Музички стихови преведени на македонски јазик

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Уште откако слушам странски песни многу пати сум имал проблем некој музички стих да не го разберам не од англиски да се разбереме туку од останатите јазики пример ќе го дадам италијанскиот. Јас лично кај мене најмногу слушам англиски песни, потоа следуваат италијнските песни. Бидејќи навистина постојат прекрасни италијански песни многу често наидувам на проблемот некои музички стихови да не можам да ги разберам. Која е целта на оваа тема? целта е следнава: Да се соберат на едно место што е можно повеќе странски песни преведени на македонски јазик. доколку наидете на проблем кој не можете да преведете некој дел истиот да го побарате тука поточно помош од некој останат член кој ќе ви го преведе делот од песната. Доколку вие поседувате некои преведени песни би било пожелно да ги постирате во темава доколку сакате.


За почеток јас ќе постирам неколку песни од следниве јазици:

  • Италијански
  • Француски
  • Германски
  • Шпански
  • Турски
Италијански:
Claudio Villa - Non pensare a me
(Не мисли на мене)
Не мисли на мене,​
Те молам продолжи го твојот живот​
без да размислуваш за мене.​
Ево, како што ти сакаше,​
Се остана само една заграда меѓу нас.​
Можеби ќе плачам,​
но секако, дали е добро или лошо, ќе видиш,​
јас ќе се снајдам,​
ама никогаш повеќе​
нема да бидам среќен како тогаш кога беше до мене.​
Животот ќе продолжи,​
светот нема да престане.​
Не мисли на мене,​
сонцето не исчезнува заедно со тебе.​
Ла, ла, ла ...​
Можеби ќе плачам,​
но секако, дали е добро или лошо, ќе видиш,​
јас ќе се снајдам,​
ама никогаш повеќе​
нема да бидам среќен како тогаш кога беше до мене.​
Животот ќе продолжи,​
светот нема да престане.​
Не мисли на мене,​
сонцето не исчезнува заедно со тебе ...​
Eros Ramazzotti - Più bella cosa
(Најубаво нешто)
Како започна незнам јас​
Нашата бескрајна приказна​
Ти си ми поубава половина​
За сиот живот мој​
За тебе е потребна страст​
И трунка лудило​
Потребна е мисла затоа​
Работам со фантазија​
Помниш ли оној пат​
Кога ти пеев​
Веднаш затрепери, да​
Ќе ти кажам нешто​
Ако не знаеш​
За мене сеуште важи тоа​
За тебе е потребна страст​
Не треба да недостасува​
Потребна е спретност бидејќи​
Знаеш дека работам со срце​
Љубовни песни не се доволни​
Никогаш, потребни се повеќе​
За да ти кажам повторно​
За да ти кажам дека​
Поубаво нешто нема​
Поубаво нешто од тебе​
Единствена ко што си​
Бескрајна кога сакаш ти​
Благодарам што постоиш...​
Како ли не минува со​
Годините мои желбата​
Бескрајна за тебе, што ли е таа​
Мистерија што сеуште си​
Она што го носам во себе​
Моментите што ги имам може се​
Оние мигови што ми ги пружаш​
Само зборови може се, но​
Знаеш дека работам со глас​
Laura Pausini - Strani amori
(Необични љубови)
Жалам, но заминувам​
Иако знаев дека лaга е​
Сето време загубено по него​
Кој што ветува, но не се смени​
Необични љубови, создаваат проблеми​
Иако, навистина, тоа сме ние​
И го чекаш покрај телефон​
Расправајќи (се) дали е слободен​
Со срце стегнато во стомак​
Како клопче во аголот​
Тука, сама, во грч заледена​
Зошто ли го нема, тоа се...​
Необични љубови кои прават да растеме​
И да се смееме низ солзите​
Колку ли страници има за пишување​
Сништа и модринки за споделување​
Тоа се љубови кои на овие години​
Ја бунат душава​
Која се прашува, но не одговара​
Дали ова е љубов за нас​
Kолку ли ноќи поминав во солзи​
Читајќи ги повторно писмата твои​
Не можеш повеќе ни да ги фрлиш​
Заплеткан(а) во лавиринтот на носталгијата​
Големи љубови кои завршуваат​
Но зошто ли остануваат во срцето​
Чудни љубови пристигнуваат и заминуваат​
Во мислите кои ги сокриваат​
Вистински настани кои ни припаѓаат​
Но се напуштаат како и ние​
Необични љубови - лесно кршливи​
Затвореници, слободни​
Необични љубови кои не знаат да живеат​
И се губат во нас самите​
Жалам, сепак заминувам​
Тоа си го ветив самата​
Бидејќи сакам вистинска љубов​
Без тебе​
Француски:
ZAZ - La Pluie
(Дождот)
Небото е сиво, дождот доаѓа како изненадување​
Со нас е, како во ритуал во кој сме заглавени​
Чадорите се отвораат во ритам, како во танц​
Капките паѓаат во изобилие над убавата Франција​
Паѓај, паѓај, паѓај дожду​
Во овој неделен, декемвриски ден​
Во сенките на чадорите​
Минувачите брзаат, брзаат, брзаат без чекање​
Понекогаш ни се допаѓа кога ќе го повиши гласот​
За да нè растресе​
И кога ќе си замине, нема повеќе новини, освен топлините​
Тогаш се враќа како потреба за љубов​
И ја пее неговата песна, поплавата​
Паѓај, паѓај, паѓај дожду​
Во овој неделен, декемвриски ден​
Во сенките на чадорите​
Минувачите брзаат, брзаат, брзаат без чекање​
Паѓај, паѓај, паѓај дожду​
Во овој неделен, декемвриски ден​
Во сенките на чадорите​
Минувачите брзаат, брзаат, брзаат без чекање​
И паѓај... и паѓај... и паѓај... и паѓај​
И паѓај... и паѓај... и паѓа​
Keren Ann - Sur le fil
(На работ)
Животот е убав​
Помалку убав виден од небото, виден оттука​
Месечината е јасна​
И исто далечна, како морето, јас ја следам​
Го загубив сеќавањето​
Животот ми поминува пред очиве​
На полуостровот​
Ќе завршам, порано или подоцна...​
На работ1, сѐ е мирно и тивко​
На работ, сѐ е едноставно и лесно​
На работ, се смируваме...​
И чекаме​
Неколку мига потоа, свртрени кон ветрот, забораваме​
На лошата крв​
Луѓето во бело, несомнено премногу врева​
Ја заборавив приказната​
Мојот живот избледува​
Во палатите,​
Ќе завршам, порано или подоцна...​
На работ, сѐ е мирно и тивко​
На работ, сѐ е едноставно и лесно​
На работ, се смируваме...​
Решаваме​
Да го избегнеме, соочувајќи се со празнината, се навраќаме​
Крајот на филмот​
Кој е само црно-бел фил, јас го бришам​
Не е како да се испие морето2​
Мојот живот умира​
Остана уште еден час​
Ќе завршам, порано или подоцна...​
На работ, сѐ е мирно и тивко​
На работ, сѐ е едноставно и лесно​
На работ, се смируваме...​
Indochine - J’ai demandé à la lune
(Ја прашав Месечината)
Ја прашав Месечината​
И Сонцето не знаеше за тоа​
Ѝ ги покажав моите изгореници​
И Месечината ме исмеа​
И како небото да не изгледаше толку светло​
И јас не заздравував​
Си реков -- Каква несреќа...​
И Месечината ме исмеа​
Ја прашав Месечината​
дали сѐ уште ме сакаш​
Таа ми рече: „Немам навика,​
да се зафаќам во вакви случаи.“​
И ти и јас​
Бевме толку сигурни​
И неколку пати си велевме​
Дека ова е само една авантура​
И дека нема да трае​
Немам нешто посебно да ти кажам​
И ништо посебно за да те насмеам​
Затоа што секогаш го замислувам најлошото​
И заради најдобро, често страдам​
Ја прашав Месечината​
дали сѐ уште ме сакаш​
Таа ми рече: „Немам навика,​
да се зафаќам во вакви случаи.“​
И ти и јас​
Бевме толку сигурни​
И неколку пати си велевме​
Дека ова е само една авантура​
И дека нема да трае​
Германски:
Yvonne Catterfeld - Für dich
(За тебе)
Те чувствувам, во моите соништа,​
те заклучувам внатре, и секогаш ќе бидам покрај тебе.​
Те држам како виножитото, сосема цврсто на хоризонтот,​
бидејќи со тебе утрото повторно доаѓа.​
За тебе ги туркам облаците потака,​
бидејќи нема да го видиш ѕвезденото небо.​
За тебе толку долго се задржувам на земјата,​
се додека не бидеш повторно покрај мене.​
За тебе го правам секој ден бесконечен,​
за тебе сум уште посветла и од светлото,​
За тебе плачам, викам, се смеам и живеам,​
и се тоа само за тебе.​
И кога толку многу ми недостигаш, ги запирам солзите,​
за тебе, бидејќи од тоа за мене правиш насмевка .​
Те слушам без зборови, чувствувам каде си,​
иако се уште е толку темно.​
За тебе ги туркам облаците потака,​
бидејќи нема да го видиш ѕвезденото небо.​
За тебе толку долго се задржувам на земјата,​
се додека не бидеш повторно покрај мене.​
За тебе го правам секој ден бесконечен,​
за тебе сум уште посветла и од светлото,​
За тебе плачам, викам, се смеам и живеам,​
и се тоа само за тебе.​
Те слушам без зборови, чувствувам каде си,​
иако се уште е толку темно.​
За тебе ги туркам облаците потака,​
бидејќи нема да го видиш ѕвезденото небо.​
За тебе толку долго се задржувам на земјата,​
се додека не бидеш повторно покрај мене.​
За тебе го правам секој ден бесконечен,​
за тебе сум уште посветла и од светлото,​
За тебе плачам, викам, се смеам и живеам,​
и се тоа само за тебе.​
За тебе ги туркам облаците потака,​
бидејќи нема да го видиш ѕвезденото небо.​
За тебе плачам, викам, се смеам и живеам,​
само за тебе.​
Турски:
Toygar Işıklı - Gecenin hüznü
(Тага во ноќта)
Денот не изминува​
Болката во срцево е сурова​
Осаменоста​
Ме удира в лице и поминува веднаш​
Дури и мојата тага е изморена​
Секоја капка​
Тага во мојата солза е безнадежна​
Дали тоа што сум без тебе​
Ми ги прави ноќите бескрајни?​
Моево срце е повторно изморено​
Нема љубов во моите раце​
Љубов та ми е забранета мене​
Погледни, душава пак ми избледува​
Полека, полека​
Во осамена песна​
На работ на брдото уште еднаш​
Ох, љубовта од моиве усни​
Ми го раздлабочува срцето како жар​
Нема љубов во моите раце​
Љубов та ми е забранета мене​
Погледни, душава пак ми избледува​
Полека, полека​
Во осамена песна​
На работ на брдото уште еднаш​
Ох, љубовта од моиве усни​
Ми го раздлабочува срцето како жар​
Денот не изминува​
Болката во срцево е сурова​
Осаменоста​
Ме удира в лице и поминува веднаш​
Дури и мојата тага е изморена​
Моево срце е повторно изморено


Има доста преводи кои ги имам позајмено од моите другарки, но има и некои песни кои јас ги имам преведено, но исто така и позајмено од интернет. повеќе преведени можете исто така тука да најдете
 
P

parvati

Гостин
Lenny Kravitz - I belong to you
Ја ти припаѓааамм... ти ми припаѓааааш...
...истотакаааааа

Madonna - Like a virgin
Kaко девицааа... допрена за многу прф пат...
Кааако деееевиииицаааааа....
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Си се трудел, не викам не и тоа е за пофалба. Ама темава е тотално бескорисна.
Нели имаше некоја тема турбофолк песни се преведуваа на англиски?

„Раке пуке раке шлаке како ќе го преведеш?“ :pos::pos::pos:

Може и тука некој таков бисер ќе се најде.
 
C

Celsius

Гостин
Sólstafir
Fjara/Плажа
Icelandic
Ова е најдалеку што можам да одам.​
Никогаш повеќе истиот.​
Гадниот пат ме повикува,​
од денот кога избегав повторно од животот.​
Дури и ако победам овој единствен пат,​
тоа сеуште ќе значи мојот крај.​
Уверен дека ништо не завршува на добро.​
Ова е мојот крај.​
Ден и ноќ срцето ми е неуспокоено.​
Со скршена волја и замрзната насмевка.​
Јавајќи натаму, срцето пумпа созли,​
Јас чекорам сам ден и ноќ.​
Коските гнијат во земјата,​
исто како твоите тањи​
што долго ги криеше од мене.​
Но крвта тежи повеќе од тишината.​
Скршени зборови, како парчиња стакла од твојата уста,​
болат повеќе од секоја рана​
Неисполнети завети кои повеќе ништо не ми значат.​
Лагите твој како гриз на змија отровница.​
-Че
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.078
Поени од реакции
57.395
Еден поздрав до @parvati :D
Yesterday на кумановски (за другата тема ја имав преведувано) :)

Битлси - Ичера


Ичера,
сви мои муки изгледасва ми толко далечни
С'га, изгледа ќе си останев туј
О, верују у ичера

Од ед'н пут
Не сам ни на половин од тај човек што беше
Некоја сенка виси изнад мене
О, ичера дојде на ед'н пут

Зашто она
морала да отиде, незнам, неќеше да остане
може и кажа нешто лошо,
па с'га тугујем по ичера

Ичера
Љубовта беше л'сна игра за играње
С'га требе ми некое место да се сокрију
О, верују у ичера

Зашто она
морала да отиде, незнам, неќеше да остане
може и кажа нешто лошо,
па с'га тугујем по ичера

Ичера
Љубовта беше л'сна игра за играње
С'га требе ми некое место да се сокрију
О, верују у ичера
 
Член од
16 јули 2009
Мислења
30
Поени од реакции
11
1. Сонг на кантри-пеачката Алисон Мурер во видео-клипот на оваа адреса
http://www.dailymotion.com/video/xh0bu_allison-moorer-a-soft-place-to-fall_music#from=embed
МЕКО МЕСТО ЗА ПАЃАЊЕ
Еве, пак крај тебе ме затече зора рујна
да се послужиш со мојата љубовна кујна;
но,значајните нешта одбегнуваат раѓање
кога стално бараш меко место за паѓање.
Молам, бејби, немој погрешно да ме сфатиш,
со враќање на филмот не сакам да платиш,
но ти треба добро да знаеш зошто реков
дека и јас за паѓање барав место меко.
Барав меко место, не ти го барав тронот,
туку сал мало ќошенце со твоја склоност
за трошка љубов, како во детска басна,
со порака божем скриена а секому јасна:
не бев јас со умисла и за одмазда гладна
само топол кревет барав во ноќта ладна!
А кога ќе се разбудиш и ме побараш надвор
јас ќе бидам далеку од љубовниот затвор -
ти си оној што ми покажуваше често
како се наоѓа за паѓање меко место.
*************
2. Сонг на Sinead O’Connor Nothing Compares 2 u
http://www.youtube.com/watch?v=e_fPS0HwjJc&feature=player_embedded

Мајкин градинар

Се скаменија седум часа и петнаесет дена
откако со неповрат љубовта твоја ми плати
дење спијам и сал ноќе можам да се кренам
со луда надеж дека мракот ќе ми те врати.
Откако те нема јас сенешто можам,
да се забавувам со кој ќе ми текне,
да лудувам отмено на софи од кожа
но знам од тоа нема да ми лекне –
зашто споредба нема под ова небе
што бар малку ќе потсеќа на тебе.
Толку самувам без тебе, ко птица нéма,
за солзиве не можам да изградам брана,
се судам дека од моја грешка те снема
и секоја мисла со очај си ја хранам.
А видам момче ми иде да го гушнам
и знам дека твојот лик ќе ми блесне;
бев на доктор и знаеш што слушнав?
Хоби да сум нашла што ќе ме тресне,
будалата смета дека сум вон од себе
оти знам дека нема споредба за тебе.
Мајкин градинар што двор ми личоса –
сé помре без твојте раце да го пазат!
Со тебе животот напати ме ничкоса
но сé би дала да ми се вратиш назад
зашто споредба нема под ова небе
што бар малку ќе потсеќа на тебе.
*******
3. Сонг на Сајмон и Гарфанкел
http://www.youtube.com/watch?v=9hUy9ePyo6Q&feature=player_embedded
ЗВУК НА ТИШИНАТА

Еј, здраво, пријателе Мрак
ти дојдов еве, на муабет пак,
бидејќи гроза ми пресече гради,
дур` спиев семе нејно ми всади,
и призрак во умот немо ми пека
во заседа подла уште ме чека -
Звукот на тишината.

Со немир сништата ги облеков во срмата,
во тесните сокаци вткаена во калдрмата
под бандерата како ореол на тагата,
дигнав јака против студот и влагата,
дур` светилката со својот блесок
ми фрли грстови неонски песок
па очите ми станаа слепи
додека ноќта ја цепи
Звукот на тишината.

И видов со очите свои скршени
илјаден народ ко ангели совршени,
секој од нив без говор и слух,
глувонема толпа ко маѓосан дух
што со гласови никогаш чуени
песни пее со немир затруени
од Звукот на тишината.

“Будали,- им реков вџасен -
тишината ко тумор расте,
зборовите мои ги впива ко суша
раце ми врзува да не ве гушнам!“
Ама и тие зборови ко дождец тивок
потонаа во новиот живот
како ехо на Тишината.

А пред неонскиот бог клекнати
му се молеа луѓето шекнати
па знак за опомена им блесна
во зборовите што станаа песна:
Подземјето на ѕидовите свои
новите закони сега ги крои,
Пророк синајски никој не брои,
уката негова одамна е мината -
шепотат звуците на тишината.
**********
4. Сонг на Ronan Kiting “If Tomorrow Never Comes“
http://www.youtube.com/watch?v=S4kzGhDEURA
Ако утре ме снема
Понекогаш, во ноќи доцни,слепи,
крај неа буден, гледам како спие,
како мирен сон нејна снага крепи
па излегувам и в мракот, свиен,
на разни мисли умот ми се цепи:
што ако утрето осамнам ладен,
дали неа сомнеж ќе ја јаде
дека љубовта ù ја крадев?
Ако утрето веќе не ме зрачи -
ќе знае ли колку многу ја сакав?
Умеев ли на секој можен начин
да покажам колку многу ми значи
и дека ми е најслатката мака?
И ако мојот земен живот свене
со светот таа ќе се бори без мене
и дали љубовта што за неа ја гаев
ќе биде доволна сама да истрае
ако утре мојот крај е?
Зашто, блиски во животот веќе губев
а не дознаа колку многу ги љубев
и сега живеам со тешко каење –
зошто за моите чувства не трубев
па и тие починаа во вечно таење?
И така се заветував самиот на себе
колку ми значи секој ден да и` кажам
за веќе никогаш да не морам да тажам
дека неа сомнеж некогаш ќе ја гребе
дека со молчењето може и лажам.
Ако утрето веќе не ме зрачи -
ќе знае ли колку многу ја сакав?
Умеев ли на секој можен начин
да покажам колку многу ми значи
и дека ми е најслатката мака?
(рефрен)
И ако мојот земен живот свене
со светот таа ќе се бори без мене
и дали љубовта што за неа ја гаев
ќе биде доволна сама да истрае
ако утре мојот крај е?
И ти, секој ден кажи ù колку ти значи
таман и да рече “на глава ми се качи“ -
не срами се дека ќе изгледаш бедно -
оти ова утро може да ти е последно.
******
5. Сонг од Loreena McKennitt
http://www.youtube.com/watch?v=mXtrqHrHcI8

Ноќен пазар во Маракеш
Тие таму се поредени во кружна свита
со ламби в лица што им светат;
дур` месечевиот срп небото го жнее
поетите-тапанџии наоколу шетат
и нежно го запираат срцевиот ритам
а умира чадот ветрец што го вее.
Од ќулавката сенка-човек вика:
“Мојта маска – лична ли е слика?
Мојто огледало дали ти го сакаш?
Погледни си сам во твојата мака
или еднододруго, заедно, во слога,
да му ѕирнеме во лицето на Бога!
Приказните се исткаени, трасиран е патот,
а судбините ни се проречени;
вистината е измерена со твоето злато
и магичните лаги се пресечени,
расфрлани како глисти по земја лазат
дур` верата зазвучува во ноќниот пазар.
Од ќулавката сенка-човек вика:
“Мојта маска – лична ли е слика?
Мојто огледало дали ти го сакаш?
Погледни си сам во твојата мака
или еднододруго, заедно, во слога,
да му ѕирнеме во лицето на Бога!“
А друг глас нуди сред пазарски сенки
лекции напишани на папируси тенки,
на коњ донесени откај реката Нил
за урок што секому ќе биде мил:
се извива и пишти во оган кобра
приказнава за да ни биде добра.
Од ќулавката сенка-човек вика:
“Мојта маска – лична ли е слика?
Мојто огледало дали ти го сакаш?
Погледни си сам во твојата мака
или еднододруго, заедно, во слога,
да му ѕирнеме во лицето на Бога!
*******
6. Сонг од Joshua Kadison
http://www.youtube.com/watch?v=gre4DZuA6k4

Џеси (локализирано Гоца)

Во пет наутро од Прилеп, Гоца ѕрна плачно,
да ми каже дека сама ù е многу мачно -
па рече:“ Бубе, баш си фраер и те сакам
да одиме по плажите во Охрид фатени за рака
да пивкаме ж`та и мачорот со нас да шета -
да се пропушти тоа зарем не е штета?“
Ох, дива Гоцо, ти ко учутма ме леташ!
Гоцо, знам, ме мафташ за тоа како ќе те клатам
и знам, за таа надеж со скршено срце ќе платам
ама сепак кажи ми сé за нас двајца сплотени!
Гоцо, вешта си да продадеш мечти испотени,
ох, Гоцо, моите сомнежи се веќе скротени!
Таа ме праша како е мачорот, ù реков дека дреме
иако знаев дека за неа размислува цело време,
а токму кога решивме нејзината слика да ја скинеме
ни се јави Гоца за со неа убаво да си поминеме!
Таа рече спакувајте се со мачорот и брзо вози,
ти ветувам дека сега на број ми се сите кози!
Гоцо, знам, ме мафташ за тоа како ќе те клатам
и знам, за таа надеж со скршено срце ќе платам
ама сепак кажи ми сé за нас двајца сплотени!
Гоцо, вешта си да продадеш мечти испотени,
те љубам и сакам да ми бидеш сончев блесок
ете, дошло време да те легнам во врелиот песок!
Гоцо, знам, ме мафташ за тоа како ќе те клатам
и знам, за таа надеж со скршено срце ќе платам
ама сепак кажи ми сé за нас двајца сплотени!
Гоцо, вешта си да продадеш мечти испотени,
ох, Гоцо, моите сомнежи се веќе скротени!
*******
7. Сонет бр.29 од Вилијам Шекспир
http://www.youtube.com/watch?v=X6FFtq5CEoM
Кога во немилост на среќата и човечкиот род
сосема осамен се оплакувам што сум паднат
и молби залудни праќам до небесниот свод –
се гледам себе и ја колнам судбината гадна.
Посакувам да сум ко некој побогат со надеж,
истакнат и како него, во пријателска свита;
посакувам рангот и вештините да ми ги даде,
со неговото најмало да можам да се китам.
Но, кога презирот кон себе до дното ќе стигне,
помислувам на тебе и во мојата душа од сорта
чучулигата веднаш го бодри денот да се дигне
од тажната земја со песна до небесната порта.
Мислата за твојата слатка љубов ја убива мојата жал
и јас со презир одбивам да се менувам со било кој крал.
 
C

Celsius

Гостин
Shimbalaiê / Спокој
by. Maria Gadú
Portuguese​
Спокој, кога гледам како сонцето го бакнува морскиот хоризонт​
Спокој, секој пат кога оди да спие​
Природата, божица на животот​
Чистата убавина на раѓањето​
Цветот блеска на сонцето​
Рибарот моѓу морето и јадицата​
Слободни мисли како небото​
Замислиси хартиено бротче​
Како заминува за никогаш да не се врати​
Движејќи се по волјата на Iemanjá (Бразилска божица на морето/Мајка на сите)​
Рефрен (2x)​
Спокој, кога гледам како сонцето го бакнува морскиот хоризонт​
Спокој, секој пат кога оди да спие​
Колку долго ќе ми треба да научам​
дека цветот живее од своето раѓање​
дека цветот блеска на сонцето​
рибарејќи помеѓу морето и јадицата​
Рефрен (2x)​
Спокој, кога гледам како сонцето го бакнува морскиот хоризонт​
Спокој, секој пат кога оди да спие​
Јас сум капетанот на овој свет​
со можност да плови без граници​
Да ја живее годината во една секунда​
Ценејќи ги соновите повејќе од празноглавоста​
Станувајќи едно со книгата​
зборувајќи за суетите​
Да научиш кога ќе ти треба​
за да можеш да ја кажуваш вистината​
Рефрен (4x)​
Спокој, кога гледам како сонцето го бакнува морскиот хоризонт​
Спокој, секој пат кога оди да спие​
-Че
 
S

Sagan

Гостин
Супер тема да се научи некој странски збор преку музика.
Мал придонес и од мене.

Полина Гагарина
Колыбельнаја / Приспивна
Руски

Untitled.jpg
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ми се допаѓа што видов песни од јазици кои кај нас што се навистина многу малку слушани. Песните кои се преведени погоре навистина се со одличен текст (y)

Јас нешто преведов од Ерос со наслов: Ништо не ти ветувам

-Италијански

Eros Ramazzotti - Non Ti Prometto Niente
(Ништо не ти ветувам)
Немој сега да ме прашуваш​
кога ќе се вратам,​
те молам не инсистирај,​
можеби јас ќе ти се јавам,​
ништо не ти ветувам​
иако ти мене ми се допаѓаш​
Ништо не ти ветувам​
јасно ти е да е такво правилото​
да се видиме само на некое време,​
знам дека ова не е доволно,​
но во овој момент ништо не ветувам​
Знаеш дека тоа веќе го имам искусено некогаш​
сум поминал низ се и сешто,​
сум верувал наивно,​
погледни како сум завршил, погледни како сум завршил​
Ако повторно се заљубам некогаш​
не сум сигурен дали тоа ќе биде со тебе,​
ако има празен простор во моето срце​
можеби ти ќе го пополниш некогаш,​
но сега не ме прашувај​
ништо повеќе,​
не умеам да ти одговорам​
дали работите ќе се променат еден ден...​
ништо не ветувам​
Јас само сакам да знаеш дека крај тебе јас се чуствувам подобро​
и можеби ти баш ќе успееш да ми ги отвориш очите​
ништо нема да зборувам повеќе,​
ништо нема да зборувам повеќе​
Ако повторно се заљубам некогаш​
не сум сигурен дали тоа ќе биде со тебе,​
ако има празен простор во моето срце​
можеби ти ќе го пополниш некогаш,​
но сега не ме прашувај​
ништо повеќе,​
не умеам да ти одговорам​
дали работите ќе се променат еден ден...​
ништо не ветувам

 
Член од
16 јули 2009
Мислења
30
Поени од реакции
11
Поема The Lady of Shalott од англискиот поет Лорд Алфред Тенисон,
во музичка изведба на Лорена МакКинит

http://www.youtube.com/watch?v=80-kp6RDl94

Господарката на Шалот
1
На речните брегој спружени
долги ниви јачмени и `ржени
рамница-невеста за небото китат,
а преку полето патот скита
кон кулите на Камелот.
Од обете насоки луѓе зјапат
по јоргованите што се капат
во ветрот кој во нежен напад
го милува островот Шалот.
2
Треперат врбјаци бели и јасики мали
дур` самрачен ветрец нежно ги гали
преку бранот што таман ќе се опне
удира во островот, замира и копне
пловејќи удолу кон Камелот.
Обраснати со ползници китки диви
четири ѕидови и четири кули сиви
во тишина ама како да се живи
ја гушкаат Господарката на Шалот.
3
Под врбовите велови свечени
тешки баржи од коњи влечени
без поздрав или бар миг со око
ги одминува едреник скоком
залетан надолу кон Камелот.
Или сепак некој на прозорот виде
мафтање од рака за поздрав да иде -
најпознатата рака зар тоа ќе биде
раката на Господарката на Шалот?
4
В мугри, дур` јачмени снопја се носат,
тукушто жетварите почнаа да косат,
наздравувачки весела песна чуја,
поздрав трепетен од речната струја,
долу таму кај вишниот Камелот.
А Месечината саноќ се измачила
па со српот сал ехото го закачила
шепот да пронесе до ридските бачила:
“Самовила е Господарката на Шалот!“
5
Таму таа саноќ и катаден ткае
волшебен килим во бои да сјае.
И таа беше чула шепот да се гласи
дека од клетва нема да се спаси
ако му се перчи на Камелот.
Но, не знаеше таа клетвата што е
па така мирно и со елан двоен
да ткае вредно во замок строен
си продолжи Господарката на Шалот!
6
На севидно огледало пред неа закачено
преку цела година пролетуваа измачено
сенките на светот по друмот што вјасаат
стравопочитно за навреме да стасаат
долу таму во Камелот.
И речните вртежи и сулини така ги гледа
и селаните намрштени пцости кога редат
ако пазарските девојки мадро не си седат
заминувајќи крај Шалот.
7
Понекогаш толпа моми раскрекано каска,
или задреман в седло поп јава на маска,
напати кадраво овчарче кавал свири
или паж во скерлетно ко паун се шири -
патувајќи сите кон Камелот.
А кога минат витези во бојна спрема-
жалта во срцето здивот ù го зема
зашто вистински и верен витез нема
Господарката на Шалот!
8
А огледалото сеуште од светот лови
и таа ноќе дури Месечината плови
волшебно ги ткае во својот килим
и глетките кои не се баш мили
од патот кон Камелот.
Музички погреб на брачна двојка млади,
со перјаниот раскош еднаш и` се згади:
“Па ова веќе наполу од тактот ме вади!“
- си рече Господарката на Шалот.
9
На стреломет од нејзиниот чардак
сред снопја јачмен построени ко гарда
во жолтото поле на коњ јавнат езди
оној кој многу дами остава без здив -
храбриот Сер Ланселот.
Крстоносец витез, за душманот треска,
во оклоп искован од најтврда смеска,
на сонцето гордо, ослепувачки блеска
недалеку од зафрлениот Шалот.
10
Дизгините пуштени летаат врз патот
како сјајни гранки на ѕвездено јато
а прапорците весело шират ритам,
поздрав за жетвари од оној што ита
удолу кон Камелот.
На ременик раскошен со грб рисан
меч и сребрена бојна труба висат,
ѕвонат на оклопот ко пијан клисар
недалеку од зафрлениот Шалот.
11
Во денот син што безоблачен трае,
кожното седло со богат накит сјае
под огнот на перјаницата и шлемот
кои заедно заштитнички и немо
го следат дур` јава кон Камелот.
А често под звездениот сјај вечен
пурпурот на ноќта метеор го сече
со огнената опашка што ја влече
преку мирниот Шалот.
12
Неговите пијавици-веѓи строго мрчат
на коњот поткован што в галоп трча,
а ќумур-црни кадрици од таа глава
се веат под шлемот додека тој јава
удолу кон Камелот.
Жива слика во огледалото пулсира
слеана со екот од песната “Тира Лира“
што реката и брегот сложно ја свират
а ја пее Сер Ланселот.
13
Се оттргна таа од својот ткаен декор
а в душата немир ја клука во чекор :
се виде со цветот на водниот лилјан
погледот негов ù потсече крилја,
загледана удолу кон Камелот.
Одлета килимот и стана само мрша
огледалото пукна - парчиња се кршат,
“Зар дојде часот деној да ми свршат!“
извика Господарката на Шалот.
14
Буроносни ветри од исток ко волци
оглодаа дрвја, ги сторија колци,
матицата речна врз брегови ползи
а плачното небо од крбли солзи
врз утврдениот Камелот.
Се стрча таа кон чамецот спремен
за случај ваков во спас да ја земе
но потонат в кал ја пречека бремен
Господарката на Шалот!
15
И во транс, ко гатачки шаман,
без гнев или протест ил` аман,
дур` в поглед ù гаснеше жарта
се помири со својта зла карта
гледајќу удолу кон Камелот.
А кога денот ноќ се стори ладна
во матица речна - аждаја гладна,
истоштена и бледа полека падна
Господарката на Шалот.
16
Како снегулка од виориште бесно
маткана безмилосно лево и десно,
откинат лист што браној го газат
во ноќен виеж без надеж за назад
отплови таа кон Камелот.
На врби скршените чамци обесени,
и житните снопја во калта замесени
последната песна ја чуја потресени
од Господарката на Шалот.
17
Од неа ечи божиќна песна мила
понизно пејана со последна сила
на крвотокот што веќе се кочи
во последен залез на нејните очи
свртени кон Камелот.
И пред да допре до куќата прва
приливот ја сопре врз едни дрва
за иако мртва живи да се стрват
на Господарката на Шалот.
18
Веста за телото се беше чула
дека плови под балкони и кула
и мртво бледо меѓу куќи вишни
блеска пред погледи скришни
молкум во Камелот.
Витез и граѓанин, лорд па и дама,
сеират ама по малку и се срамат
оти мртва слика в ум ќе си врамат
од Господарката на Шалот!
19
Која е таа? Што всушност се случи?
Во кралската палата кај танц се учи
и без наредба замре звукот весел
па се крстат оти страв ги тресе
витезите на Камелот.
А Ланселот, што вистината ја љуби,
рече “Ах, клетви незнајни и груби!
Со мојот уроклив поглед јас ја убив
Господарката на Шалот!
20
Витезот покајнички, од очај шекнат,
со молитва кон Бога здушно клекна.
А Бог милостив во својата сила
го вознесе телото на нашата вила
угоре високо над Камелот.
И оттогаш секоја пролет или лето
на разбој од цреши ширум светот
раскошен килим ткае со цветот
Господарката на Шалот.
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 20:09 ---
Поема The Lady of Shalott од англискиот поет Лорд Алфред Тенисон,
во музичка изведба на Лорена МакКинит
http://www.youtube.com/watch?v=80-kp6RDl94
Господарката на Шалот
1
На речните брегој спружени
долги ниви јачмени и `ржени
рамница-невеста за небото китат,
а преку полето патот скита
кон кулите на Камелот.
Од обете насоки луѓе зјапат
по јоргованите што се капат
во ветрот кој во нежен напад
го милува островот Шалот.
2
Треперат врбјаци бели и јасики мали
дур` самрачен ветрец нежно ги гали
преку бранот што таман ќе се опне
удира во островот, замира и копне
пловејќи удолу кон Камелот.
Обраснати со ползници китки диви
четири ѕидови и четири кули сиви
во тишина ама како да се живи
ја гушкаат Господарката на Шалот.
3
Под врбовите велови свечени
тешки баржи од коњи влечени
без поздрав или бар миг со око
ги одминува едреник скоком
залетан надолу кон Камелот.
Или сепак некој на прозорот виде
мафтање од рака за поздрав да иде -
најпознатата рака зар тоа ќе биде
раката на Господарката на Шалот?
4
В мугри, дур` јачмени снопја се носат,
тукушто жетварите почнаа да косат,
наздравувачки весела песна чуја,
поздрав трепетен од речната струја,
долу таму кај вишниот Камелот.
А Месечината саноќ се измачила
па со српот сал ехото го закачила
шепот да пронесе до ридските бачила:
“Самовила е Господарката на Шалот!“
5
Таму таа саноќ и катаден ткае
волшебен килим во бои да сјае.
И таа беше чула шепот да се гласи
дека од клетва нема да се спаси
ако му се перчи на Камелот.
Но, не знаеше таа клетвата што е
па така мирно и со елан двоен
да ткае вредно во замок строен
си продолжи Господарката на Шалот!
6
На севидно огледало пред неа закачено
преку цела година пролетуваа измачено
сенките на светот по друмот што вјасаат
стравопочитно за навреме да стасаат
долу таму во Камелот.
И речните вртежи и сулини така ги гледа
и селаните намрштени пцости кога редат
ако пазарските девојки мадро не си седат
заминувајќи крај Шалот.
7
Понекогаш толпа моми раскрекано каска,
или задреман в седло поп јава на маска,
напати кадраво овчарче кавал свири
или паж во скерлетно ко паун се шири -
патувајќи сите кон Камелот.
А кога минат витези во бојна спрема-
жалта во срцето здивот ù го зема
зашто вистински и верен витез нема
Господарката на Шалот!
8
А огледалото сеуште од светот лови
и таа ноќе дури Месечината плови
волшебно ги ткае во својот килим
и глетките кои не се баш мили
од патот кон Камелот.
Музички погреб на брачна двојка млади,
со перјаниот раскош еднаш и` се згади:
“Па ова веќе наполу од тактот ме вади!“
- си рече Господарката на Шалот.
9
На стреломет од нејзиниот чардак
сред снопја јачмен построени ко гарда
во жолтото поле на коњ јавнат езди
оној кој многу дами остава без здив -
храбриот Сер Ланселот.
Крстоносец витез, за душманот треска,
во оклоп искован од најтврда смеска,
на сонцето гордо, ослепувачки блеска
недалеку од зафрлениот Шалот.
10
Дизгините пуштени летаат врз патот
како сјајни гранки на ѕвездено јато
а прапорците весело шират ритам,
поздрав за жетвари од оној што ита
удолу кон Камелот.
На ременик раскошен со грб рисан
меч и сребрена бојна труба висат,
ѕвонат на оклопот ко пијан клисар
недалеку од зафрлениот Шалот.
11
Во денот син што безоблачен трае,
кожното седло со богат накит сјае
под огнот на перјаницата и шлемот
кои заедно заштитнички и немо
го следат дур` јава кон Камелот.
А често под звездениот сјај вечен
пурпурот на ноќта метеор го сече
со огнената опашка што ја влече
преку мирниот Шалот.
12
Неговите пијавици-веѓи строго мрчат
на коњот поткован што в галоп трча,
а ќумур-црни кадрици од таа глава
се веат под шлемот додека тој јава
удолу кон Камелот.
Жива слика во огледалото пулсира
слеана со екот од песната “Тира Лира“
што реката и брегот сложно ја свират
а ја пее Сер Ланселот.
13
Се оттргна таа од својот ткаен декор
а в душата немир ја клука во чекор :
се виде со цветот на водниот лилјан
погледот негов ù потсече крилја,
загледана удолу кон Камелот.
Одлета килимот и стана само мрша
огледалото пукна - парчиња се кршат,
“Зар дојде часот деној да ми свршат!“
извика Господарката на Шалот.
14
Буроносни ветри од исток ко волци
оглодаа дрвја, ги сторија колци,
матицата речна врз брегови ползи
а плачното небо од крбли солзи
врз утврдениот Камелот.
Се стрча таа кон чамецот спремен
за случај ваков во спас да ја земе
но потонат в кал ја пречека бремен
Господарката на Шалот!
15
И во транс, ко гатачки шаман,
без гнев или протест ил` аман,
дур` в поглед ù гаснеше жарта
се помири со својта зла карта
гледајќу удолу кон Камелот.
А кога денот ноќ се стори ладна
во матица речна - аждаја гладна,
истоштена и бледа полека падна
Господарката на Шалот.
16
Како снегулка од виориште бесно
маткана безмилосно лево и десно,
откинат лист што браној го газат
во ноќен виеж без надеж за назад
отплови таа кон Камелот.
На врби скршените чамци обесени,
и житните снопја во калта замесени
последната песна ја чуја потресени
од Господарката на Шалот.
17
Од неа ечи божиќна песна мила
понизно пејана со последна сила
на крвотокот што веќе се кочи
во последен залез на нејните очи
свртени кон Камелот.
И пред да допре до куќата прва
приливот ја сопре врз едни дрва
за иако мртва живи да се стрват
на Господарката на Шалот.
18
Веста за телото се беше чула
дека плови под балкони и кула
и мртво бледо меѓу куќи вишни
блеска пред погледи скришни
молкум во Камелот.
Витез и граѓанин, лорд па и дама,
сеират ама по малку и се срамат
оти мртва слика в ум ќе си врамат
од Господарката на Шалот!
19
Која е таа? Што всушност се случи?
Во кралската палата кај танц се учи
и без наредба замре звукот весел
па се крстат оти страв ги тресе
витезите на Камелот.
А Ланселот, што вистината ја љуби,
рече “Ах, клетви незнајни и груби!
Со мојот уроклив поглед јас ја убив
Господарката на Шалот!
20
Витезот покајнички, од очај шекнат,
со молитва кон Бога здушно клекна.
А Бог милостив во својата сила
го вознесе телото на нашата вила
угоре високо над Камелот.
И оттогаш секоја пролет или лето
на разбој од цреши ширум светот
раскошен килим ткае со цветот
Господарката на Шалот.
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 20:16 ---
Песна од руската поетеса Марина Цветаева,(1892–1941), музички изведена во филмот “Иронија на судбината“

http://www.youtube.com/watch?v=yvgCUZOXY-A

ЌЕФ МИ Е

Ќеф ми е што од мене не сте болен
а ни јас за вас од земја не се траќам,
па така, мирно е гравитационото поле
и планетава гувее како кротка сваќа.

Ќеф ми е што можам да сум забавна -
иако развратните алузии ги сопрев
и да не црвенеам со трема задавна
од што бегло со ракавот ве допрев.

И пак ќеф ми е што при мене жива
мирно друга гушкате иако е груба
и во адскиот катран не ќе пливам
зашто вместо неа јас не ве љубам.

А ни името нежно мое нема спомен,
од ваште усни моите уши не го чуја -
а и што ако црковниот камен ломен
не ќе одекнува над нас со Алелуја!

Фала ви многу, и од срце и од рака,
за тоа што вие самиот немате поим
колку вашето срце моето го сака
и мојот ноќен мир со мечти го пои -
за ретки средби кога сонце се крене,
за непрошетки при месечев одраз,
за жалта што сте болен но не од мене,
за жалта што сум болна но не од вас!
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 20:22 ---
Сонг на Леонард Коен
http://www.youtube.com/watch?v=P0j14GrB-u8
ИЛЈАДА БАКНЕЖИ ДЛАБОК

Ждребиња трчаат,чупиња пупат,
предизвик за ќарот те пецка;
добиваш понекогаш, и на клупа -
длабиш мала победничка рецка.
Непобедлив пораз те кани -
и пак делењето ти е слабо;
од јавето амбис те брани
илјада бакнежи длабок.
За вадење и измама се стегнав,
си се вратив во Буги селото;
но, изгубив стис и си легнав
во прегратката на Ремекделото.
Предолга трка мене ме чека
и ал завети дадени на Бог
но уште зорле за живот пекам
илјада бакнежи длабок.
И некогаш ноќе, јас тегаво итам
беден и кроток, турнат на работ,
со стегнато срце ловам ритам -
илјада бакнежи длабок.
Од сите страни сме сардисани
границата морска за сите е иста;
мршојадци сме шашардисани
во потрага по мирен пристан.
На бродска палуба еве ѕвонам
ја славам цврстината на дабот;
но,кандисувам во него да тонам
илјада бакнежи длабок.
За вадење и измама спремен
во улицата Буги пак се мувам;
да се менат зар дојде време
даројте што сакав да ги чувам?
И тиха е мислата што чека
мур да удри на времето забот;
освен што заборавив дека -
илјада бакнежи е длабок.
(рефрен)
И некогаш ноќе, јас тегаво итам
беден и кроток, турнат на работ,
со стегнато срце ловам ритам -
илјада бакнежи длабок.
(рефрен)
Ждребиња трчаат,чупиња пупат,
предизвик за ќарот те пецка;
добиваш понекогаш, и на клупа -
длабиш мала победничка рецка.
Непобедлив пораз те кани -
и пак делењето ти е слабо;
од јавето амбис те брани
илјада бакнежи длабок.
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 20:51 ---
Песна од германскиот поет Хајнрих Хајне (1799-1856)
http://www.youtube.com/watch?v=0pSYRLZj8xs
ЛОРЕЛАЈ
Јас не знам што може да значи,
ко казнет сум со поетска глоба
да ја раскажам на јасен начин
приказната од древното доба.
Воздух смрзнува, тера на треска
и самрак паѓа на Рајна што тече;
од врв-планина боцкаво блеска
сонцето со “чао“ за новата вечер.
Најубава девица таму ене седи,
чудесија, неопислива да се каже:
накитот златен ко сонце ù вреди,
вистина зрачи, не може да лаже.
Коса таа чешла со златен чешел,
така зафатена, жална песна пее,
песна за тој што кон неа грешел
па таа сега за него таговно бдее.
Минеше таму брод на рибар млад,
го обзеде песната, тој угоре зјапа;
и нему му надојде незапирлив јад
та не виде оти карпа стокмила напад.
Трагична прегратката на реката беше,
со неа рибарот престана да се бори,
потона замајан и јас нека сум грешен -
мислам дека тоа Лорелај му го стори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom