Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Парите што се должат плус камати се секогаш повеќе од тие што се во оптек во опшеството. И како ќе се вратат кога не возможно по сите природни, опшествени и економски закони?

Ако не беше Грујо ќе беше некој друг, и пред и после него. И останува прашање како човек да биде чесен во систем кој што е направен од нечесни основи?

Еве ЕЦБ дава пари од 60 на 80 милијарди месецот, со здравје нек се троше :icon_lol:.
АСАД не земаше долгови, а и не ги пушташе компаниите за нафта, па му фрлија пикот и ја уништија државата
 
WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
АСАД не земаше долгови, а и не ги пушташе компаниите за нафта, па му фрлија пикот и ја уништија државата
Toа e причината, мора да зимаме кредити и да продадеме секоја профитабилна фирма за да не ни ја уништат државата(што е апсурдно да се нарече Македонија држава). Не е проектот перална 2014 каде се испраа парите, во кое има и панорамско тркало од неколку милиони, а се нема 30 000 евра за да преживее едно мало девојче , плаќање на неработлива и пренатрупана админстрација, возење на коли од 600 000 евра и милион други работи, плаќање на гориво на политичари кој колите им трошат како да возат бугати.

За да дојде ситуација како Сирија до тоа треба да има луѓе кој ќе се секираат за државава и кој ќе имаат некој мотив да се борат за својата земја. Благодарение на Грујо и Бранко се се сведе на интерес па и да пукне никој нема да се замара туку полека ќе се фати странство. Не дека и сега не се иселуваат. Да не се мојта фамилија и јас ќе фатев патот иако тие самите ми велат да прифатам некоја понуда од странство и да ме нема од вукојебинаваа.

Каков народ , таква држава. Добиваме тоа што заслужуваме, 2004та требаше Буле да го запалат стружани и да им дојде памет, ако не им дојде, пак исто така да се запалат кога имаат состанок и потоа дали ќе се свестат другите.

Едно нешто ме интересира , што ќе прават административците кога веќе ќе нема пари за плати и кога ќе пукне меурот, кога ќе побараат враќање на кредитите. Неможе 100 години да тераме со земи кредит да вратиш друг и плус плати и пензии да поделиш.
 
B

Bafra

Гостин
Toа e причината, мора да зимаме кредити и да продадеме секоја профитабилна фирма за да не ни ја уништат државата
Едно нешто ме интересира , што ќе прават административците кога веќе ќе нема пари за плати и кога ќе пукне меурот, кога ќе побараат враќање на кредитите. Неможе 100 години да тераме со земи кредит да вратиш друг и плус плати и пензии да поделиш.
Како тоа мислиш ќе нема пари за администрацијата. Во Администрација знаеш ли што се влегува... дел:ВЛАДА, УЈП,СУД ,Полиција, Војска ...

Кога ќе видат дека неможе веќе да се задолжува ќе удрат по грбот на народот: Зголемени даноци, разни дополнителни давачки итн итн

Кај нив е СТАПОТ па ќе си прават што сакаат додека има што да се исцеди од народот.

И кој тоа бара да се врати кредитот. Не е целта да го вратиш кредитот, целта е цел живот да си плаќаш каматата т.е цицање до бесконечност. Овие паметни се, ти оставаат точно онолку колку да не умреш.
Чаушеску го врати кредитот и ЈАВНО на судење од 5 минути му пресудија :свиркам:

70% од долгот на САД е износ камати
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ја го ја бројчаник, да светит да броит :icon_lol:.

http://csit.manu.edu.mk/javen_dolg/

Се води по 2 милиона жители, замислете како е по милион пол колку што реално мислат дека сме.[DOUBLEPOST=1457977606][/DOUBLEPOST]Треба овај Валволине да го прашаме како ги враќа километражите на колите шо ги продава, и ние овај да го вратиме назад :icon_lol:.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Како тоа мислиш ќе нема пари за администрацијата. Во Администрација знаеш ли што се влегува... дел:ВЛАДА, УЈП,СУД ,Полиција, Војска ...

Кога ќе видат дека неможе веќе да се задолжува ќе удрат по грбот на народот: Зголемени даноци, разни дополнителни давачки итн итн

Кај нив е СТАПОТ па ќе си прават што сакаат додека има што да се исцеди од народот.

И кој тоа бара да се врати кредитот. Не е целта да го вратиш кредитот, целта е цел живот да си плаќаш каматата т.е цицање до бесконечност. Овие паметни се, ти оставаат точно онолку колку да не умреш.
Чаушеску го врати кредитот и ЈАВНО на судење од 5 минути му пресудија :свиркам:

70% од долгот на САД е износ камати
Зарем ти искрено мислиш дека администрацијата ќе остане на ова ниво како денес ?
Треба да имаме некоја каква таква економија за ова што го пиша да биде изводливо. Моментално нашата економија се држи на парите од ИТ секторот и парите од иселениците. Тоа што се направи во времето на комунистите во 90-тите се распродаде, парите што луѓето на некаков начин ги имаа заштедено во комунизамот (од земјоделие) скоро се потрошени (пропаднати штедилници, пропаднати инвестиции во недвижнина).
Следниот пат кога ќе бидеме пред банкрот (како во 90-тите), прво ќе ги продадеме струјата и водата (а тие работат со загуби, што значи ќе бидат многу ефтино продадени ), а тоа што ќе остане од долгот ќе биде средено со кратење на администрација (прво ќе се замрзнување на плати, ама цехот нема да испадне, па ќе почнат да бркаат од работа), како и зголемување на даноци и нови давачки.
 
За продажба не ни бега ама Администрација ги боли таквото за тоа.
Плус тие фирми што ги кажа се МНОГУ профитабилни а и НЕОПХОДНИ, лесно се врши наплата во денешно време ;).

Е сега ти што мислиш, постои ли човечка сила која би ја намалила администрацијата, не само кај нас,туку и во останатиот западен свет ?

Намалувањето на администрацијата/паразитите ќе биде последниот чекор,прво "донорот" на крв ќе умре па постепено со него и паразитите.

НИЕ во МКД сме: АЛЧНИ,МРЗЛИВИ,НЕМОРАЛНИ,НЕЕДУЦИРАНИ,ЗЛОБНИ (лесно манипулирани) и ти очекуваш убави работи од ваков народ :cuc:

3ца мои пријатели со жени и деца ја напуштија државава и покрај тоа што имаа солидни услови за живот.
Гледај како на ќуп со 1/3 крем и 2/3 лајна, ако не го промешаш :sick:
Кога "кремот" ќе ти го земат ти остануваат лајната :notworthy:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.....чиста превара на Таки Фити.., па тоа е обичен часовник... , на основа на кои податоци во реално време се менува??? Во принцип одлична идеа под услов да е реална, а не фитипревара....:sneaky:
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
.....чиста превара на Таки Фити.., па тоа е обичен часовник... , на основа на кои податоци во реално време се менува??? Во принцип одлична идеа под услов да е реална, а не фитипревара....:sneaky:
Кој мисли дека е превара, многу лесно може да провери на официјалниот сајт на Народна банка на РМ.
Од главно мени оди / статистика / основни економски показатели.
Види со каква тенденција расте долгот, па дај коментар што кажува тоа.....
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Кој мисли дека е превара, многу лесно може да провери на официјалниот сајт на Народна банка на РМ.
Од главно мени оди / статистика / основни економски показатели.
Види со каква тенденција расте долгот, па дај коментар што кажува тоа.....
..претпоставуваме дека расте , ама сигурно не расте три единици во секунда како што покажува дисплејот, рамномерно како да е вариометар на ербас во качување :sneaky:
Каде е збрцан сензорот од кој се очитува растот-опаѓањето??? За да биде лажгата поубедителна можеле некое рандом промрнливо коефициентче , кое ќе дава шарање да додадат у тоа софтверот на штоперицава...:tapp:
 
Т

Триптико

Дневна камата: 381 968 евра, на секунди: 4.4209 евра секоја секунда
Што те буни?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Дневна камата: 381 968 евра, на секунди: 4.4209 евра секоја секунда
Што те буни?
ништо.... само прашав кај е врзан сензорот кој ја мери таа променлива ,а не постојана величина каква што е покажана на таа всушност штоперица. Промените се постојани на износот , а не се регистрира така...Тогаш е само заебанција , а не МЕРЕН ИНСТРУМЕНТ... :cool:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100

како што може да се пресмета дневна камата, веројатно може и камата во секунда. Ако на ова додадеш колку месечно или полугодишно се раѓаат и умираат, не е тешко да се склопи вакво "чудо" на 21виот век. Проблемот не е тоа туку кому тоа му треба. На оние кои не знаат и не сурфаат, се задоволуваат со Лила, Црната роза и Дила. На оние кои знаат ама сендвичот е побитен. Оние кои отприлика знаат и се загрижени...али ништо не можат да сторат во врска со тоа освен да се нервираат. Ама добро е да стои и овој и други слични економски параметри па макар еднаш дневно да го пренесуваат неколку радио и тв медиуми, валда да се таргетира дел првата група и да се потсети третата.
 
Последно уредено:
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Треба бројчаник, реален, кој ќе се после обновува после секое задолжување и раздолжување. Овие ваквите бројчаници кои константно се зголемуваат секоја секунда никој не може да ги свати сериозно. Ама изгледа и тој му пречел некому.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom