Мувла и отстранување на мирисот од сретства по чистење.

Член од
29 декември 2021
Мислења
11
Поени од реакции
3
Вака. Во соба ми искочи мувла(mildew, почетна фаза, беше само жолто). По распрашување од човек на човек ми го препорачаа сретството Savo од КАМ маркети. Го зедов го користев и за околу 1 час се повлече, ама мирисот на сретство веќе 4-ти ден како го имам во собата. По мирисот на него и содржи доместос(bleach) во него бидејќи го остава истиот/сличен мирис. Е сега дали би било паметно на истото место каде што е прскано(горен дел по ќожеви на ѕид) да испрскам и нанесам со џоѓер оцед. Дали имате искуство со ова и предлог за отстранување на мирисот

savo.jpg
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.130
Поени од реакции
10.476
Луфтирај дечко. Треба да изветрее миризбата.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Вака. Во соба ми искочи мувла(mildew, почетна фаза, беше само жолто). По распрашување од човек на човек ми го препорачаа сретството Savo од КАМ маркети. Го зедов го користев и за околу 1 час се повлече, ама мирисот на сретство веќе 4-ти ден како го имам во собата. По мирисот на него и содржи доместос(bleach) во него бидејќи го остава истиот/сличен мирис. Е сега дали би било паметно на истото место каде што е прскано(горен дел по ќожеви на ѕид) да испрскам и нанесам со џоѓер оцед. Дали имате искуство со ова и предлог за отстранување на мирисот

Прегледај го приврзокот 327733
Ќе го упропастиш ѕидот. Инаку не ти требало средство, секое средство против мувла е базирано на варикина, така што и варикина ќе ти завршела работа. Иначе за мирисот луфтирај, нема што друго, евентуално озонер купи си или миризливи свеќи/индиски стапчиња запали.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Ништо не треба да правиш освен да луфтираш, натриум хипохлорид - варикина, ќе копа јако 3-4 дена, потоа недела, две послабо и така.

Не мешај, ем не смееш пошто испушта хлор гас, ем нека ја сузбие мувлата убаво.

PS: И проблемот ти е што имаш влага од некаде. И се додека имаш влага ќе те јаде мувлата. И предизвикува секакви респираторни проблеми асми, синуси и слично...
 
Влага до сега не сум имал. Ова зимо оти надвор температурите беа ногу ниски на сушара цело зимо сушев алишта. Цело зимо ништо и сега кога се подстопли времето одма се појави. Не е скроз црно туку како жолто кафеава. Барем јас претпоставувам дека е од сушарата
Автоматски споено мислење:

Плус. Од прилика сабајлето од 8 до вечер до 10 константно е отворено плус вентилатор дува на внатре за да циркулира воздух. И се осеќа промена дека мирисо се намалува. Ама у моменто кога запалам огин(бидејќи у таа соба греањето ми е на дрва) за 5 10 мин па замерише.. Ногу кринџ сретство.
 
И мувлата има специфичен мирис, мене собата на подрум ми мирисаше. Во стариот стан кај мене, дека немаше изолација, а ѕидовите беа бетон, кога ги сменивме прозорите/вратата и почнаа да дихтуваат ко што треба (немаше толку провев), почна мувла да ми се прави. Кај мене во соба, дека два од четири ѕидови надворешни беа, цел ѕид црн стана, а по стакло буквално вода ми течеше од кондензација. Така да решение ти е - надворешна топлотна изолација (внатрешна не помага, бар кај мене не помогна, и под гипс картонот и стиропорот почна пак да се праи мувла и да мириса), прозори со природна вентилација или еден пријател што ми препорача (ама ја не го напраив), ѕидовите со хидромал да ги премачкаш.
 
Член од
19 ноември 2022
Мислења
7
Поени од реакции
1
Не помага ни Саво дечки, 3 години по ред прскав во соба на една недела се појавуваше, ставивме клима, мислејќи дека веќе нема да се појавува, повторно почна. Летово дома кречевме, го мачкаа ѕидот со хидромал флекс, еве го почна пак да се појавува. Не знам веќе што е паметно да се направи.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
356
Поени од реакции
484

Го имам истиот проблем, нови прозори, греење со клима и пак се јавува не многу ама ме нервира, мислам дека решението е со стиропор 10ка+ од надворешен дел на фасада.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.541
Исто е ко Саво само поскапо
Автоматски споено мислење:

Решението е абрик за фасада од оној готовиот, имав во купатилото и од кога ми го изработија плафонот воопшто не се појавува влага еве веќе три години
 
Член од
19 ноември 2022
Мислења
7
Поени од реакции
1
Го имам истиот проблем, нови прозори, греење со клима и пак се јавува не многу ама ме нервира, мислам дека решението е со стиропор 10ка+ од надворешен дел на фасада.
Истото го мислам, дека фасадата ќе го реши проблемот. Ми кажуваа и за навлажнувачи, ама мислам дека ќе бидат џабе фрлени пари.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.619
Поени од реакции
34.808
...штом нема добра изолација однадвор дали е фасада или купатило од комшијата со што цело време е под постојан влажен бран, тој услов е причината да во внатрешноста се развива мувлата, ма колку да се мачка било кое средство тоа е моментално уништување, а по извесен период пак ќе се појави,
... дури и секојдневното проветрување на местото каде се појавува мувла е подобро, отколку да се дишат сите тие хемикалии што се мачкаат кои содржат хлор и прават беља на дишните патишта.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
356
Поени од реакции
484
Истото го мислам, дека фасадата ќе го реши проблемот. Ми кажуваа и за навлажнувачи, ама мислам дека ќе бидат џабе фрлени пари.
Џабе фрлени пари за навлажнувач, само енергетски ефикасна фасада, голема заштеда на електрична енергија, а објектот ќе ти биде заштитен и топол.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom