Мојот углед/репутација

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Дана, тој шо требаше не пишал, нели? :)
Ајлавју, узпат :)
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
На работа на пример ... таму не внимаваш каков впечаток оставаш, како се однесуваш, како разговараш со твоите претпоставени и колеги? Или со непознати луѓе со кои прв пат се гледаш. Дали не внимаваш на своето однесување? Сигурно не ги пцуеш, не им се издераваш и не ги вреѓаш. Ти си над тоа. Ете така потсвесно оставаш добар впечаток за себе и се здобиваш со добра репутација, како вработен, пријател, другар, дечко, син.
Угледот не значи да се има способност за лажење, преправање или глумење. Понекогаш и отворените луѓе како тебе, кои се однесуваат како што ти се опишуваш (со самото тоа некогаш дрско и лошо), можат да имаат добар углед или репутација, токму поради тоа.:back:
Ќе дојдеш некој ден ќе видиш бе мило, ќе погодиме некое полетање убаво од гз да го гледаме да ни дувка во косите, ем ќе седнеме на работа ќе видиш како се однесувам и дали се замарам со тоа каков впечаток оставам кај колегите. 8 работни саати сум со нив. Мојот дел од работата си ја вршам професионално за тоа што сум платен. Ниту очекувам некој од нив да ми биде другар, ниту после работно време дома да ми дојде на лаф-муабет. Ако нешто не ми иде по мерак, верувај дека имало случаеви кога сум се издеравал и пцуел и навредувал. Без разлика кој бил. Нормално, на моја штета, ама моето си го терам, дека мислам така е праведно. Не потклекнувам. Ти текнува девојчето што беше со нас последната вечер? Мајке ми, првпат ја имав сретнато, и сама виде колку само не ја ни перцепирав, јас тоа што го имав за зборување, го имав со тебе и Еко. Си го теравме ние нашето, она ако нешто се убацеше и сама знаеш дека на два три пати реков, ЌУТИ.

Не знам со какви зборови бе да напишам ебаго за да бидам појасен. Пцујам, вреѓам, пљукам. Праам тоа што мислам дека е соодветно во моментот. Не поради репутација, туку поради сам себе. Мислам дека тоа е праведно, дека така треба да постапам, и тоа и го правам. Не мислам на последици, не ме интересираат. Поважно ми е да не си лижнам тоа што сум го пљукнал. Поважно ми е да имам изграден карактер поради сам себе. Цврстина. А тоа дали Ива, ти, Еко, Боби, или некој друг ќе го оцени како добра особина, или лоша...не ме интересира. Не ми е важно. Се паднало така да ти мислиш дека е добра особина, и со тебе си го терам муабетот. Некој мисли дека е лоша, и ќе продолжам да го пцујам. :) Угледот не ми е важен. Просто.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Ќе дојдеш некој ден ќе видиш бе мило, ќе погодиме некое полетање убаво од гз да го гледаме да ни дувка во косите...
Мх, мх, мх!!! Аман не заборавај што си ми ветил, дека нема да ти простам, океј?


...ем ќе седнеме на работа ќе видиш како се однесувам и дали се замарам со тоа каков впечаток оставам кај колегите. 8 работни саати сум со нив. Мојот дел од работата си ја вршам професионално за тоа што сум платен. Ниту очекувам некој од нив да ми биде другар, ниту после работно време дома да ми дојде на лаф-муабет.
А на што ти личи тебе тоа? Тоа што твојот дел од работата го вршиш професионално? Мислиш дека е малку за стекнување добар углед кај колегите и тие над тебе? После тоа секој ќе те цени повеќе и може ако има прилика ќе седне со тебе и на кафе после смена. Додека ако е обратно, ако си некој неписмен клошар кој не знае ни една четвртина од тоа што треба да го работи, нема да е исто. Сите ќе те исмејуваат, ќе се караат со тебе, ќе ти префрлаат и ќе имаш најнизок углед од сите со кои работиш тие 8 часа.

Ако нешто не ми иде по мерак, верувај дека имало случаеви кога сум се издеравал и пцуел и навредувал. Без разлика кој бил. Нормално, на моја штета, ама моето си го терам, дека мислам така е праведно. Не потклекнувам. Ти текнува девојчето што беше со нас последната вечер? Мајке ми, првпат ја имав сретнато, и сама виде колку само не ја ни перцепирав, јас тоа што го имав за зборување, го имав со тебе и Еко. Си го теравме ние нашето, она ако нешто се убацеше и сама знаеш дека на два три пати реков, ЌУТИ.
И пак. На што ти личи тоа тебе? Добар углед стекнува човек како тебе, можеби и подобар од некои пофини. Пцуењето за да си го одбраниш својот став за некоја работа, неможе да ти донесе лош углед. Си го браниш своето, цврст човек си, добро е тоа.

Не знам со какви зборови бе да напишам ебаго за да бидам појасен. Пцујам, вреѓам, пљукам. Праам тоа што мислам дека е соодветно во моментот. Не поради репутација, туку поради сам себе.Мислам дека тоа е праведно, дека така треба да постапам, и тоа и го правам. Не мислам на последици, не ме интересираат. Поважно ми е да не си лижнам тоа што сум го пљукнал. Поважно ми е да имам изграден карактер поради сам себе. Цврстина. А тоа дали Ива, ти, Еко, Боби, или некој друг ќе го оцени како добра особина, или лоша...не ме интересира. Не ми е важно. Се паднало така да ти мислиш дека е добра особина, и со тебе си го терам муабетот. Некој мисли дека е лоша, и ќе продолжам да го пцујам. :) Угледот не ми е важен. Просто
Таман си опишуваш, не се секирај. А јас пак да ти кажам ... тоа што пцујаш, вреѓаш и пљукаш, бидејќи ти мислиш дека е соодветно во моментот, што се должи на твојот изграден карактер - е добар углед. Не си плачипи*ка која премолчува за да испадне секогаш добар и да го сакаат сите. И јасно дека како таков нема да наидеш на симпатии кај сите луѓе, но кај тие што ќе, ќе знаеш дека се вистинските кои се слични на тебе и токму поради тоа те вреднуваат правилно, бидејќи не знаат за маски и лаги.

Ах шубаво ко ќе си гледаме авиончињааа:vozbud::vozbud::vozbud::aplauz:

п.с. Боби, ај лав ју ту!
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
А зашто бе мило чуваш вреќи ѓубре во подрум, и зашто чуваш такви личности околу тебе? И крај краева, од кај па ти знаеш какви луѓе чувам ја во моја близина, па да кажеш дали е предобро за да биде вистинито или не? Сами си одлучуваме на кого веруваме, ако носиме погрешни одлуки, проблемот е кај нас, а не кај луѓето кои не заебале. Fool me once, shame on you, fool me twice, shame on me.
Јас не чувам вреќи во подрум,мојот најголем проблем или доблест можеби е тоа,што сум претерано искрена со луѓето и кога ќе почувствувам потреба да им кажам дека не се сложувам со нешто што го прават за нечија а и своја штета,кажувам.Тука се сложуваме:smir:Ретко кога имало потреба да изнесам карти на маса но кога изнесувам тоа го правам длабочински. Ако мојата сугестија,макар и да се покаже како погрешна биде примена смирено без избувнувања и драми,таква личност вреди да се има до себе,некоја која смирено и сталожено руши планини со својот карактер и со текот на времето ќе ми го докаже сосема спротивното.Имам и такви пријатели фала богу:smir:
Со самото тоа што некои гледаат да се одбранат со канџи и повишување на тонот и како што реков-откривање на сите работи кои ги мислеле за тебе а ги премолчиле,ми го докажуваат она што првично сум го мислела за нив но сум им дала шанса да се покажат.
Не знам со какви луѓе си ти опкружен rymz,но велам,денес апсолутно на никој не треба да му се ужива таква доверба. Среќа твоја ако до себе имаш личности кои што се покажале како пријатели во разни ситуации:smir:
И да,баш така,не треба да се остави простор за јавање по вторпат.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
За домашните не зборуваме така?

Во тој случај, секогаш ми е важно моите поблиски пријатели да имаат позитивно мислење за мене без разлика дали има моменти кога сум нерасположем. Луѓето со кој што секојдневно комуницирам заслужуваат секогаш кон нив да бидам во најдобра форма (во комуникациско-пријателска смисла), затоа што тие тоа мене ми го обезбедуваат, и едноствано не би било фер да се однесувам идиотски кон нив.

Во прилики кога сум покрај несекојдневни луѓе, се обидувам да оставам колку што можам добар впечаток. Но имало (и ќе има) прилики каде што сакам да испаднам што е можно поголем морон.

Иначе секогаш кај професорите сум сакал да оставам впечаток на мирен и повлечен, што ми успеавше и ме вадеше од некој интересни случки:helou:.


За форумов...тука секој на различен начин ме перцепира, што е и добра работа до некаде, затоа што можеби остава доза на мистерија и кај мене и кај другите :P
 

-Mr.Positive-

MKD gentlemen
Член од
12 септември 2008
Мислења
609
Поени од реакции
47
1колку вие се трудите околу него?

2Имате ли често потреба од глумење или само го потенцирате тоа што

3сте и што правите, за да си наметнете и стекнете добра репутација?

4Колку се трудите тука да оставите позитивен впечаток кај останатите членови?
5Дали се случува да преќутите нешто за да не си ја нарушите добрата репутацијата која мислите дека ја поседувате?

6Важен ли ви е добриот углед / репутација или воопшто не се замарате со тоа, па дури и намерно знаете да се однесувате лошо, за да ве бие лош глас?

1 не се трудам многу
2 многу ретко глумам
3 ништо
4 па малце се трудам јас секад оставам доба впечаток така да не ми треба глума или трудење многу
5 да
6 не се замарам со тоа
 

duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
На секого му е битно како другиот го доживува и што мисли занего.Ама лично мислам дека јас порано повеќе се замарав со тоа кој што помислил, мисли или како ме сфака.Сега не дека сум без чуствителна, мегутоа мислам барем кај мене со тек на време ми поминаа тинејџерските доживувања и сега кругот на пријатели ти е некако по стабилен и поискрен.Нема чопор друштво, измешани работи мислења и така.Сега отприлика знаеш кој што и како мисли.Ама во секој случај неможе човек да не се грижи воопшто, ама од друга страна пак и нема потреба да се замара повеќе отколку што треба.И неможе секој да мисли добро за тебе.А се разбира кругор со кого се дружиш сигурно им одговараш па ти се пријатели.Инаку како би се дружел со некого за кого не мислиш добро?ТАка да мислам дека горе долу приајтелите се ценат мегу себе.

Е кога станува збор за репутацијата на форумот тоа мие е омилено прашање.Прво, мислам дека ресетирањето на системот што беше направен пред не толку долго време имаше мза цел да ги намали влијанијата и познанствата во вреднувањето намислењата и принципот на ти-дај ми.ЈАс искрено ама никој од форумот не познавам.Случајно се зачленив и пишувам кога имам желба веке 2 години и немам автоматизам за таа работа.Можеби и затоа имам т.е немам репутација.А гледам дека ресетирањето било за џабе.Сега исто се случува.Мене искрено не ми значи дали некој кеми даде зеленко за постот, едниствено пишувам за да изнесам некој став околу нешто а можеби и малку од сите (без навреда) се компетентни истиот да го оценуваат.Затоа би сакала во иднина да гледам по реални репутации.Не е финтат јас да пишувам на секоја тема ида ме има нон стоп па макар и глупости да се тресело.Финтата е да кажеме што миалиме ама и тоа да биде некако поосновано и со некое мислење и знаење или искуство околу тоа што се коментира.Толку, поздрав
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Затоа би сакала во иднина да гледам по реални репутации.Не е финтат јас да пишувам на секоја тема ида ме има нон стоп па макар и глупости да се тресело.Финтата е да кажеме што миалиме ама и тоа да биде некако поосновано и со некое мислење и знаење или искуство околу тоа што се коментира.Толку, поздрав
Репутацијата на форумот е иста како и репутацијата во друштвото. Ги познаваш сите во твојот круг, и еден од нив ќе се одвои заради статусот кој тато му го овозможил и ќе биде баран и ценет од другите бидејќи ќе ве внесе во Картел клуб со златна картичка. Сепак, јас од мој агол секогаш ќе знам дека оној со старите патики е двојно вреден иако “нема илјада зелени квадратчиња“.
Сакам да кажам, ние, диносаурусите на форумот многу добро знаеме која е PSY или Римз, или било кој друг што според репутацијата не е на врвот. Форумската репутација има цел за споделување мислења и ставови, како оној пат коа на еден пост добив 5 зелени и 4 црвени. Факинг адорбл.
Само не верувам дека некој мисли Сусаро е неценет форумџија бидејќи не е ни на првата страна, многу добро знаеме кој е.
 

duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
Сакам да кажам, ние, диносаурусите на форумот многу добро знаеме која е PSY или Римз, или било кој друг што според репутацијата не е на врвот. Форумската репутација има цел за споделување мислења и ставови, како оној пат коа на еден пост добив 5 зелени и 4 црвени. Факинг адорбл.
Само не верувам дека некој мисли Сусаро е неценет форумџија бидејќи не е ни на првата страна, многу добро знаеме кој е.
Значи пак се вракаме на моето дека познанствата на форумот се мнооогу присутни и дека се доста на цена.Што со тие кои никој не ги знае?И дали заради тоа не се вреднувани нивните мислења?Или подобро -лошо е што листата на репутација се прави по овој принцип.Поздрав
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Значи пак се вракаме на моето дека познанствата на форумот се мнооогу присутни и дека се доста на цена.Што со тие кои никој не ги знае?И дали заради тоа не се вреднувани нивните мислења?Или подобро -лошо е што листата на репутација се прави по овој принцип.Поздрав
Познанаствата на форумот се многу присутни, тоа е точно, но репутацијата на еден член во очите на друг член не се гради врз основа на лично познанство. Јас само дадов пример дека форумскиот лик е сличен со реалниот.

Се гради врз основа на редовност и далеку поважно на квалитет на дискусија. Winston на пример, до пред извесен период практично никој не го познаваше, но беше важен член на оваа комуна. За некои луѓе тој е божество.

Конкретно за твојот пример, ти не си доволно активен член, тебе луѓето те забораваат, но не значи дека имаш лоша репутација. Квадратчињата не значат ништо, тоа сакав да кажам.
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Јас сум тоа што сум , и немам намера да сеправам таква каква што не сум. Многу ми е галје шо мислат за мене
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Зашто имам впечаток дека поголемиот дел од вас ги мешаат поимите впечаток и углед/репутација?

Можеби се слични по вредност, но се сосема различни еден од друг.
И затоа, не тврдете дека не ве интересира вашиот углед, вашата репутација, дека ја занемарувате и не се грижите за неа. Апсурдно е да се каже такво нешто, освен ако не сте заинтересирани за животот и сакате да си останете уличири.

Земете еден пример: интервју за работа.

-Немојте ве молам сега да се јави некој љубезен и да ми каже дека и таму сте искрени, реални, дека сте такви какви што сте и дека не се грижите за тоа како ќе се поставите. Ете ви конкретен пример каде што сите ние (апсолутно сите до еден) лажеме и глумиме колку што можеме повеќе реално совршени особи за да на крај сето тоа резултира со наше вработување.

Мене лично, и те како ме интересира мојот углед и мојата репутација. Секојдневно работам на нив и се трудам колку што можам повеќе да ги подобрам и колку што можат повеќе да постигнам повисока цена.

Колку е подобар вашиот углед и колку е поголема вашата репутација, толку повеќе ќе ве ценат и почитуваат луѓето. Аналогно на тоа пак, колку повеќе ве ценат и почитуваат, толку повеќе врати ви се отвораат и толку полесно се
снаоѓате во светов. И ќе ми кажете после дека не ве интересира вашиот углед?

Но, угледот е една работа, а впечаток којшто го оставам е друга работа.
Јас може кон одредени личности да не се поставам добро и да не им оставам некој позитивен впечаток за себе, но кога во џеб ќе го имам угледот и добриот глас, луѓето ќе премолчат и ќе најдат милион и една причина зашто сум се поставила така, што нормално нема да се случи ако го немам угледот а вратата ќе ми ја затворат пред нос. Затоа не се лажете себеси зашто на сите до еден ни е премногу важен угледот, барем во овој 21 век.

п.с.Не зборам за угледот и репутацијата на форум туку општо (да напоменам колку да нема забуни :))) )
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
не ме интересира што другите мислат за мене... ја си живеам за мене не за да ги импресионирам тие што зборат цело време каков сум бил,што сум правел итн..
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Репутацијата е независна работа. Секој од нас се обидува да остава добар впечаток кај другите, на било кој начин. Меѓутоа, доколку јас оставам кај некоја личност впечаток на добар човек, со истите постапки со кои сум го заработил тоа мислење, можам да заработам и лошо мислење за мене. Значи, неможеме ние да бидеме оние кои ќе ја контролираат репутацијата или угледот. Секако треба да се стремиме да го постигнуваме она што го сакаме нормално онолку колку што можеме. Не можам нити јас нити било кој друг, да натерам некого да има добро мислење за мене. Исто така не можам од сите луѓе што ги знам, во нивните очи да имам репутација на јака личност. Едно е што сакам да бидам, друго е како другите ме доживуваат.
Угледот е вредност на личноста кој не одделува од поголемиот дел на луѓето... Угледот всушност ги определува општите разлики меѓу групите на луѓе. Секако дека секој од нас сака да биде со добар углед. Углед на цврста личност, своја лилност и углед на вредна лилност. Меѓутоа како што веќе кажав, сето тоа е независно и релативно.
No matter how hard we try, there will always be someone that will not like us...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom