S
Shellshock nam67
Гостин
Ова е приказна за тоа, како лекарите и психолозите може од мал, да направат голем проблем.
За секое семејство раѓањето на две момчиња близначиња е вистински благослов. Тоа и се случи и на Џенет Рајмер во далечната 1965 година. Ги роди Брус и Брајан.
За жал во првите шест месеци кај бебенцата се појавиле потешкотии при уринирањето. Лекарите предложиле да бидат обрежани со образложение дека тоа е рутинска процедура и ќе го реши проблемот.
На 27 Април, 1966 година, Џенет ги носи своите синчиња во болница за да биде извршен овој, според лекарите, рутински зафат. Наместо со конвенционален метод, одбрале метод со употреба на електрична опрема, нешто што се покажало како трагичен избор, кој сонот на Џенет за среќно семејство со синови близнаци, го претвара во еден голем кошмар. При зафатот, малиот пенис на Брус е до таа мера оштетен што тоа неможе да се поправи со хируршки зафат. Едноставно, со електричните апарати бил изгорен.
Наредните месеци биле многу мачни за Рејмерови, ги поминале во консултации со повеќе доктори и во потрага по било какво прифатливо решение. Во поинаков случај, малиот Брус би морал да го помине сиот свој живот без пенис.
Една вечер, гледајќи телевизија, Рајмерови го виделе тв профилот на Др. Џон Мани од универзитетот на Џон Хопкинс во балтимор, психолог кој имал своја теорија за половите. Имено, ако детето доволно рано почне да се одгледува, може да порасне како девојче. Според него, одгледувањето а не природата е онаа која го детерминира полот на детето.
За Џенет, ова било нешто што треба да се разгледа како алтернатива. Патот под нозе, и Рејмерови кај Др. Мани во Балтимор. Ја слушнал нивната приказна и го прогласил Брус за совршен кандидат.
На возраст од 21 месец, тестисите на Брус биле одстранети. Она што останало од неговиот пенис го оставиле за да нема проблеми при мокрењето. Кога Брус бил пуштен од болница, на неговите родители им било речено од тој ден па натаму да го одгледуваат како женско. Така, малиот Брус, станал Бренда, а договорот бил никому да не се кажува за целата ситуација.
„Ние брзо го прифативме тоа, тој беше преубаво мало девојче" – вели Џенет во едно интервју.
Таа сторила се за да го одгледа Брус како женско. Го облекувала во фустанчиња, го научила подоцна да се шминка и се однесувала целосно како да е женско. Но, трансформацијата не била баш така мазна како што сите очекувале. Брус, не сакал да си игра со девојчиња, ниту пак кога одел се движел како женско. Во школскиот двор честопати се тепал со децата, а тие му давале разноразни навредливи прекари, како „пештерски човек", „чудовиште" и „тоа".
Во едно подоцнежно интервју младиот Рејмер вели дека работата толку била лоша, што тој едноставно повеќе не сакал ни да стапне во училиштето. Постојано го задевале и се чувствувал многу осамено.
Кога Брус наполнил девет години, Рејмерови веќе почнале да имаат сериозни сомнежи околу целата работа. Но, не и Џон Мани, тој дури и си објавил труд во кој својот експеримент го прогласува како целосен успех. Во научните кругови бил попознат како случајот Џоан/Џон.
Мани пишува: „Однесувањето на детето е целосно како на девојче и драстично се разликува во споредба со братот близнак кој е типично момче". Но, братот близнак, Брајан, се сеќава дека било сосема поинаку: „Единствената разлика меѓу мене и него, беше тоа што тој имаше долга коса, и ништо друго". „јас искрено се обидов да го одгледам како нежна млада дама", вели мајка му, „но тоа ни оддалеку не се случи".
Кога Брус веќе наближувал кон пубертетот, станало сосема јасно дека експериментот е неуспешен. Тој веќе растел и по својот физички изглед како машко. Со широки рамена и дебел врат. Истовремено пак, неговите родители биле под страшен притисок од Мани, да го направат и последниот чекор, да им дозволат на хирурзите да му направат вагина на местото од пенисот.
Но Брус не сакал ни да чуе за такво нешто. Се заканил дека ако го принудат уште само еден пат да оди во Балтимор кај Др. Мани, ќе се самоубие. Во тој момент, татко му неможел повеќе да издржи и му кажал се на својот син.
Од тој момент, Брус имал само една мисла. Да го пронајде докторот кој му правел обрезување со електричниот апарат и да го убие. Сепак, во тоа не успеал, а целиот гнев понатаму го насочил врз себе. Три пати се обидувал да се самоубие. Третиот пат, за малку ќе успеел проголтувајќи големо количество на апчиња, но останал во кома. Се опоравил од овие обиди и го почнал својот пат кон живеење на нормален живот – како маж.
Брус Рејмер го оставил зад себе идентитетот на Бренда. Ја истрижал косата и почнал да си носи нормални машки алишта, а не фустани. Тој дури и го сменил своето име во Дејвид, се со цел полесно да го заборави минатото.
Во меѓувреме, Рејмерови ја тужеле болницата која го оштетила така грозно нивниот син. Се спогодиле за околу 60 илјади долари, сума која станала околу 100 илјади кога тој наполнил 18 години и му била препишана.
Во почетокот, Дејвид Рејмер, својата приказна ја раскажувал единствено од сенка – не сакал да го открие својот идентитет, од сосема разбирливи причини. Ова се сменило во 2000 година, кога Џон колапинто ја објавува книгата Како што природата го создала: Момчето кое беше одгледувано како девојче.
Ова го подзеде виорот на медиумската експонираност, низ цела Канада и САД. Некаде отприлика во исто време, истражувачите почнуваа да и ги одбројуваат последните денови на полумртвата теорија за доминацијата на одгледувањето наспроти природата. Две студии – под покровителство на Детскиот Центар Џон Хопкинс – заклучиле дека преднаталната изложеност на машки хормони е она што ги претвара бебињата во момчиња. Овие две студии практично и го задаваат смртниот удар на оваа теорија, или барем „со најголема сериозност ја доведуваат во прашање практиката на полово распределување што се случува некои деца да се одгледуваат како девојчиња".
Џенет Рејмер вели дека било многу тешко за нејзиниот син да излезе во јавност со неговата приказна, но го направил со една единствена цел, да не се дозволи повеќе нешто слично да му се случи не некое друго дете.
Дејвид Рејмер се подложил на четири пластични операции за физички повторно да се чувствува како машко. Со помош на операциите, тој почнал и да има нормален сексуален живот, дури и се оженил со Џејн Фонтејн. За жал, не можел да има деца.
Интересен е односот со неговиот брат близнак. Брајан долго време бил многу љубоморен на Брус, затоа што целото внимание родителите го насочувале кон него, а тој се чувствувал запоставен. Кога дознал дека не е единственото момче во семејството, станал уште погневен. Неговата ментална состојба се влошувала од ден на ден, резултирајќи во развиена форма на шизофренија. По два неуспешни брака, умира во сеуште неразјаснети околности, најверојатно како последица на предозирање во обид за самоубиство.
Оваа смрт на брат му, многу го погодила Дејвид, особено затоа што тој се чувствувал виновен за ваквиод исход во неговиот живот. По една расправија со жена му Џејн, кога таа му предложила да се разделат на извесен период, се вратил во куќата на своите родители. Ваквата ситуација ја доживеал многу трагично. Четири дена по враќањето дома, на 4 мај 2004 година, во својот автомобил, на паркингот на еден супермаркет, Дејвид Рејмер извршил самоубиство, на 38 годишна возраст.