер егото..Според мене, според сите карактеристики кои му се препишаа на „егото“ во темава - мислам дека станува збор за супер его... НЕ велам дека сум во право, затоа што не сум ни компетентна да коментирам покрај студенти на психологија итн, и затоа барам некој компетентен да ми објасни..:)
 
A

Auditore

Добро се сеќаваш али во првиот пост пиша дека не се работи за супер его, онака општо се прави муабет.
Мислам дека се ова се опишува на еден многу полесен начин, му се дигнала цената.
А кога на некој ќе му се дигне цена сите знаеме како се тој однесува, зар не?
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Егото..... тоа според мене е една стаклена топка која се создава околу тебе.... зошто топка и зошто баш стаклена? Егото е онај единствен и наш простор кој го имаме и кој го носиме секаде со нас..... не дозволува никој да влези во тој простор така да твоите блиски секогаш се на една дистанца од тебе.... некогаш е мала а некогаш и голема.... колкаво ти е егото толку повеќе твојте блиски се одалечени од тебе... а зошто е стаклена? затоа што лесно е да се скрши и тоа многу лесно.... некогаш од невнимание ти самиот можиш да го скршиш а некогаш и некој од страна...... затоа и двајца егоисти не ги собира во една соба.... е кога ќе ти го скршат егото ти го кршат и одбранбениот систем и си мета на секакви психички тортури кои ќе ти бидат задавани од страна на секој друг :) Егото е потребно.... егото е најважна карактеристика... егото е она кое не дозволува да газат на тебе а со тоа и на твојата чест.... колку е прилепено до тебе толку е поцврсто.... но тоа е човековата слабост што егото е ненаситно, секогаш бара простор и сака да се шири... а се храни со секакви пофалби, успеси, подвизи.... некогаш со лаги и лажни вредности.... со што ќе си го храниш егото тоа е твоја работа и никој неможе да ти кажи што е правилно..... му се дигна егото.... тоа го викаат тие околу него односно загрозените... сега просторот во кој тие мислеа да го прошират своето его е веќе зафатен и затоа доаѓа до тоа да го мразиш некој што успеал.... не велам дека секој егото го зголемува со навистина заслужени и вистински вредности, има и некој кои без ништо го дујат својот простор.... со воздух.... тоа е лесно кршливо.... егото е добра особина и особина шо треба секој да ја има....
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Под 'му се дигна егото' лаиците подразбираат 'му се зголеми самодовербата'. А тоа се забележува според однесувањето, може или да се манифестира преку кревање во облаци и истакнување на својата 'поголема вредност' пред другите, или некои луѓе се едноставно поскромни и иако свесни за големината на својата личност, се трудат уште покорисни да бидат и да останат достојни на позитивните критики кои им биле упатени.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.752
Поени од реакции
4.520
Јас често ја слушам реченицата му/и се дигнаа акциите.
Како ги препознавам па се гледа и од изглед и од муабет,а искрено минимално се замарам со такви работи за дадам некоја подетална анализа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom