Ми се Гади,ми се плаче

За во кој круг од пеколот се?

  • првиот

  • вториот

  • десеттиот


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Се изгубив во обврските. Имав време да читнам, но време за пишување, јок!
Сега имам време и да напишам нешто. До кога не знам.

Се` потешка станува меѓучовечката комуникација. Нема муабет колку да си поприкажеш нешто. Од друга страна што па ќе си поприкажеш.
Досаден си ако коментираш книга која си ја прочитал.
Те брендираат како од една страна или друга страна ако отвориш уста за политика.
Ако искоментираш на гледиште кон што било веднаш си непријател и потоа си принуден да правиш дискусија џоа на дебатна емисија си.
Ќе те праша за совет потоа ќе се кара со тебе ако му дадеш совет ама кој не му одговара (ти бара совет или одобрување за неговите постапки).
Нема да го видиш со години па ќе те покани на пијачка и ќе ти нуди некоја мултилевел глупост, па ќе те навредува како назаден ако не сакаш ништо од тоа што ти го нуди.
Алчен, зол или пизда си ако не му позајмиш. Ако му позајмиш тогаш си глуп. Глупиот дал, паметниот зел.
Ако си патриот тогаш браниш криминалец.
Ако си за ЕУ тогаш си предавник кој брани криминалец.
Ако си ги цениш одликите на сопствената припадност си националист.
Ако аргументираш всушност пропагираш.
Ако се грижиш всушност сакаш да му се наметнеш.
Мораш да помогнеш бидејки ти е должност инаку си суров саможивник, но благодарност не очекувај.
Најголем непријател ти е секој кој не се согласува со тебе макар бил татко, мајка, брат или сестра.
Инсистираат на слобода да прават што сакаат ама се лутат кога другите прават што сакаат.
Има уште ама доста е ова.

И порано ги имавме таквите. Разликата со денешницава е процентот на таквите кој е неприфатливо голем. Толку голем што нема критичка маса да го карактеризира како неприфатлив.
Нешто не е во ред кога во едно општество релативниот морал (прави си свои 10 заповеди и менувај ги како ти одговара) е моралниот поредок на тоа општество, оксиморон е во најмала рака. Во ваква констелација моралниот суд и моралната санкција се само алат за напад, а не коректива.

Дали станува збор за општествен инженеринг? Апсолутно!
Дали ни го погодија дупето овојпат? Апсолутно!
Дали ќе успеат? ЈОК!
З`ш? З`т и не прашувај зошто само погледни во огледало и ќе си видиш. Секој нека го направи тоа и ќе му стане јасно.
Не не` бива да спречуваме ама не` бидува да лечиме. Уште не е стигнато јајцето на газот.

П.С.
Простете на искажанаа вулгарност се обидувам да вметнам уметнички впечаток на напишаново.
..добро дојде..., дувкај како ветре, немој одма луња, ќе оддуваш се ..корењата ни се ист'нчија , не се како некогаш .:sneaky:
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
..добро дојде..., дувкај како ветре, немој одма луња, ќе оддуваш се ..корењата ни се ист'нчија , не се како некогаш .:sneaky:
Порано дувкав како ветре за да не ги оддувам лекоумните. Прво да им дадев малку (интелектуална) тежина па потоа.
Не вреди да ги галиш будалите. Глуп нема капацитет да сфати. Будала има капацитет да сфати ама не сака. Не се грижи за ниту за корените. Површните се ист`нчени, оние другите, длабоките немаат гајле.

Или едноставно кажано: Тука сум да си пра`ам муабет. Кој може нека сфати. Кој не може или не сака... Нека е жив и здрав.

ЕИЈЈЈЈ ама сум лош чичко, а?
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
:cuc:
Секоја чест шо си ја отворил темава. Троловите тука после 18.000 мислења, сеуште мислат дека ,,дискутираат’’ и ќе решат нешто . Да имавте мозок за 18.000 мислења ќе смислевте како да ја управиме Македонија. Ама убаво ви се испрани мозоците.
Целта на модернава политика е ,, раздели па владеј" . Кај нас ова толку убаво функционира шо повеќето забораваат дека се луѓе пред се.
Време е да се свестиме и да си ја вратиме државата во наши раце. Ако се излезе да се протестира, нека е за вистински потребни цели, без скриени намери.
Шарените протестираат за правда, а пред нив стои пола гарнитура на СДСМ, ако сакаа правда ќе ги исчисте тие пред нив што стојат.
Овие протестираат за македонизам, а пред нив стојат луѓе шо гласале командант на УЧК којшто ја нападна Мкд, да биде министер за одбрана. Ако сакате македонизам исчистете ги тие до вас прво.

Како што гледам колку е развиена свеста моментално, незнам ни дали заслужуваме подобро.
Мислам дека ова ни е последна шанса да си простиме и да се обединиме.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.452
Поени од реакции
42.740
:cuc:
Секоја чест шо си ја отворил темава. Троловите тука после 18.000 мислења, сеуште мислат дека ,,дискутираат’’ и ќе решат нешто . Да имавте мозок за 18.000 мислења ќе смислевте како да ја управиме Македонија. Ама убаво ви се испрани мозоците.
Целта на модернава политика е ,, раздели па владеј" . Кај нас ова толку убаво функционира шо повеќето забораваат дека се луѓе пред се.
Време е да се свестиме и да си ја вратиме државата во наши раце. Ако се излезе да се протестира, нека е за вистински потребни цели, без скриени намери.
Шарените протестираат за правда, а пред нив стои пола гарнитура на СДСМ, ако сакаа правда ќе ги исчисте тие пред нив што стојат.
Овие протестираат за македонизам, а пред нив стојат луѓе шо гласале командант на УЧК којшто ја нападна Мкд, да биде министер за одбрана. Ако сакате македонизам исчистете ги тие до вас прво.

Како што гледам колку е развиена свеста моментално, незнам ни дали заслужуваме подобро.
Мислам дека ова ни е последна шанса да си простиме и да се обединиме.
Ќе си простиме... од Швајцарија и Германија. xD
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
:cuc:
Како што гледам колку е развиена свеста моментално, незнам ни дали заслужуваме подобро.
Мислам дека ова ни е последна шанса да си простиме и да се обединиме.
Постои изрека која гласи:
Политиката е проститутка кога проститутки ја водат.

Се обидов да ја ублажам вулгарноста на оваа изрека иако самата изрека е наменета да ја покаже вулгарноста на луѓето без совест, знаење и осет кои сепак влегуваат во политички води само заради моќта и славата која таа ги нуди.
Политика и политиканство се две различни работи.
Политика е занает каде што е потребно да се има осет, не само некакво специјализирано знаење. Таа решава проблеми во општеството кои не спаѓаат во сферата на индивидуални одлуки. Решавањето на таквите проблеми се врши на начин да има што помало незадоволство кај тие кои би се противеле на одлуките.
Политиканство е да се решаваат проблеми... Без да го должам многу: купи ден политика. Се` е објаснето со ова освен делот на лобирањето на групи од интерес преку кое се стекнува личност со богатсво преку политички одлуки. Носителите на политички функции не се занимаваат со решавање на проблеми туку... Ај вака: Тие создаваат проблеми за потоа да се јават како решавачи на проблемот кој го создале, без оглед на последиците.

Во општество, особено нашето, не постои последна шанса. Патем за танго се потребни двајца или за да си простиме треба двете страни да го посакуваат тоа. За жал, секој вели: Чекај да видиш кога моите ќе дојдат на власт.

Поздрав
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
125
Поени од реакции
8
Скроз си во право моментално политичките елити на двете најголеми македонски партии ја уништуваат Македонија. Луѓе време е Македонецот национално да се освести и да придонесеме сите да имаме убав и квалитетен и безбеден живот во оваа наша Македонија. Да имаме заеднички живот и заеднички да ја градиме нашата држава и општеството во кое живееме со секој кој е спремен вистински да придонесе за интересите на државата и Македонија да му биде на прво место, а не со некој кој ќе штити и застапува туѓи интереси на туѓи држави и народи или пак ќе си застапува свој личен финансиски или каков и да е друг материјален интерес. Нјаголемиот проблем јас мислам е тоа што прво и основно немаме национална стратегија, а исто така немаме и лидер на нацијата, човек кој ќе е спремен да застани зад интересот на Македонија и Македонецот и сите други кои сакаат тука да живеат во слога мир и во држава во која ќе се почитуваат законите и истите ќе важат подеднакво за сите, држава која ќе биде мајка за сите, а не за некого мајка за некого маќеа, држава која ќе се грижи за своите граѓани, но и тие да се грижат да ја негуваат и заштитуваат сопствената држава и сопствениот интерес. Ако го штитиме државниот и националниот интерес вистински преку дела тогаш индиректно го штитиме и сопствениот интерес, бидејќи ако е добро за сите ќе е добро и за секој поединец, а и ако сме сплотени внатре однавор никој нема да може да ни наштети со некакви пропаганди и носење на граѓаните наши во заблуда. Затоа потребно е институциите да проработат професионално и да важат законите за сите еднакво и да се донесе национална стратегија и да се заштити конечно еднаш интересот на Македонија и на македонскиот народ и да не остават еднаш на мира и да сфатат дека сме засебни и посебни различни од другите сите овде на Балканот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom