Ми се Гади,ми се плаче

За во кој круг од пеколот се?

  • првиот

  • вториот

  • десеттиот

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
29 јули 2016
Мислења
7
Поени од реакции
18
Ве гледам на улица како сте водени од одредени партии,и како офци ги пратите. Најжално е за младите и децата кој ни криви ни должни се присилени да го селдат исперениот мозок на нивниот родител. Ми доаѓа да извршам атентат на сите политички водачи, бидејќи ви ги искористуваат недостатоците и крефките изгубени души и ве прават пиони во нивните игри ,кои без престан ги играте.Нели е време да сватите дека тие се ќе напраат само за да седнат на тронот и едните со манипулации и другите со вандализам и крвопролевање.Сите си имаат подршка од странство и се само нивни ефтини проститутки кој го следат она што им е наредено,а не мисалт со својте глави. На ним не им е јасно дека веќе на човекот како суштество не му е важно каде живее или пак кој е на власт,туку каков живот има,он прво треба да си обезбеди егзистенција па да има сила да се занимава со политика и др.. Колкумина во Македонија тоа и го направија и Македонци и Албанци и Турц и Срби,се отселија од овој предел за подобар живот,а некој прифатија и друго државјанство на сметка на своето ,и не ги обвинувам нив бидејќи кога е во прашање егистенцијата на моето семејство се би сторил што можам.Ја обвинувам државава кој ве подгорува со ЛАЖЕН патриотизам.Лажен поради фактот што ни едните ни другите не мислат како да ја подобрат состојбата на Македонија туку како да ја засилат и подобрат нивната положба. Патриотизам не е перење на пари,искористуваше на транзицијата,не е градење на грандиозни украдени градби,не е да се враќаш во минатото и да бараш меѓуетничка омраза. Патриотизам е да ја сакаш твојата земја преку дела и да ја градиме својата иднина преку доверба и еднаквост,да ја подобриш ситуацијата во цела Македонија а не само твојот дел,за твојот егоистичен интерес. Едните не уништија другите не доуништуваат.
Ве прашувам до кога ќе бидеме дел од нивните игри и манипулации? Каде е интернационалната свеста на човекот дека припаѓа на целиот свет а не само на едно опшество??Каде е гоцевиот културен натпревар?
"Нужно сум човек но случајно македонец"
Се надевам дека повеќе ќе немаме вакви избори да треба да го изереме помалото зло,оти сите се за во десетиот круг во пеколот.
Ова е погледот на еден средношколец од 4та година,кој во иднина ќе донесе една нова свежина во политиката, но засега има уште многу да учам(но барем јас признавам).
 
Член од
29 јули 2016
Мислења
7
Поени од реакции
18
Не сме спремни за такво опшество сеуште сме на ниско ниво како луѓе.Треба сеуште да се развиваме до тој степен.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Не сме спремни за такво опшество сеуште сме на ниско ниво како луѓе.Треба сеуште да се развиваме до тој степен.
Демократијата највеќе му одговара на ѓубрето на нашето општество.
Кога ѓубрето ја води државата, имаш ситуација ко што си ја опишал.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Објасни за кого се однесува ова За во кој круг од пеколот се?

Потоа седни и напиши саглм текст со нов ред, пасус кој ќе биде пријатен за читање, јас разбрав од првите неколку редови ама другите нема!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...симболично сите се умрени !!! многу е важно ако некој е во прв, втор или трет ред во пеколот??
пекол си е пекол, ал некој гори, али некој нурка во лајна исто му се фаќа - Луцифер е газда!!!
а ти бараш помало зло? демек де се избегне да се изгори ќе јадеме лајна .....ами исто е -умрени ќе бидеме? :popce:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Добро утро. Што треба да дискутираме тука уствари?
Темата не ти е правилно поставена и не поттикнува дискусија, повеќе ја сфаќам како твое гледиште на состојбата во кое велиш дека сите се дебили (не дека не се').
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Sekogas koga treba da kohabitiraat divi pleminja i civilizirano naselenie doagja do konflikti i problemi, pa tek ako se so razlicna veroispoved.
 
Член од
29 јули 2016
Мислења
7
Поени од реакции
18
Објасни за кого се однесува ова За во кој круг од пеколот се?

Потоа седни и напиши саглм текст со нов ред, пасус кој ќе биде пријатен за читање, јас разбрав од првите неколку редови ама другите нема!
Се подбивам со прашањето не е сериозно секако.Ко што гледаш не е прашање дали се или не се ,сигурно се за во пеколот(како најголеми предавници беше десеттиот-посимболично).

Се пишува "овци" со "В"

Точно.
Ме просветли

Добро утро. Што треба да дискутираме тука уствари?
Темата не ти е правилно поставена и не поттикнува дискусија, повеќе ја сфаќам како твое гледиште на состојбата во кое велиш дека сите се дебили (не дека не се').
Дали се согласувате со мојот поглед (ако не зошто),и вашиот поглед секако сакам да го слушнам.

Sekogas koga treba da kohabitiraat divi pleminja i civilizirano naselenie doagja do konflikti i problemi, pa tek ako se so razlicna veroispoved.
Нема кохабитација со нецивилизирани луѓе точно.Но верувај во овој случај сите се нецивилизирани,партиите го будат тој лажен национализам за да си извадат неколку политички поени од својте етнички групи.А ние како неуки им паѓаме на нивните фори.
 
Член од
29 јули 2016
Мислења
7
Поени од реакции
18
Ако збориме сериозно сите сте предавници или деца на предавници предале не многу одамна бугарското си име и го смениле со географски поим. Инаку играта на Груjо е да уништи Заев. И потоа да уништи и државата. знаете ВМРО е бугарска организациja и губитничка. Ниту ослободи Македониja ниту запази бугарскиот и карактер. Да, да тоj Села е потполно во право само дека не се доискажа шо се били македонците пред 100 години. бугари. Се види и од авион по иминjата jaзикот и обичаите.
Зошто некој би го уништил местот од кај што зема пари и кај што владее?.И едниот и другиот гледаат што "попросперитетна" да биде Македонија ама на различни начини ,за да можат да извлечат што повеќе пари од неа.Никој не сака да се симне од тронот кога веќе е на него.А во однос на историјата не сакам да се мешам,бидејќи не е ни битно во случајов колку стари сме ко народ,еве сме тука сме живи сме,да се обидеме да соработуваме со сите.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Секое население има таква власт каква што заслужува?
Да!
Ама јас не заслужувам да имам ваква власт.
Сигурен ли си дека немаш придонесено и ти за ваквата состојба кај нас?
...
Нешто во последно време ми зачестија ваквите муабети со приајтелите и роднините. Муабетот почнува со критика за колку нештата не чинат кај нас со акцент дека едната страна е виновна, а завршува со тоа дека јас се` сведувам на политика, а тие само муабет си правеле.:facepalm:
После 25 години самостојност мнозинството сеуште смета дека политичарот е тој кој треба да ги реши личните проблеми на поединецот.
Самото спомнување на лична одговорност е доволно еден пријатен муабет да биде сменет за друга тема.
Сите знаат што е добро за државата.
Секој знае што е добро за другиот.
Сите знаат дека некој или државата треба да дојде и да го реши проблемот.
Сите знаат подобро од тебе.... Се`! :yid:

Поздрав

П.С.
Каде е гоцевиот културен натпревар?
Таму каде што треба да биде. Во кантата за ѓубре каде и заслужува да биде.
Нема никаков доказ дека Гоце Делчев ја има кажано таа глупост. Ова ми е потврдено од толку историчари што веќе престанав да ги бројам.
Сепак, со сигурност и доказ, има кажано: Револуцијата на умот, срцето и душата на еден ропски народ е најголемата задача.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

.....кај се изгуби човече...:sneaky:
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
.....кај се изгуби човече...:sneaky:
Се изгубив во обврските. Имав време да читнам, но време за пишување, јок!
Сега имам време и да напишам нешто. До кога не знам.

Се` потешка станува меѓучовечката комуникација. Нема муабет колку да си поприкажеш нешто. Од друга страна што па ќе си поприкажеш.
Досаден си ако коментираш книга која си ја прочитал.
Те брендираат како од една страна или друга страна ако отвориш уста за политика.
Ако искоментираш на гледиште кон што било веднаш си непријател и потоа си принуден да правиш дискусија џоа на дебатна емисија си.
Ќе те праша за совет потоа ќе се кара со тебе ако му дадеш совет ама кој не му одговара (ти бара совет или одобрување за неговите постапки).
Нема да го видиш со години па ќе те покани на пијачка и ќе ти нуди некоја мултилевел глупост, па ќе те навредува како назаден ако не сакаш ништо од тоа што ти го нуди.
Алчен, зол или пизда си ако не му позајмиш. Ако му позајмиш тогаш си глуп. Глупиот дал, паметниот зел.
Ако си патриот тогаш браниш криминалец.
Ако си за ЕУ тогаш си предавник кој брани криминалец.
Ако си ги цениш одликите на сопствената припадност си националист.
Ако аргументираш всушност пропагираш.
Ако се грижиш всушност сакаш да му се наметнеш.
Мораш да помогнеш бидејки ти е должност инаку си суров саможивник, но благодарност не очекувај.
Најголем непријател ти е секој кој не се согласува со тебе макар бил татко, мајка, брат или сестра.
Инсистираат на слобода да прават што сакаат ама се лутат кога другите прават што сакаат.
Има уште ама доста е ова.

И порано ги имавме таквите. Разликата со денешницава е процентот на таквите кој е неприфатливо голем. Толку голем што нема критичка маса да го карактеризира како неприфатлив.
Нешто не е во ред кога во едно општество релативниот морал (прави си свои 10 заповеди и менувај ги како ти одговара) е моралниот поредок на тоа општество, оксиморон е во најмала рака. Во ваква констелација моралниот суд и моралната санкција се само алат за напад, а не коректива.

Дали станува збор за општествен инженеринг? Апсолутно!
Дали ни го погодија дупето овојпат? Апсолутно!
Дали ќе успеат? ЈОК!
З`ш? З`т и не прашувај зошто само погледни во огледало и ќе си видиш. Секој нека го направи тоа и ќе му стане јасно.
Не не` бива да спречуваме ама не` бидува да лечиме. Уште не е стигнато јајцето на газот.

П.С.
Простете на искажанаа вулгарност се обидувам да вметнам уметнички впечаток на напишаново.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom