Дали вашиот живот си го контролирате сами или околината има влијание врз тоа?
Се трудам сама да си го контролирам,ама нема да негирам дека и околината знае да ми влијае.Некогаш сум решителна,неприступачна не давам никој да ми кажуваш што и како треба,но некогаш сепак потребно ни е мислење и од други.
Колку им дозволувате на вашите блиски (родители, пријатели, другари...) да донесуваат во контролираат, координараат и управуваат?
Па сакам да го сведам на минимум тоа,искрено,ме гуши и ме замара претераната желба да се знае се до точка и да ми се наредува и да ми се кажува што смеам,а што не - иако веќе пораснав.
Дали дозволувате вашите блиски да се решаваат за вас и да влијаат на вашиот живот?
Или пак дали сте од оние луѓе на кои родителите им се постојано заштитнички поставени, секогаш како помош за секојдневните проблеми? Колку сте самостојни во тој поглед?
Многу го мразам ова,ама мајка ми е премногу,дури на моменти претерано заштитнички настроена кон мене.Добро,ок,разбирам дека тоа е нормално,ама кај нејзе е претерано.Дури сметам дека не сака да бидам самостојна,зашто тоа ќе значи дека нема да има толкав удел во мојот живот.Некогаш премногу ми се меша,но јас се борам со тоа и гледам да си имам што поголема самостојност особено во последно време.
Само не знам као да ја поправам ситуацијава.
Во овој момент колку ви е потребна помош од родителите? А,колку од пријателите, познаниците?
Помош не ми е потребна од родителите.Само морална поддршка.
А пријателите исто,сакам да бидам покрај мене и да не попуваат.
А за одлуките, колку другите и околината може да влијае врз вашите одлуки?
Хм,доколку тоа што имаат да го кажат е аргументирано,со факти - тогаш може и ќе се подзамислам,ама обично сум таква - така што моето мислење е единствено прифатливо решение.
Одлуките ги донесувате сами или со помош на блиските (најчесто родителите)
Сама.Ама во тој процес,постојано се доверувам,зборам,кажувам како размислувам,па добивам забелешки,совети,ама добро некогаш не ги слушам тие работи,мене некогаш ми е доволнмо само да ме остават да си ги кажам мислењето,односно да ме слуша некој додека гласно рамислувам и ништо повеќе.
Сакам одлуката за нешто да биде само моја,па ако згрешам,згрешам - знам дека тоа било заради тоа што јас сум мислела дека така треба, а не затоа што некој друг решил место мене,па после да се каам.
Дозволувате други да одлучуваат и мислам за вас?
Се случувало.Ама порано кога сум била помала.Сега се борам да и објаснам на мајка ми дека не сум бебе и дека нема да има потреба да се борам да ме остаи на раат,сама да си го живеам животот.
Колку често сте паразит и очекувате другите да мислам и донесуваат одлуки за вас?
Не очекувам,не сакам.Баш напротив се тепам и се расправам.
Мој живот,мои одлуки и точка.
И на крај: работа, школо, факултет, проблеми-како се справувате со овие работи, сами или со помош на мама и тато?
Јас сакам сам да си правам што сакам,но мајка ми постојано ме напнува и секој ден истото ми го збори:учи па учи.НЕ разбира изгледа дека сум на факс.
Колку функционирате, делувате и размислувате самостојно?
Се трудам,се борам - сум решила дека јас сум свој човек и дека време е конечно да ме остават свој живот да живеам и да не ме третира никој како дете.