Му се дигна сеа егото..

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
... е типична реченица што ја користиме кога ќе уотребиме пофални зборови кон некој.
Знаеме да зборуваме и за нечие големо его, мало его.
Но, ме интересира, како вие го препознавате егото на другите? Како тоа се манифестира?
Како го опишувате?
Дали би можеле (и како) би го опишале вашето?
Дали ја забележувате „големината“ на вашето его?
Што точно за вас значи егото?
И, дали ви пречат луѓето со големо/мало его?

Секако, под ова не ја подразбирам теоријата на Фројд за Ид, Его и Супер Его, туку она што ние го употребуваме во секојдневниот говор.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
По Битолски велиме му се крена цената...

И најчесто таквите со цената го креваат и носот, па одма почнуваат да глумат, да се прават нешто што не се и да заборават од каде потекнуваат.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Okej, и како ти го препознаваш тоа?
По говорот на телото? По начинот на кој зборува?
По што препознаваш дека некој си ја дигнал цената?

Или, како знаеш дека на некој му е дигната цената, а на некој друг - не?
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Okej, и како ти го препознаваш тоа?
По говорот на телото? По начинот на кој зборува?
По што препознаваш дека некој си ја дигнал цената?

Или, како знаеш дека на некој му е дигната цената, а на некој друг - не?
Добро прашање.....стварно можеби нема физики и визуелни знаци ама се осека.И да,некогаш сами си направеме филм за некој а на пример личноста си е истата од порано ама ко ке ти се уврте у глава дека е "дигнат" секоја негова гестикулација и муабет ти се неподносливи.И ногу е глупа ситуацијата кога ти си личноста за која мислат дека е дигната,еве на пример се слуува нешто у твојо живот нз еве пример те вработиле во влада и си газ и гаки со премиерот и колку повеке се трудиш да докажеш дека си ок толку повеке наметнуваш погрешно мислење ....ногу глупо чувство....барем на мене ми е така.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Ако не се цениш самиот, ќе те ценат другите? :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Или, како знаеш дека на некој му е дигната цената, а на некој друг - не?
Како што за секоја роба/производ имаш некој осет за истото дали вреди или не (некои го имаат овој осет повеќе, некои помалку).

Глеј на човекот како на роба во маркет-способност да привлече или одбие некого на прв поглед, можност после второто користење да е за на мајстор или да делува привлечно, но после подолга употреба да се покаже дека не вредело нешто посебно...делува смешно или сурово, што знам-ќе видиш и сличности.
Затоа и ми се глеа воглавно као производ за продажба -ако се прецениш ретко некој ќе те "купи", ако се потцениш пак имаш проблем со "муштерии". Ако си ги сокриеш мааните, ќе те земе некој "муштерија" в рака но нема да можеш вечно да ги криеш па можеби ќе се одлучи на мани бек гарантирано. Ако си ги покажеш сите маани, ќе те земе некој муштерија кој...знаете кој зема кола со продуван мотор и празен акумулатор :)
А можеби и да нема маани, но тој "производ" да не му одговара на "корисникот"
Можи да ви е луцкасто, но отприлика со его, цена... така ги гледам луѓето. Е сеа, малку е ова посложено од лустер во излог пошто постои и вајс верса однос производ корисник, интеракција...и така натаму.
 
H

HITCH

Гостин
Како се познава човек со набилдано его? Многу лесно по движењето на неговото тело! Телото кажува каков е карактерот: сигурен, несигурен, одморен, уморен, ведар, намќорест, темпераментен, успорен. Не мора да седи со тебе на маса, доволно е да го погледнеш од дистанца, многу поубаво ќе го видиш каков е! Никогаш не сум погрешила во проценката досега. Јас грешам за куп дурги глупи работи, но не и за искомплексирани егоистични џукели :smir:
 
V

Vollstandig

Гостин
Се осеќа и по муабет егоистот ќе ти каже случка во која тој испаднал фраер, и како тој зафркнал некого од типот “Еј еден ми вика (тоа и тоа) и ја му велам ( така и вака мадафака!) и демек го заебал па ќе треба да му речиш “ЈАоо шо си напраел бе чоек (и смеење нормално).

Тој со нормално его, шо нема потреба да го изразува егото си е посамоуврен чоек и не бара толкава поддршка од другите, односно “ќути си дупи си си е“. Тој ќе ти каже случка во која ТОЈ учествувал, но некој друг напраел нешто лево, па за ти да се насмееш на другиот.

Тие со мало его , немаат храброст да кажат ниедна случка. Мислат дека ќе ги зезаш и ќе се скријат под кебе.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Се познаваат од километар,по движењата,гестовите....а усста штом отворат веќе се е јасно...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Тие со мало его
Што е инаку подобро? Да имаш мало, големо...его? Мислам, од аспект на пробив низ животот и успех, не само да си фин и љубезен.

Се познаваат од километар,по движењата,гестовите....
Офф, пошто двапати е споменато движењето-дали ова значи ако некој/а врти со половината како миксер е поегоиста, по-кон себе или ако е стиснат/а во одење е поскромна, подаден/а кон другите? редно е да ја дознаам тајната на одот и Јас.
 
H

HITCH

Гостин
Офф, пошто двапати е споменато движењето-дали ова значи ако некој/а врти со половината како миксер е поегоиста, по-кон себе или ако е стиснат/а во одење е поскромна, подаден/а кон другите?
Ах, одма ми текна на уште една песна :pos: не знам кој ја пее, ама иде нешто вака: (кхм) цаки, цаки, цале, купи ми сандале, само пази цале да не буду мале, оти ќе се фрцка горе доле, наместо лево десно :pos:
Инаку, јас навистина имам некоја дарба да ги осетам таквите џукелчиња и искрено многу сакам да ги реметам :smir:
 
V

Vollstandig

Гостин
Што е инаку подобро? Да имаш мало, големо...его? Мислам, од аспект на пробив низ животот и успех, не само да си фин и љубезен.
Битно е во животот да напрајш баланс измеѓу ЕГОТО и СВЕСТА.

Секој човек се раѓа со една поразвиена работа или егото или свеста, т.е или е десничар или левичар и сл.

Е сеа ти во животот доколку напрајш баланс измеѓу тие две работи си постигнал успех. Исто како да направиш баланс измеѓу левата и десната рака, па подеднакво да те служат, тогаш си успешен.

Егото ти е тоа што те прави да си ти, а свеста тоа што те прави да ги чувствуваш останатите луѓе како луѓе.

Замисли имаш парче леб и другар кој е гладен исто како ти.
Свеста ти вели, подели го со другар ти зашо е гладен како тебе. Ако е свеста поразвиена тебе ќе ти падни жал за него и ќе му го дадеш.
Егото ти вели: Изеди го пошто си гладенј, не му давај нему најади се добро. Ако ти е егото поразвиено, ќе го изедеш сам.

Доколку двете ти се 50:50 развиени, или на пример 60 - 40 значи со мала разлика, ти ќе го поделиш, согледувајќи што ти е поголемо ако е поголема свеста поеќе нему ќе му дадеш а помалце за тебе и слично.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Okej, и како ти го препознаваш тоа?
По говорот на телото? По начинот на кој зборува?
По што препознаваш дека некој си ја дигнал цената?

Или, како знаеш дека на некој му е дигната цената, а на некој друг - не?
Poslabo mi odi da zabelezam spored govor na telo, najcesto od moe iskustvo toa se manifestiralo preku nacinot na zboruvanje kako i sto bilo kazano od drugata strana. Sum pocuvstvuval kako i mene mi se diga egoto za nekoi raboti ili vo nekoi oblasti no sekogas se trudam da gi pridusam takvoto cuvstvoto bidejki smetam deka moze samo da te zaslepi i unazadi...
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Ако сакаш да приметиш колкаво е туѓото его, само чепни го таму кај што не треба. :)

--- надополнето ---

 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Okej, и како ти го препознаваш тоа?
По говорот на телото? По начинот на кој зборува?
По што препознаваш дека некој си ја дигнал цената?

Или, како знаеш дека на некој му е дигната цената, а на некој друг - не?
Како се познава? Многу лесно. Ќе ти доловам со пример. Чоек шо горе долу знајш каков бил, сте седеле, јаделе/пиеле заедно, сте пораснале заедно, добива некое партиско средно жалосно место (кое можи да го смени со промената на владеачката гарнитура) и оп, егото набилдано до таван, или по битолски си ја крена цената до таван.

Говорот на телото : се понаша како паун. Оди по улица, мисли дека треба сите во него да се гледат... а незнај дека ако ми налета пред кола, ќе го манам така убо шо ќе го жигосам со логото Форд.

Зборањето не е некој проблем, посекако не прај муабет... не се останатите на ниво (читај истоисленици со црвени/плави погледи) за да има комуникација. Бар едно добар ден да речи... Не зема никој душа.

Е на таквите шо им се кренала цената им паднале приоритетите... наместо со другарите со кои што израснал, се дружи со одбрано друштво кое мисли дека го држи Горнион за ма**ња. Наместо да ги цени луѓето по тоа што имаат во душата, тој ги цени по тоа што имаат во џебот. Тргнувајќи од старата фрли зад тебе да најдиш пред тебе (јап, ова е измодифицирана верзија, фрли зад тебе, тркалото ќе се сврти па тоа што си го фрлил ќе ти дојде пред тебе), стварно незнам шо ќе најди кога ќе се заврти тркалото...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom