Муабет уз утринско кафе...

Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
Го добив...топло, благо, со кајмаче..мх, мх, мх...прекрасна миризба, одличен вкус...наздравје
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Наздравје и на тебе за среќата што в мигов ја чувствуваш, кафето, утрински мевлем на душата, што со миризма милна опива и очи отвора.
Одам си јас едно да се напијам, многу в денот, но бесценети, како драги камења, кафиња македонски, горчливи како судбина, преубави како животот.
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
еј.....ај нека ти е наздравје, имаш некоја тема да ја муабетиш???
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
Имам многу работа, искрено во моментот би сакала помошшшшш..,ама ме радува фактот што денес е петок :) :) :)
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
Море одвај чекам да си одма дома, се утепав од работа, а јас цела папсана немам сила...уште ми се спие, мамурни луѓе...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Петок, ден како села недела, сите чекаат молчешкум, денот да приврши, за од работната седмица, два дена почин починат.

А, јас, само говорам, на работа им беседам. Чекам сабота да се наспијам, винце да се напијам, ракија со салта да замезам, а в недела на фудбал да изодбранам и со тимот да победам, за после секако весело на дружбата в меана да се насмеам, забавувам.

Ле_леаа, што не наминеш, в недела поминеш, на дружба да не запознаеш, на дружба весела?
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
Каде, кога тоа во недела, биди попрецизен.....можeби...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Во недела, на едно од овие две места : балон Форца Мобимак 17:30 (ако си за фудбал), или афтер-парти „Кај Перо” 19:00
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
Многу мразам фудбал...а што дешавки има кај перо..
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Пофудбалска собиранка, еден убав дел од активните кајганџии се збираат на убав помин. Се запознаваме со тие што не се знаеме, ги пропиваме тие што не пијат, ги расипуваме арните деца ... :pos: :pos:
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
По по по...дефинитивно не сум за таму..сепак, фала многу на поканата..за добра забава сум прва..
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
le_leaa напиша:
По по по...дефинитивно не сум за таму..сепак, фала многу на поканата..за добра забава сум прва..
З`ш ма? Шо ќе ти фале? Баш супер забава!!
Или мора да биде во зачадено клубче со техно... Па и така се продолжува понекојпат (за тие шо не заминуваат рано ко мене)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ле_леаа, мома убава, росно цвеќе планинско, зошто да не дојдеш, Кај Перо да не запознаеш, нас, момци арслан азгани, муабет лаф да скршиме, рујно вино да испиеме, а потоа од клуб зачаден, во глуво доба утринско дома со насмев да појдеме, среќни дома да дојдеме?
 
Член од
14 ноември 2005
Мислења
159
Поени од реакции
0
Мразам техно али повеке од се мразам фудбал...Сакам добро дружење и супер забави...
Ај ќе си одиме домаааа сега...девојка ми ми го направила омиленото јадење...зрр.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom