Можна ли е буџетска дупка од милјарда евра?

Како власта ќе се справи со економските предизвици?

  • Со ребаланс

    Гласови: 4 5,2%
  • Со задолжувања

    Гласови: 26 33,8%
  • Со ребаланс и задолжувања

    Гласови: 31 40,3%
  • Економската политика на владата е успешна, нема потреба од посебни мерки

    Гласови: 16 20,8%

  • Вкупно гласачи
    77

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Провери си ги податоците уште еднаш. 2002 воведе евро.
2001/02 ama mozno nekade da vidite i pred 2001 evro ili eki, toa togas bese presmetkovna valuta (podgotovka) i figurirase za da se naviknat potrosuvacite za vo idnina a kursot bese x2 od slavnite deutsche mark
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
СиЕнЕн рабела против власта, еуробарометар служи да си прикажеш само дел од тоа што ти одговара, масоните ја наместиле олимпијадата (затоа бај`д`веј не ги освоиме ние сите злата), Македонија да ти имала поголеми пирамиди од Египед, а не сме знаеле (овие комуњариве уште не лажат), скопјани ќе немале парно оваа зима (демек ќе банкротирала топлификација) а у меѓувремену глејте турски серии. Е заради ова му еб&вте м&тер на јавното мислење, бркајте сега кодоши и кодошени, ќе се замараме кој кажал 2-3 збора против Тито, кој кажал јавно дека е бугарофил па затоа бил голема жртва (а стварно незнам што има фраерски да си бугарофил или србоман), кој со која се сексал, каде и слично, полнети ги насловните со која и го "украла" бившиот на Каролина или која каде ставила силикони и колку обожава да се секса, добро, признавам и ова е подобро да го има на наславна шпица отколку некој посерко да ми соли памет дека сме земја со најдобра економија во европа, најниско задолжена, најдобро се справуваме со клетата светска криза која по се изгледа некои намерно ја планирале да почне во време на нашиот најголем реформатор, во топ 3 реформатори сме за инат нивен! Во топ 5 по некој нов однос поделен незнам со што па така сме бољи за многу места пред нашите соседи, особено пред Грција (ова е всушност е најбитното) која тоне! Добро Германија е малку пред нас али ја стигаме! Особено виновна е опозицијата за дождот што направи хаос во Охрид, требало на време да го остават градот да не го бие малер како што ги бие нив, па затоа губат неколку избори по ред. Уште не им текнало, сиротињи, нема кој да им каже не одете на избори ќе изгубите затоа што сте МАЛЕРИ, а не за друго. Батали списоци, притисоци, купопродажби дај глас-на субвенција, дај 15 гласа еве ти инвитро, ако сакаш решение за врабутување дај 30 гаса, а ако сакаш да почнеш на волонтирање-акција пазари не ти бега (оваа ми е омилена), а кој не знае еве ви опис на работата како оди. Идеш посабајле околу пазарчиња или супермаркети, нормално со уште неколку со тебе, и ловите луѓе потенционални гласачи. Им помагате околу кесите и торбите да им ги качите по сакалите и лобирате за кој да гласаат) незнам кој ја смислил акцијава али стварно е генијалец. Нобелова е мала награда, треба некоја нова да се измисли, на пр. може да се вика Грујоверова награда на пример, али не мора може и некое античко име, зашто да не. Реклами розови си снимаме ама неможе секој да ги прикажува, мора уште порозови да ти се вестите ако сакаш реклами ако не најеб&чеш. Али ќе биде "подобро" се ова завршува негде околу Нова година, после следува 24/7 реално шоу на сите телевизи, весници ама и на сите портали и социјални мрежи ФРЛАЊЕ ЛОПАТА и СЕЧЕЊЕ ЛЕНТА, тешко нас, изборите се ближат!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=71678

До крајов на годинава, Македонија, ќе се задолжи за уште 460 милиони евра, што е дополнителна сума од предходно позајмените 127 милиони евра, објави денеска порталот „Охридскај“ повикувајќи се на информации добиени од соговорник од Министерството за финансии. Тоа значи дека од овој месец па до крајот на годината, Македонија ќе земе комерцијални кредити во износ од најмалку 527 милиони евра.
Ден пред заминување на одмор на Премиеро Никола Груевски и министерот Зоран Ставревски договориле да се прави ребаланс на буџетот што поскоро кога за тоа се создатат услови, а ребалансот да биде во ист тајминг со гласањето во Парламентот за нови задолжувања, се вели во написот на порталот.
Притоа се додава дека реалната проекција на економските текови доставена од Министерството за финансии до Груевски не е воопшто розова, туку очајна. Следи пораст на цените со 10 - 15 проценти, а годишната инфлација ќе појде на 5 проценти или двојно повејќе од проектираното, а пак економскиот раст ќе се движи околу - 2 поценти (минус два проценти ) или за 4,8 проценти со пад од проектираниот.
„Охридскај“ информира дека во поскапувањето на струјата и на енергенсите владата ќе направи уште неколку поскапувања токму кај овие енергенси до декември. Планирано е струјата да поскапи уште барем 10 проценти пред почетокот на грејната сезона.
 
Ви пишав јас дека мора секоја година да се задолжуваат со 200-300 милиони за да купат социјален мир, овие 500 милиони по 250 ке идат за крајот на 2012 и поцеток на 2013, што "као случајно" се поклопува со претизборниот период.
http://www.plusinfo.mk/vest/53230/Ohridskaj-Makedonija-debelo-se-zadolzhuva-sledi-bran-poskapuvanje-
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
МОН: Над 5000 наставници добија решенија за трајно вработување

Ние неможе ни да претпоставиме колку брзо може да не снајде Грчко сценарио.Овие не се нормални со паразитски вработување на товар на сите. Па уште излага да се слика со суратот не му е срам.
Прашањето на темата треба да се смени, дали е можна дупка во буџетот од 1 милиарда? Туку кога ке биде.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

И што не ти е јасно и тогаш земале овие 5000 плата без разлика што до сега се воделе како привремено вработени, а сега само се водат како трајни вработени, и тогаш и сега земале плата. Не се овие дополнителни трошоци ако пред тоа земале пари.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Сигурен ли си? Исти ли се трошоците тогаш и сега?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Сигурен ли си? Исти ли се трошоците тогаш и сега?
Искрено дали се исти трошоците кога ќе станат трајно вработени или ќе бидат повисоки не знам , но и да бидат сигурно нема да бидат за 100% повисоки, инаку подобро 5000 наставници да се вработат отколку 5000 јавни службеници без 2 грама мозок и партиска книшка на шалтер и цел ден кафе да пијат,ако ја кратам јавната администрација не би ги крател работните места за наставници има други места каде да се крати, плус овие луѓе по неколку години некој и над 7 години се со привремени вработувања и биле со неизвесна судбина така да се согласувам со оваа одлука од човечки причини.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Да подобро е нови 5000 партиски војници кои ќе им ги трујат мозоците на децата со партиска пропаганда,изменета историја и социјализам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Да подобро е нови 5000 партиски војници кои ќе им ги трујат мозоците на децата со партиска пропаганда,изменета историја и социјализам.
Ристо, немаме друг избор за учење. Ќе мораш сакал нејќел да го запишеш негде.

Да, можна е буџетска кога нема више што да се продава у државава.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Со вработување 5000 партиски просветни работници повеке сите трошоци кон нив се трајни. 30 милиони евра годишно треба за нив да издвоиме за плата придонеси и слично колку просветни рабоници има на едно дете тоа е др. приказна. Или тебе лион ке те кошта годишно околу 150 евра. Дали ке ти ги земат преку струја или на регистрација на возило сеедно. И овие150 евра само од оваа тура ке си ги плаќаш доживотно ти и твојте деца оти бркање нема судот стално ке ги враќа затоа и Грција денес си има проблем со лу ѓе кој се гласачко тело истиот рецепт. Дали кошта повеке кошта различна е пресметката од привремено ангажирани.

Се спремаат избори ова е најдобар индикатор еве денес и офицјално премиерот

Подготвени сме за предвремени избори ако ДУИ оцени дека тие се потребни иако не ги посакуваме, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=E9A639C069A8E642B4485AB01DB00C5F
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Искрено дали се исти трошоците кога ќе станат трајно вработени или ќе бидат повисоки не знам , но и да бидат сигурно нема да бидат за 100% повисоки, инаку подобро 5000 наставници да се вработат отколку 5000 јавни службеници без 2 грама мозок и партиска книшка на шалтер и цел ден кафе да пијат,ако ја кратам јавната администрација не би ги крател работните места за наставници има други места каде да се крати, плус овие луѓе по неколку години некој и над 7 години се со привремени вработувања и биле со неизвесна судбина така да се согласувам со оваа одлука од човечки причини.
Мислам деак секаде каде и да стигна напиша дека си економист и сите се глупи, те молам задржи го нивото овде збориме за трошок. Нема човечки аспект во државна администрација, никаков.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Мислам деак секаде каде и да стигна напиша дека си економист и сите се глупи, те молам задржи го нивото овде збориме за трошок. Нема човечки аспект во државна администрација, никаков.
Стојна ќе ти ги учи децата во училиште ако има недостаток на наставници, доволен број на наставници и квалитетна настава се предуслов за побразувани и покункуретни идни генраци, дај да земеме една паралелка по 50 деца ќе ставиме да штедиме на пари , сега со паралелки со 30 деца не искачаат којзнае какви генијалци , а не па со 50 , научно е докажано колку помала е паралелката поголем ефект има на стекнатото знаење и односот на учениците спрема наставата. И те како образованието има врска со економијата , не можеш од деца што завршиле средно а дупки се по математика на пример утре да очекуваш да работат на поплатени и покункуретни работни места, пред една година што се стави да се учи претприемништво како предмет е топ работа на запад од мали уште ги учат за претприемништво, пример за претприемништво некој да предава треба да има познавање а тоа сигурно не е наставникот по македонски или музичко! туку треба да се вработи нов кадар зошто нема таков кадар вработен за да може да предава таков предмет , ова беше само еден пример. Разбирам да не ви се свига одредени економски политки итн ама се да не ви се свиѓа тоа веќе не е проблем на владата, и јас критикувам таму каде што треба да критикува ама кога ми се допаѓа нешто знам и да го пофалам, една група што сте на форумот ама една работа не ви се свиѓа само мрчите, човек да ве гледа од страна ќе рече или имаат партиска книшка на СДСМ или се ставрно искомплексирани луѓе па пробуваат своите фрустрација да ги лечат на форуми,трето нема.
 
Големината на паралелки нема никаква поврзаност со колку ќе научат децата.

Целиот мит е направен со намалувањето на наталитетот каде место наставниците да бидат отпуштани дека се непотребни они ги намалуваат паралелките.Друга работа паралелки од по 35 деца освен во Аеродром и тоа највеќе Лазо Ангелковски каде имало секогаш по 6-7 паралелки по 35 деца во другите општини сегде се 20-30.

Друга работа е што образованието во Македонија е крш и тоа не заради недостаток на простор или наставници туку поради директното мешање на централната власт.Каде она ти кажува што треба да учиш и од што да го учиш што е чиста смешка.Ако децата пак неќеш да ги праќаш да им го перат мозокот тогаш си лош родител и треба да идеш во затвор.

20 години образованието пумпа непотребни кадри.Кажете ајде што друго е гимназија освен 4 изгубени години во заебавање ? Сега да можам да се вратам во време одма би се запишал во ПТТ па барем додека се заебавам и да научам нешто за струка ,во 4 години гимназија јас научив НИШТО од мојата струка.

Илјада и нешто студенти секоја година дипломираат од Економски и Правен кај што се учени само Социјалистички глупости од екс-комуњарски професори ( секоја чест на исклучоците ) со единствена цел да се вработат во ДРЖАВНАТА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ народски позната како АДМИНИСТРАЦИЈА.

Од друга страна на Машински за заварување дали има 5 студенти запишано годишно иако подводно заварување се плаќа и по илјада евра ОД СААТ.Ама ајде ќе идат да работат будали се кога со вадење на една книшка директно се седнува позади биро.

На нас не ни треба задолжително средно и 95 % од средношлците да се запишуваат на факултет дека "сите прават така" туку ни треба враќање на практиканството и чираштвото.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Стојна ќе ти ги учи децата во училиште ако има недостаток на наставници, доволен број на наставници и квалитетна настава се предуслов за побразувани и покункуретни идни генраци, дај да земеме една паралелка по 50 деца ќе ставиме да штедиме на пари , сега со паралелки со 30 деца не искачаат којзнае какви генијалци , а не па со 50 , научно е докажано колку помала е паралелката поголем ефект има на стекнатото знаење и односот на учениците спрема наставата. И те како образованието има врска со економијата , не можеш од деца што завршиле средно а дупки се по математика на пример утре да очекуваш да работат на поплатени и покункуретни работни места, пред една година што се стави да се учи претприемништво како предмет е топ работа на запад од мали уште ги учат за претприемништво, пример за претприемништво некој да предава треба да има познавање а тоа сигурно не е наставникот по македонски или музичко! туку треба да се вработи нов кадар зошто нема таков кадар вработен за да може да предава таков предмет , ова беше само еден пример. Разбирам да не ви се свига одредени економски политки итн ама се да не ви се свиѓа тоа веќе не е проблем на владата, и јас критикувам таму каде што треба да критикува ама кога ми се допаѓа нешто знам и да го пофалам, една група што сте на форумот ама една работа не ви се свиѓа само мрчите, човек да ве гледа од страна ќе рече или имаат партиска книшка на СДСМ или се ставрно искомплексирани луѓе па пробуваат своите фрустрација да ги лечат на форуми,трето нема.
Тргни ги фрустрациите настрана и немој да се дрзнуваш да ми лепиш етикети да не те снајде истото па да неможеш да кренеш глава. Значи не ми држи демагогии каков е наставниот систем и како треба да се образуваат деца и како има недостаток на наставници. Има во Свирипичино недостаток каде никој не сака да иде да работи, но во градски средини е тепачка за едно работно место. Така да недостаток во образовен систем немало 20 години ниту во следните 20 ќе има. А како што видовме ти појма немаш каков им е трошокот пред стално вработување и каков е од кога ќе се вработат, али важно се правиш паметен. Кога неможеш економски да си го издржиш ставот, сврте на човечки приод, абе ти што мислиш на пазар разговараш или?
Нас ништо не ни се допаѓа, тебе се ти се допаѓа. На различни планети живееме изгледа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom