Моамер Гадафи убиен!

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Интересна дефиниција за демократија ни дадоа Америте фати го диктаторот утепај го ,сликај го и сега ќе живееме среќни и весели до крајот на животот ,тешко на овие бунтовници кој веруваат дека се борат за слобода ,додека они слават веќе некој си ја собира цела нафта за свои потреби а Либија ја чека нешто слично на Авганистан ,уште поголема беда и тешка граѓанска војна зачинета со лудите верски фанатици.
--- надополнето: Oct 20, 2011 6:20 PM ---
искрено не верувам дека е мртов... на вести 100 пати кажаа го убивме го фативме ова она па човекот 100 пати искочи пак со говор.. исто беше и со бин ладен... не ми е верна информацијава некако :\
Само да се потсетиме од почетокот на хајката против него ни кажуваа како има повеќе од 5 двојници и како е во Венецуела,Италија ,Кореја :) приказнава е made in Hollywood
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Гадафи е убиен

Садам Хусеин е убиен

Ама Осама Бин Ладен не е убиен, тој беше главниот играч на САД-ЦИА.........
Плус ден денес не се објави сликата на Бин Ладен дека е стварно убиен, тој сигурно сега пие кафе заедно со БУШ.. И ги следи настаните во светот..
 
S

Sagan

Гостин
Значи ова е неверојатно. Камерон ја поздрави смртта на Гадафи, како и неколку други европски лидери.
Никој да рече: “Жалиме што не беше изнесен пред лицето на правдата пред сопствениот народ“, макар и да глумат.
Ова значи дека “демократските“ земји веќе се влезени во војна со останатиот дел од светот и не бираат средства.

Демократијата на западните сили полека но сигурно се претвора во фашизам. Срамота.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.629
Поени од реакции
22.654
Ме интересира само што слават говедата либиски по улиците? Што вистинската диктатура за нив допрва почнува? Тука нема причина за славје. Ќе сфатат говедата, ама мило ми е што ќе страдаат сега. Кој на лошиот добро му прави, тој на ѓаволот свеќа му пали.

И зошто никој не кажува со име и презиме кој е човекот што го застрелал Гадафи? Што ќе следува за него. Сигурно еден амерички к*р помалку во продадениот задник.

Гледајќи ги бунтовниците, колку само е очигледно дека тие не се способни ни пушка во рака да држат, а не револуции да прават. Без подршката од ѓаволот, тие би биле ништо.
Уствари, можда тие 'бунтовници' уопште не се ни бореле. Странските ѓаволи ја вршеле целата работа, а овие имале улога само на маскирани бунтовници, колку да се рече дека се работи за револуција. :tapp:
 
S

Sagan

Гостин
Сметам дека доколку Гадафи беше фатен жив и му се судеше, многу лајна на европските лидери ќе ја усмрдеа Европа.
Вака е многу полесно: убиј-закопај-завршена работа. И со Бин Ладен беше исто. Кој знае какви информации ќе изнесеше за Бушови, ЦИА, Клинтон... на евентуалното судење.

Друго, мое лично мислење е дека целата далавера со Либија е заради Европската Унија, не заради САД. САД имаат доволно нафта и гас од Канада и Арабија. Овде се работи за спасување на ЕУ од колапс и евентуалниот удар кој ќе му се зададе на Русија. Не за џабе Саркози скокаше како прле пред магаре (Обама де). Знаеше дека се работи за судбината на нивната неонацистичка творевина. А Либија има нафтени резерви за наредните 80 години.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_proven_oil_reserves
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.416
Поени од реакции
5.089
Пан ам летот 103 во 1988, бомбашкиот напад во Германија 1986, давање оружје на Ирските сепаратисти, поттикнување конфликти.... Гадафи плати за сето тоа, иако малку касно.

Од друга страна, во неговата земја животниот стандард беше еден од највисоките во Африка, а и повисок од доста европски земји.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.416
Поени од реакции
5.089
Сметам дека доколку Гадафи беше фатен жив и му се судеше, многу лајна на европските лидери ќе ја усмрдеа Европа.
Вака е многу полесно: убиј-закопај-завршена работа. И со Бин Ладен беше исто. Кој знае какви информации ќе изнесеше за Бушови, ЦИА, Клинтон... на евентуалното судење.

Друго, мое лично мислење е дека целата далавера со Либија е заради Европската Унија, не заради САД. САД имаат доволно нафта и гас од Канада и Арабија. Овде се работи за спасување на ЕУ од колапс и евентуалниот удар кој ќе му се зададе на Русија. Либија има нафтени резерви за наредните 80 години.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_proven_oil_reserves
Не е за нафтата, воопшто не е за нафтата. И ЕУ и САД имаат доволно извори на нафта за во наредните години. Целта беше сосем друга, но сеедно, нафтата му доаѓа како бонус...
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.629
Поени од реакции
22.654
Не е за нафтата, воопшто не е за нафтата. И ЕУ и САД имаат доволно извори на нафта за во наредните години. Целта беше сосем друга, но сеедно, нафтата му доаѓа како бонус...
Воведување на демократија? :cautious:
 
S

Sagan

Гостин
Ме интересира само што слават говедата либиски по улиците?
Обама рече:

“Од денес, либискиот народ сам ќе си ја одредува сопствената судбина, во слободна Либија.“

Од денес, либискиот народ нема да има кого да обвинува за своите патила, освен себе самите. Во Либија која слободно ќе ни ја дава нафтата нам.

За тие што не разбрале.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Не е за нафтата, воопшто не е за нафтата. И ЕУ и САД имаат доволно извори на нафта за во наредните години. Целта беше сосем друга, но сеедно, нафтата му доаѓа како бонус...
секоја една војна се води со причина а таа причина мора да биде голема за да ги оправда средствата сем Нафата друго логично објаснување нема што да не ги бараат ал каида
 
Член од
1 декември 2009
Мислења
187
Поени од реакции
27
uh zal mi je za gadafi, eden od omilenite politicari pokraj cavez,kastro i ahmadinedzad.edinstveni i bez vlakna na jazikot koga zboruvaat vo ON uh kako mi e milo koga im prkosat na SAD i NATO(posebno ahmadinedzo:D)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Интересно ќе е во наредниов период ако започната воена акција со Иран :cuc::icon_mrgr:, едвај чекам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom