Мијачкото наречје, потекло и карактеристики!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
МИЈАЧКО НАРЕЧЈЕ
(ЗАПАДНОМАКЕДОНСКА ДИАЛЕКТНА ГРУПА)​

Мијачкиот "јозик" се говори и во селата Галичник, Лазарополе, Селце, Росоки, Осој, Гари, Жерноница, Сенце, Скудриње, Могорче, Присојница, Јанче, Битуше, Велебрдо, Ростуше и во уште некои други места со помали промени, особено во фонетиката.
Западномакедонската дијалектна група се протега од реката Вардар на исток, до границата со

Албанија на запад, со северномакедонските говори во Полог, а на југ допира до Егејска Македонија, односно до егејските дијалектни подрачја.
Мијачкиот дијалектен говор е дел од пошироката група дебарски говори, каде се среќава под името малорекански, односно рекански говор, кои пак претставуваат географскиот регион каде живеат Мијаците.

Во западномакедонските говори влегуваат и охридско-преспанските (долнопреспански, вевчанско-радошки, охридски, струшки и горнопреспански), како и преодните дримколско-голобрдски и гостиварските говори во Полог. Западните македонски дијалекти се зборуваат и во Албанија каде живее македонско население, како и дел од Горанците.

Мијачките, односно западномакедонските говори ги поврзуваат повеќе од триесетина фонетско-фонолошки и граматички особености, кои се јавуваат истовремено и како разликувачки црти по однос на говорите во источна Македонија.

Такви диференцијални црти во фонетиката се:
појава на консонантската група шч, наместо шт, во другите македонски говори: шчо чудо е теа, шчо ќа велит, шчо јадет и сл.
вокалот а на многу места се заменува со о: зоби (заби), пот (пат), коде (каде), рока (рака)... губење на х во почетната позиција на зборот или меѓу два вокала, може и меѓу вокал и слоготворно р: ќа те нарана, појди на отел и сл.
појава на палатализирано (меко) л наместо љ.
замената на групата *цв во *цу: цутит, расцутит...
замената на *ѕв со *ѕу: ѕунит, ѕумкат, ѕункот...
преодот на *св во *су: осуна, осунуење...
у >о: седум, седом...
Честичката ќа за градење на идното време (наместо ќе), односно промената а<е. промената на кратко 'е' во 'е' во сите позиции и зад согласката 'ц': цена, цедило, цевка, цепит... остатоците од старословенската замена на *јон со *јен: јазик (јозик), јачмен (јочмен), јатрва (јотрва) итн. појавата на протетичкото 'ј' пред рефлексот на иницијалното 'он'... третосложниот акцент... градењето акцентски целости: не-го'-виде, не-му'-реков, пода'ј-ми-ја, не-го'-барај... јасен изговор на неакцентираните вокали... губење на интервокалното 'в': Јоан, осноа, биол, столој... отсуство на гласот 'х' и негова замена со 'ф', т.е. 'в' пред консонант и на апсолутниот крај на зборот: јавна, бефте, чевли, нивно-нифно, пифтија, офкат, врф, праф... промена на спирантите 'с', 'з', 'ш' пред 'ц' и 'ч' преку 'х' во 'ф'(в): мофче, круфче, грофче, мафца, прафци (од 'прасе'). Повеќе црти има и од областа на морфологијата, синтаксата и зборообразувањето. кај именските зборови треба да се одбележи разликувањето на општата од номинативната форма кај личните и роднинските имиња од машки род што завршуваат на консонант, на -о и -е: Стојан - со Стојана, Марко - на Марка, татко - на татка му, Крсте - на Крстета, бате - на батета... множинската наставка -ови>-ој: волови - волој, долови - долој, столој, клучој...
тројниот член: човекот, човекон, човеков, жената, женава, женана, детево, детето, детено, децата, децава, жениве...
личната зам. за 3 лице еднина е тој...



личната заменка за 3 лице еднина среден род е теа, наместо тоа...
кратката множинска заменска форма 'и': и виде луѓето...
дативната форма за женски род нејзе од која е образувана и посесивната нејзин...
употребата на синтетичката дативна форма кај заменките: мене ми, тебе ти, нему му, нејзе ñ (је) - нези је, нам ни, ними им, вам ви, кому, некому, никому, дем. овему, онему...
и кај личните и роднинските имиња од машки и женски род: Стојану, Марко(в)е или Маркоту, Петре(в)е или Петрету, Илију, Мари или Маре, татко(в)е, теткине...
Во глаголскиот систем како дијалектно-диференцијални црти во мијачкото наречје се јавуваат:
наставката -т во 3 лице еднина сегашно време: имат, немат, носит, седит, одит, јадет, пасет, играт, се смеет, пеет, работит, нарочуват, токмит...
обликот се во 3 лице множина од глаголот сум,
партиципската форма донесол :) донел, во северните и во источните говори),
широката употреба на конструкциите со 'има' - 'нема' и глаголска придавка во среден род: имат работено, имал работено, ќа имаше работено...
честата употреба на формите од типот е дојден, беше дојден (глаголската придавка од непреоден глагол со формите од помошниот глагол сум).
на целото западно дијалектно подрачје предлогот в се среќава само во формите в, во: во Скопје, в град, в село (или ф село).
предлогот со не се удвојува: со сила, со мака...
додека прилогот врз не се употребува воопшто.
поголемиот број од овие говори го познаваат и предлогот кон.
а од може да се употреби и за искажување посвојност: детето от сестра ми, куќата от мајка ми.
од суфиксите само за западното наречје е карактеристичен деминутивот -уле, што може да се комбинира и со некои други деминутивни суфикси: детуле, женчуле, крфчуле, брадуле...
Бројот на синтаксичките особености не е голем, но тие се доста забележителни:
кратките заменски форми по правило стојат пред глаголот и во почетокот на реченицата: го викнав него, ми реков Мирко(в)е...
во 3 лице во сложенте глаголски форми со 'сум', помошниот глагол се губи: тој дошол, ќа доел, тие дошле...
презент од перфективен глагол со повторливо значење во независни реченици овде не се употребува.
употребата на удвоениот објект во мијачкиот дијалект (како и на целата територија на западна Македонија) е регуларна појава.
Во минатото низ мијачките села постоеле т.н. тајни говори кои најчесто ги употребувале ѕидарите или печалбарите. Овие говори карактеристични за Мијаците се фокусирале на формирање нови зборови, логични за ситуациите во кои се наоѓале говорителите. Во голем број случаи се земале и албански и турски зборови, а некои од нив подлегнувале на помијачување, односно на постројување во калапите на македонскиот јазик.
(алб.) djal[ (djal') - момче > дјале > (дј > ѓ) > ѓале: "Кажи му на ѓалено да жилкат повеќе" - Кажи му на детено да работи повеќе, каде глагол за работи е жилка(т).
Во подолните редови следуваат некои покарактеристични зборови на тајните "ѕидарски" мијачки јазици:
- жилкат (работи), бошкач (мајстор), гледаче (прозорец), клинка (зграда), зоден (јајце), нурец (ѕид), љавит (малтерисува), нуркање (ѕидање), се мижит (се стемнува), светачка (црква), трљачка (пила)...

НАРОДНА НОСИЈА
Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.








Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека & придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.
Мијачката женска народна носија изобилува со голем број детали:
1. Минтан - долна облека од клашна, украсен на предниците и ракавите со кадифе, згора извезен со срмено "букме" и гајтани. Вез - "лоза" се закопчува со сребрени филигрански петлици.
2. Кошула "тнока" - од домашно дебело платно, целосно извезени ракави. Го добила името по главниот орнамент застапен на ракавите и кошулата.
3. Елек - од домашно платно, предниците потплатени со "свита" - чова и згора украсени со срмени гајтани и позлатени петлици.
4. "Клашненик гувеалски" - горна облека, од домашна бела клашна. Предниците - "свитките" богато извезени со срмени и "алосани" гајтани, "букме" и позлатени "петлици". Долу клашеникот е украсен со гајтани и бикме. Наместо ракави има "паткавици" - "рокави" (украсни парчиња што се спуштаат низ плеќите).
5. Појас - ткаен четворно од "чиста" црвена волна. По краиштата богато украсен со "киски" - реси.
6."Препашка" - појас, лито ткаена од алова преѓа со прави шарки, по краиштата украсена со "китови" - реси и "поплети".
7. "Ризинче" - свилено шамивче, индустриски производ.
8. "Фута стамболска" - скутина, цариградска копринена, украсена со "колца".
9. Шамија - свилена со "киски" - реси, индустриски производ.
10. "Чапрази" - со "трепетушки" - пафти со срмен колан.
11. "Низалка" - накит за потпојас, со три реда синџири поткитени со сребрени пари, кувенџиска обработка.
12. Ѓердан поткитен со "дубли" - златни пари.
13. Чорапи "гувеалски" - плетени од волна, ишарани со шарбите "петнаесет игли" и "девет игли".
14. "Врзаници" - невестински чевли, направени од жолта и црвена кожа "сафтијан", ишарани со "з'мба".
15. "Калемќар" - волнена шамија за на глава, индустриски производ.
16. "Игла" од сребро - накит за на глава со четири реда синџири, а на средина со чапрасчиња, кувенџиска изработка.
17. Ушници со трепетулки - накит за над уши.
18. "Плетеници" - украс за на коса, направени од волнени "алосани киски" - рески, украсени со плетеници и "жапки".
19. "Сокај" - украс за на глава, направена од алова "свита" - чова и платно. Долниот дел украсен со срмени ширити и китки.


http://bp2.blogger.com/_c0PGgLNHgQo/SHEPQUBG6-I/AAAAAAAAAmc/yeK6oxw8eaU/s1600-h/nosija.jpg


Мијачката машка народна носија:

1. Кошула - од тенко домашно памучно платно.
2. "Жамадан" - минтан од "свита" - чова, со капаци околу рабовите опточени со машински "тегели" од жолт и црвен конец од макара. Предниците и ракавите украсени со купечки "петлици" - копчиња.
3. "Бечви" - од бела клашна насекаде по рабовите украсени со црни гајтани, од страните имаат по два "жеба" - џеба, а напред кај "кутелецот" има два цепа за полесно облекување на бечвите.
4. Појас - исткаен од "чиста" - вишна волна, четворна ткаенина со прави шарки.
5. "Зобанче зетовско" - од темна или црна клашна. Горна облека долга до појас со "ќулавка" - широка јака која се употребува како засолница од лошо време, дожд, ветер и друго и куси "рокави" - ракави, терзиска изработка.
6. "Кече" - капа од црн сатен, украсено со "машински тегели", занаетчиска изработка.
7. "Чипили" - чевли од црна кожа. Чевларска изработка.
8. Чорапи - "ластиклии", плетени од црна волна.

Во овој дел користени со материјали од публикацијата "Македонски народни носии", во издание на Етнолошки музеј на Македонија, од 1963 година.





Страна 75






Значи Албанската ФУСТАНЕЛА која ја превзеле Грците, е всушност...




Македонска..Мијачка ( види слика погоре )
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Иииии ќе те згазам!!! Тресонче не си го пишал...:uvo:
:wink: :wink: :wink:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
ИМЕТО МИЈАК-МИЈАЦИ ВО ЛИТЕРАТУРАТА ОД КРАЈОТ НА XIX И ПРВАТА ПОЛОВИНА НА XX ВЕК

За потеклото на името Мијаци постојата различни мислења. Така, едни сметаат дека тоа име е прекорно, а други дека тоа е племенско име. И двете стојалишта треба да се земат в предвид и сериозно да се обработат. Ние овде само ќе ги преставиме-цитираме двете стојалишта без да даваме некакви заклучоци добиени од нивната обработка, бидејќи е доволно само да се запознаеме (прочитаме) со нив.
Името Мијаци во литературата се срќава во 1844 година (кај Иричек, стр.576). Учителот и општесвеник Благоја Димитров во своите спомени пишува дека во Битола бил откриен гроб од римската епоха на кој имало натпис: "Тука почива покојникот / воен родом Мијак"; оваа, надгробната плоча која што Димитров ја споменува во своите спомени денес се чува (или се чувала) во Бугарија, поребна е стручна анализа и обработка на плочата и анализа на надгробниот текст за да не се остане само на тврдењето на Димитров дека во Битола е пронајден таков гроб со таква и таква надгробна плоча. Ништо, ама баш ништо не се доказува само со цитатот изваден од спомените на Димитров - ништо не се докажува, кога никој не ја погледнал таа надгробна плоча денес. Ако има таков нека се јави, а не само од еден цитат (кој е само почетна етапа во пронаоѓањето на далечната вистина) да издигнува тези дека еве го имаме најстариот доказ за потеклото на Мијаците кој се темели на само еден цитат (кој е непобитен факт-цитато постои) а не на надгробната плоча. Затоа ова тврење, односно овој цитат-ова сведоштво ќе биде прифатено тогаш кога детално и стручно ќе се обработи плочата и се дотогаш ќе отане во сверата на научната фантазија. Но да се вратиме само на цитатите.
Марко Глигоров, учител во своите спомени пишува: "Мијаците се одликуваат со голема чистота во куќите, а особено поради белата клашена облека што ја носат, затоа им се налагало да се перат, чистат и мијат по што го добиле и името Мијаци".
Стефан Веркович вели: "Веројатно ги нарекле Мијаци од сфаќањето до фанатизам да го почитуваат обичајот и битот постојано да бидат чисти во облеката и однесувањето".
Научникот В. С. Радовановиќ вели дека името Мијаци произлегува од личното именување "мие - ние" што е својствено (било својствено) за Мијаците.
Други пак научници објаснуваат дека Мијак произлегува од старословенскиот ГУ-АКК крепок и силен, а подоцна ја ставиле првата буква М.
Арсени Алексиев тврди дека зборот Мијак произлегува од упорноста на Мијакот да не се согласува со општите работи кога одговарал НИЕСТ - МИЕЦИ - Мијаци
.
Гаврил Симоновски во книгата "
Западната македонска област", на стр.527 пишува: "Мијаците по надворешниот изглед остават длабоки траги во вообразбата на набљудувачот. Физичката градба наспроти духовната, која се огледа во многу односи е убава и правилна, а големиот череп остава силен впелаток. Челото е високо, глава е тркалеста и често пати делната од позади. Мијаците во Дебарскиот крај се јаки, костенливи, испечени и силни. Тешка е и многу ризична борбата со разбеснет Мијак во моменти на спор за редот, честа, за народното самознание. Со векови Мијакот се борел со Албанците само да ја докаже својата моќ, со која тие ги победувале непријателите во секој однос. Мијакот избегнува да врши зло и нема лоши навики. Тоа е наследно. Тој е воздржан, молчелив и суров. Во семејството на Мијаците децата ја следат мајката, го слушаат таткото и се покоруваат на најстариот во куќата, како на главен добродетел. Забележителна црта во карактерот на младите Мијаци е тоа што со голема мака се делат од семејството и додека се во туѓина тие се со тага и воздишки си споменуваат за родното огниште. Многу децении Мијаците одат на печалба во странство, но секогаш остануваат верни на родот и племето и повторно се враќале на родното огниште".
Г. Баласчев пишува: "Словенските племиња кои се населиле тука во VII век знаеле само за длабоки долини. подошла дошле Макденоци дури од Елбасанско и кога ги виделе долините дека се зафатени, се населиле по споменатите места над 1000 метри. Македонците што го населуваат целиот Дебарски крај се познати во Мкаедонија по името Мијаци. Така ги викааат поради тоа што велат ние - мие. Мијаците се разликуваат од другите Макаедонци, од соседните краишта не само по дијалектот туку и по носијата, карактерот, па дури и по физичкиот изглед. И тие како и сите Македонци од Западна Македонија се со крупна глава и со високи чела, по кои белези сеуште се разликуваат од т.н. Брсјаци, кои живеат на југ во Охридско и Кичевско и др."
.






Одломка од вториот речник на Ѓорѓија М. Пулевски

ЗА ГАЛИЧАНИТЕ И ЗА СЕТО ПЛЕМЕ МИЈАЦИ
...
ПИ
А КАКО СЕ ПОЗНАВАЈЕТ ГАЛИЧАНИТЕ, КАЖИ МИ АКО ЗНАЈЕШ?
ОД
ГАЛИЧАНИТЕ СЕ ПОЗНАВАЈЕТ ПО МЕСТАТА НИХНИ И ПО ЗБОРУВАЊЕТО, КОЈЕ ЈЕ ОДЕЛНО, А ОД СЕВЕР КОГА ДОШЛЕ У МАКЕДОНИЈА И ВО НАПРЕД РЕЧЕНИ МЕСТА КОГА СЕ НАСЕЛИЛЕ И РЕКАТА КОЈА ЈЕ У СРЕДИНА НИХНА И ДЕНЕС ЈЕ ГАЛИК СЕ ИМЕНУЈЕ ПО ТЕЈА, А ПО ИМЕТО НИХНО ДРУГО, КОЈИ ВО ДОЛНУ МАКЕДОНИЈУ ОВОЈЕ ПОСЛЕДНИВЕ СВЕ ГАЛИЧАНИ ЈИ ПОЗИНАЈЕТ.
ПИ
А МИЈАЦИ, ОД КАДЕ ПРОИЗЛЕГЛО ТОВА ИМЕ, КАЖИ МИ СЕ СО РЕД АКО ЗНАЈЕШ?
ОД
МИЈАЦИ ЌА СЕ РЕЧЕТ ЕДНО ИМЕ ОД СИВЕ МАКЕДОНЦИ, ЗАШТО МИЈАЦИ СЕ ДОЈДЕНИ НАЈНАПРЕД У МАКЕДОНИЈА, КОГА СЕ НАСЕЉАВАЉЕ У ИЛИРИЈА, ТА ЗАТОВА ЕДНО; А ДРУГО, ТОВА ИМЕ Е ПРОИЗЛЕЗЕНО ОВАКА: СВЕ МЕЃУ СЕБЕ НА МИЉОС СИ ВЕЉАТ. А МИЈАЦИ СЕ ВЕЉАТ И ЗАТОВА, ЗАШТО ИМАЈЕТ УШТЕ ЕДЕН ЈОЗИК ОД ОВЈА, КОЈ Е ОДЕЛЕН, А ТОЈ ИМ ЈЕ ЛАСТОВИЧКИ И ТАЈНИ, МЕЃУ СЕБЕ КОГА ИМ ТРЕБЕТ СИ ЗБОРУВАЈЕТ...



Иииии ќе те згазам!!! Тресонче не си го пишал...:uvo:
:wink: :wink: :wink:

Ќе биде се по ред, целиот Малорекански крај со Тресонче и другите пасишта.

Само ајде малце дискусија нека се развие па ќе надоврзам за животот на Мијаците.

:smir:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.213
Поени од реакции
935
Жерноница такво село првпат слушам, веројатно се мисли на Жировница.
А и, Мелничани исто влегува во листата каде што се зборува мијачкиот “јозик“ :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
*МИЈАЧИЈА*
РЕКАНСКИОТ ПРЕДЕЛ И МАЛА РЕКА
Речната долина во западна Македонија, која со нејзината северна страна се граничи со Шар Планина, на запад со планината Кораб, Десат и Крчин, од исток со Бистра и Стогово, а на југ со Дебарската котлина, се вика РЕКА. Низ оваа долина тече реката Радика десна притока на Црн Дрим. Реката Радика настанува од две реки: Горна или Голема Река и Мала Река. Горна Река-Голема извира од Кораб Планина, а Мала Река од ограноците на Бистра, во близината на селото Тресонце. Некои учени сметаат дека изворот на Мала Река неможе да биде само изворот во близината на Тресонце туку дека таа се формира од Тресонечка Река и од Гарска Река (извира од Стогово во близина на село Гари) кои во своите корита низводно се до нивното здружување прифаќаат и други помали реки, кои заедно ја формираат Мала Река се до нејзиното влевање во река Радика, во близината на Бошков Мост.
Населбите во ова подраче Р Е К А, - слободно можеме да го наречеме МИЈАЧИЈА, и со тоа слободно да се отргнеме од досегашната наша кратковидност (чест на поединци) на именуванје само на населбите и населението од Мала Река со името Мијачија (во некоја литература Мала Река се именува како "чиста мијачка средина"-зашто?!; како тоа другите делови од Река се претвориле во НЕЧИСТИ?!) и МИЈАЦИ; надолу во текстот (во секој текст) кога ке станува збор за подрачјето Река јас воедно ке мислам на Мијачија/та (а не само на Мала Река), а ако станува збор за Мијачија/та тоа знаци дека зборувам за Река (а не само за Мала Река), и за крај ако пишувам за Мијаци јас мислам за Реканци и обратно, односно за сето население од тој крај бидејкќи ако на некого му е битна верата таа за мене и за други (други мислам на тие што погоре за нив употребив чест на исклучоци-мои истомисленици) преставува приватна самосвест и чувство кое никако не смее да влијае и да ја замати нашата македонска крв - се делат на неколку составни целини кои припаѓаат на пределот Река, да ве појаснам за крај повторно, се делат на неколку составни целини кои го формираат единственото цело а тоа е Мијачија/та односно Река:
1. Горна Река, која се простира по горниот тека на Радика;
2. Долна Река, по средниот тек на Радика;
3. Голема Река, од устието на реката Мала Река во Радика до устието на Радика во Црн Дрим (Дебарско Езеро);
4. МАЛА РЕКА, ПО ТЕКОТ И СЛИВОТ НА ИСТОИМЕНАТА РЕКА, ОД КАДЕ И ОВОЈ ДЕЛ ОД РЕКА ГО ДОБИЛ СЕГАШНОТО ИМЕ М А Л А Р Е К А. Мала Река, како лева притока на Радика, извира во близина на споменатото село Тресонче (види погоре за полемиката околу изворот на Мала Река), ги прибира во своето корито Селечка, Росочка, Лозоровска, Гарска и некои помали рекички, како сто се Осојската и Сусичката.

Во малореканскио дел од Река се наогјаат следниве села: ЛАЗАРОПОЛЕ (Главно Село), Галичник (Големо Село) ; (прв пат се споменува во XIV век, исто така важи за старо село), Тресонче (Старо Село) ; (најстаро споменување на Тресонче во Тахир дефтер Но 4 од 1474/76г. дервен село), Гари, Осој, Могорце (единствено село од малореканскиот предел со постојани жители а воедно и најбројно во овој дел од Река), Росоки, Селце и Сушица (првото село од малореканскиот дел од Река сто усте во 1953 година беше зафатено од "феноменот село град" и сосема напуштено од неговите жители. Сушица заедно со Тресонче е најстарото село за кое што среќаваме пишани документи од малореканскиот дел на Река-за Сушица срекјаваме податок во Тимар-дефтер Но 508 кој датира од втората половина на XV век-село дервен со 9 куќи).
Освен овие села, во подалечното минато, постоеле и други села кои денес не постојат во Мала Река: Главино Село, Лопусник и Старо Село.



Во 1952 година, во месноста наречена Јаворска Вода, западно од Лазарополе, се откопани околу 60 гробови кои биле оградени и покриени со камења.
Самата месност, каде сто се откопани овие гробови, се наогја во подножето на Бистра и доминира во овој крај. Откопаните гробови во 1952 година претставуваат единствени археолошки укажувања дека во овие високи планински краеви треба да се бараат остатоци од далечното минато.
Изнајдените гробови се од халстетскиот период како и од словенскиот период. Д-р Блага Алексова, проучувајки ги овие наоди дојде до заклучок дека тие се слични со најдените гробови во Демир Капија. Ова укажува, според Алексова, дека и гробовите од Лазарополе мозе да се датираат од IX - XII век, земајќи ги во предвид самите гробови, керамиката пронајдена во нив дека на ова место постоела словенска населба, во чија што близина се наоѓала и самата населба.

Aleksova Blaga, Arheoloski naodi kaj selo Lazaropole kaj Debar, sp. "Razgledi", god. II, serija III. br.1, 1959, str.84.


Замислете дури во 1952 година и тоа по грешка од Скопје го фатила патот една археолошка екипа да види што тоа на Лазоровци им се попречило во мотиките.
“Еј, уште од 1952 година никој, ама баш никој не се запраша, еве нека е пак по грешка, абре да видите во она дефтерине на пример пишит за некое си Главино Село, за некое си Старо Село, па так по грешка да им реце на копачине ама на вистинскине копачи-не оние дивине-археолози појдете бре до Главино, до Старо Село видете што се случувало пред да се појават оние кои ги пишеле дефтерине.“



ПРИКАЗНАТА НА НАЈТАЖНОТО МАКЕДОНСКО ОРО​
На печалба не се заминувало без "Тешкото". Македонското оро "Тешкото" потекнува од мијачкиот крај тоа се поврзува со печалбарството како судбина на луѓето од овој планински предел во Западна Македонија.Орото започнува со удари на тапанот и со пискотот на зурлите , играорците се движат бавно и формираат круг. Ороводецот дава знак со шамивчето и играорците се фаќаат за рацете , со смиреност и достоинство започнува танецот со приказана за мачниот живот на Македонецот.Тоа е "Тешкото" ."Тешкото" потекнува од мијачкиот крај и неговата суштина етнолозите ја поврзуваат со печалбарството како судбина на луѓето од овој планински предел во Западна Македонија.


Традицијата ни раскажува дека печалбарите од Лазарополе и другите мијачки села , на верскиот празник се враќале во родниот крај за да учествуваат на свадбите на своите роднини. За време на веселбите " Тешкото" се изведувало со силни емоции, восклици и тага поради скорешното заминување на печалбарите , а често и на младоженците кои во селото си ги оставаат невестите.. Така настанал и опстојувал низ времињата овој симбол на тешкиот печалбарски живот на Мијаците. Приказната за "Тешкото" ја раскажува и "Танец"нашиот професионален државен ансамбл за народни песни и ора. На првата интернационална турнеја на "Танец" во Ланголен , Англија за првпат е изиграно орото пред светската јавност и во таа 1950 година "Танец" во Ланголен ја освојува првата награда . Учесник во првата изведба на "Тешкото" во светот бил и ненадминатиот и неповторливиот Александар Сариевски и тоа како тапанџија во оркестарот на "Танец".. Сега веќе покојниот доајен на македонската народна песна раскажувал дека деветмината играорци кога настапиле во Ланголен биле нервозни и на почетокот имало и моменти на трема се до моментот кога легендарниот и ненадминат ороводец на " Тешкото " , Дојчин Матевски се качил на тапанот . Сариевски кога ги видел лицата на исплашените и пребледнати јунаци , му рекол на Дојчин "Баци ме Дојчине" , тој го бакнал и во тој момент се спуштила тежината од рамењата на младите момчиња , на лицата им се разлеала насмевка и тие го заиграле орото онака како што треба , и така цврсто и достоинствено го истерале докрај. Публиката и жирито биле воодушевени и набрзо им било доделено и највисокото признание на фестивалот. Во образложението на претседателот на жирито , професор Тејлор мегу другото се вели : "Македонската група даде јасно сурова игра , откината од најдлабоките народни пазуви , во која не се препозна никаков допир на индивидуална уметничка рака ... таа игра е доказ дека таму живее народ со висока култура".





Фестивал на народни песни и игри Лондон 1962 година, Albert Hall, Танец ТЕШКОТО.
Folk Dance Festival - London, 1962. The Macedonian Folklore Dance Ensamble Tanec at the Albert Hall in London 1962 The Ensemble of folklore dances and songs of Macedonia TANEC was founded by the point out of the Government of the people's Republic of Macedonia in 1949, as a need of the Macedonian culture, having it as an aim to collect and cherish the Macedonian folklore treasure; the dance, the song, the instruments, the rich original costumes and to present it in the country and out of her through concerts, festivals and other performances in the cultural fiehttp://4.bp.blogspot.com/_c0PGgLNHgQo/SKB4JaOoSeI/AAAAAAAAAow/iE65WdDCOJc/s1600-h/HPIM3466.JPGld.

Жерноница такво село првпат слушам, веројатно се мисли на Жировница.
А и, Мелничани исто влегува во листата каде што се зборува мијачкиот “јозик“ :)

Тоше, па самите надополнете. Затоа е темава, најдобро би било ако самите ние си ја пишиме историјата :)
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27



Four Porpyhry Tetrarchs
Porpyhry Imperatori ...

Maximian was born near Sirmium (Sremska Mitrovica, Serbia) in the province of Pannonia

Diocletian was probably born near Salona in Dalmatia (Solin in modern Croatia), some time around 244.

Galerius was born near Serdica, Thrace (now Sofia, Bulgaria),[10] in the place where he later built his palace, Felix Romuliana (today Gamzigrad, Serbia)[11].

The Historia Augusta says Constantius was the son of Eutropius, a noble from northern Dardania in modern Serbia,

Flavius Valerius Severus (or rarely Severus II)
Severus was of humble birth, born in the Illyrian provinces around the middle of the third century AD

Gaius Valerius Galerius Maximinus
He was born of peasant stock to the half sister of the Roman emperor Galerius near their family lands around Felix Romuliana; a rural area now in the Danubian region of Serbia, then the newly reorganised Roman province of Dacia Aureliana subordinated to the later Prefecture of Illyricum).

Constantine, named Flavius Valerius Constantinus, was born in the Moesian military city of Naissus (Niš, Serbia) on the 27th of February of an uncertain year,[24] probably near 272.[25] His father was Flavius Constantius, a native of Moesia Superior (later Dacia Ripensis).[26]

a,Mijacite dosle od Shlezija so varvarite i im gi ukrale kapite...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ај бујрум и од мене...

http://tresonce.com.mk/Makedonski/Index.htm

Се смета дека Тресонче е едно од најстарите села во мијачкиот регион што се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Првите пишани документи датираат од предотоманскиот период (14 век). Селото е родно место на повеќе од 30 зографски тајфи (групи), односно на околу 100 зографи (сликачи на икони и фрески), како и на голем број копаничари и архитекти.
Покрај тоа, Тресонче е родно место на 45 доктори по медицина, 5 академици на науки и уметности, храбри војводи, писатели, политичари, дипломати, инжe њери, новинари, економисти и голем број други интелектуалци. Поради сето ова, не е за чудење што, според верувањето, Тресонче е најписменото село во Европа, иако во него има само 70 куќи.
Тресонче зрачи со креативност и богатство на идеи. Низ историјата го нарекувале и "Назарет на југоисточна Европа" и во исто време го претставува
"Битието на Европа"!
ЛОКАЦИЈА И НАСЕЛЕНИЕ
Влезот во село Тресонче води од Бошков Мост кон исток, по Мала Река и таа е единствениот пат што води низ кањонот во кој се наоѓаат уште и селата Росоки и Селце.
Од северната страна Тресонче е заградено со врвовите Брзовец и Пешкопеја, од исток со Шкрка (Дајдовец) и од југ со ридовите кои почнуваат со Думостол и завршуваат со карпата Соколица. На југ од Тресонче се наоѓа селото Лазарополе. Во самото подножје, речиси на самото дно на кањонот, е сместено Тресонче, засолнето од сите страни со шуми и од погледите на било кој намерник.
Тресонче за првпат се споменува во еден попис од 1467 година, и нешто подоцна во Тахрир дефтер бр. 4 од 1474 – 1476 година, каде се наведува како дервенџиско село. Prvite za~uvani zapisi za seloto datiraat otkako na teritorijata na Makedonija se zacvrstila otomanskata imperija (granicite na imperijata - dolu levo; sultanot Mehmed Osvojuva~ot - dolu desno). Verojatnosta i
pred toa da postoelo seloto se dosta golemi, no poradi borbite {to vo t
oa vreme se vodele na Bistra me|u Osmanliite i nivnite protivnici pridonelo vremeno raseluvawe na naselenieto od regionot na Radika. Според проучувањата, се смета дека во далечното минато регионот на Мала Река ја населувале сточари - Власи, кои живееле во привремени летни колиби и ги користеле богатите пасишта на Бистра. Според наодите на српскиот научник и етнолог, Јован Цвииќ, кој работел во почетокот на 20 век, со доаѓањето на словенските племиња на тој простор, Власите се словенизирале. Сепак, денеска сe уште е храбро да се каже дека Мијаците од Тресонче и од останатите села од регионот се спој од Словени и Власи, зашто т.н. егејска теорија за населувањето на Мијаците во западна Македонија се повикува и на уште една, подревна античко-македонска претпоставка за потеклото на Мијаците!? Има размислувања според кои тие се чисто словенско племе кое имигрирало од територијата на денешна Албанија.

За значењето на зборот "Мијак" прв писмено толкување дал галичанецот Ѓорѓија М. Пулевски (1822 - 1893). Тој во неговата книга "Славјано - маќедонска општа историја" објаснува дека "думата МИЈАК означава - бистар ум, хора бистроумни и оште Мијаци = Македонци...". Потеклото на Мијаците Пулевски го поврзува со античките Македонци и смета дека "Мијаците биле гвардејци на Александар Македонски, а Брсјаците биле неговата брза армија".
Според првичните записи во 1467 година во Тресонче имало три христијански куќи. Раскажувањата на старите и пронајдените записи во турските дефтери сведочат дека во Тресонче низ вековите имало и до 300 куќи, а еве како се движел бројот на домаќинствата според пописите од поново време: според пописот од 1921 година Тресонче имало 248 домаќинства со вкупно 851 жител (274 машки и 577 женски лица); во 1925 година бројот на домаќинства изнесувал 164, а вкупното население 761 жител; во 1930 година имало 117 домаќинства, а 785 жители; во 1948 имало 34 домаќинства, а во 1953 бројот на жители изнесувал 169 лица. Во 1961 година бројот на домаќинства изнесувал 70, со 153 лица; во 1971 година имало само 10 домаќинства со вкупно 24 жители, а во 1981 се регистрирани 15 жители. Во 1994 година во Тресонче се регистрирани само 3 домаќинства со вкупно 9 жители, или како што споменавме погоре, исто колку што селото броело во 1467 година!
Во 2004 година тука живеат 12 лица во 5 домаќинства, но бројот на лицата кои си доаѓаат крај своите стари огништа преку летото, зимските распусти и викендите е сî поголем. Во селото се прават нови куќи, а веќе неколку години до него води тесен асфалтен пат, прооден и во текот на зимата.
На надморска височина од 1.000 до 1.100 метри терасесто, една над друга надвиснуваат куќите наредени во 14 маала: Кадиевци, Пешковци, Јодровци, Лековци, Јуруковци, Бошковци, Брадиновци, Врлевци, Екмежиевци, Крајниковци, Србиновци, Петровци, Тризловци и Кичевци. Некои од маалата денеска се ненаселени.
Тресонче е богато со православни црковни објекти и светилишта. Во средината на селото се наоѓа централниот храм "Свети Петар и Павле", изграден во 1844 година на местото на старата црква, за која денес не постојат ниту записи ниту преданија. Ктитор на храмот бил ќеајата Сарџо (Саржо) Брадиноски и тоа се дознава во записот на Дичо Крстев Аврамоски, подоцна познат како Дичо Зограф, кој ја зографисувал црквата во 1845, 1846 и во 1851 година.
 
A

anaveno

Гостин
..Тој во Речникот од три јазика: с. македонски, арбански и турски (во форма на прашања и одговори) забележал:
„Па затоа и ја напишав на с. македонски јазик, зашто во овој крај не се разбира јазикот бугарски,
но овој јазик си има свое наречје мијачко,
што значи чист разговор,
на кое и црковните книги ги превеле од грчки Кирил и Методиј за нашиот народ.
Пи.
Мије каков јазик зборуваме и како го вељат нашево зборување од Македонија?
Од.
Мије Славјани, кои се наодиме од Македонија, на јужноисточниот крај (на) Јевропа, од Шар до Доспат, Старославјани сме и нашијов јазик се велит мијачки, кое значи чист разговор”
(Пулевски 1974:98).

Sto sakal da kaze Pulevski,Makedonistot,stom tolku go potenciral toa zboruvame cist jazik?

Pulevski ne bil etimologist,no imal gen vosebe od iskonot,pa zatoa i tocno go locira potekloto na narecjeto i taka go imenuva.

Mijj=miJjayati=to speak or to shine

ovoj f-91 e ocigleden propagotor,i bi trebalo da se izbrise.
(ova prvpat go kazuvam,ima tuka sekakvi shqip i blgarski tapoglavci,ama ovoj e napanak).

ova e glamocka nosija,i sigurno tie se od Slezija.:pos2::pos2:

a onie od Prilepsko pole,i tie li se od Slezija?
a onie od Strusko Pole,i tie li se Slezijci?

izrod Makedonski...

p.s.

Sleziski Pakistanci?

papakot,uste se ispofalil so PURPUROT

poraka:
odi kaj Vasko,praj mu drustvo,dodeka ti e vreme....
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Не,бе...сите тие се крадци на капи.Ха,ха,ха.
Кој ти е крив човеку што не капираш,па треба ли човек да ти нацрта ...:pos2:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Знам дека ова е историја, ама знаете ли дека еден од моменталните кандидати за претседател е според потекло мијак?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Знам дека ова е историја, ама знаете ли дека еден од моменталните кандидати за претседател е според потекло мијак?
Да бе, и внук на Макарие. Ама што му вреди тоа кога е изрод.


П.С. f91 се надевам алудираше на тоа дека ги наброја илирските региони и власетели, а тоа се и денешниве, Мијаци, Црногорци, Далматинци...
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Дали е вистина тоа што го пишува Гане Тодоровски во
За и против „Веда Словена“

Годишен зборник на Универзитетот во Скопје, 19, 1967, стр. 393-444.


„Занимлива е забелешката што ни ја дава П. Драганов во својот "Македонско-славјанскиј
сборник", од 1894, каде во Фуснота кон истава песна, читаме:
"Как ни странно, но те Македонские Славјане, которых оплакивает в своеј политическој елегии
почтеннејшиј г. Пулевскиј, если разматривает их в целости, отнјуд не единаково смотрјат на
своју родословију. Одни считајут себја потомством Темистокла и Демостена (славјаногласние
елины, грекомань). Другие, напр. воденские Пуливаки, ведут свое происхождение од
класических Македонјах именно од врагов Демостена, Филипа и Александра македонских,
котрых родили-де наши, славјанскија баби, по выраженију Пулевскаго. Прилепские и Велеские​
же Брзаки, если верит Ст. И. Верковичу, происходјат од королја Марка, которы, как известно,
был Серб. Пејанци, если верит болгарину Г. Динкову, произошли од Југовичеј, которы како
известно тоже были Серби. Мыјаки же все ведут свое происхождение од своего "славного паше Скендер-бега бана" и назмвајут-то себја албанцами, хотја они по јазикы не албанци а Славјане, шкьјаи“​
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Разбирам што пишува, но не ти ја разбирам поентата...
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Поентата ми е дали е вистина тоа за Мијаците.
„Мыјаки же все ведут свое происхождение од своего "славного паше Скендер-бега бана" и назмвајут-то себја албанцами, хотја они по јазикы не албанци а Славјане, шкьјаи“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom