Ако може да се каже дека е проблем темпото под кое живеам, секојдневно си ставам на дневен ред обврски колку за во 48 саати, ме нервира кога не оди се по планот што сум го имал, кога гледам дека луѓето не функционираат така, се влечкаат, за обични ситници треба да изгубам многу време и енергија, едноставно некој би рекол дека незнам да уживам во животот бидејќи незнам за одмор.
Тоа што неможам да сменам некои работи, посакувам секојдневно да може да се вратам со ова размислување неколку години назад и да поправам некои работи. Премногу се замарам, секоја работа мора да ја расцепкам, проанализирам детално и во јајцето влакно да најдам што се вика се со цел се да е совршено. Ме нервира државата, дволичните луѓе, луѓе кои незнаат да се борат за правата и не ебаваат и останатите со тоа што прифаќаат да живеат како што му диригираат, за ебани 200евра месечно му ги бацуваат нозете на претпоставените и му викаат амин. Едноставно тоа што се имам родено без влакна на јазикот и бунтовник досега ми донесе многу проблеми, но и многу придобивки. Најчест проблем во глобала ми се парите, греота е да се жалам барем за живот колку што ми фаќа црпката се снаоѓам на било кој начин, но немам колку што посакувам, втор проблем приврзувањето кон луѓето и уште потешкото преболување на оние кои ги губам....
Уствари проблем е се што не е проблем
