“Збогум“, но знам дека утре повторно ќе те видам... не се плашам да го изговорам, не е “засекогаш“.
Моќ?
Моќта на копнежот да го/ја видам повторно, моќта на разделба со повторна средба, недостигот на нејзиното/неговото присуство кое подоцна ќе биде надокнадено...
Најтешко “збогум“ во животот беше кога требаше да им го кажам на моите баби и дедовци, никогаш нема да го преболам.
Моќ?
Моќта на копнежот да ги видам повторно- но нема, моќта на разделбата без понатамошна средба, недостигот на нивното присуство кое никогаш нема да биде надокнадено и само ќе се натрупува, и натрупува, и натрупува...
Моќта на болката, тагата, солзите, очајот...