Митрева сака да стане претседател на Генералното собрание на ОН

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248

Илинка Митрева

Илинка Митрева, шефицата на дипломатијата на заминување, го прави последниот, најважен потег во нејзината кариера. Сака да стане претседател на Генералното собрание на ОН, како што дознава А1 од дипломатски извори.
Митрева денеска требаше да излезе со овој предлог пред Владата, од која и треба поддршка, но во последен момент е повлечена темата од дневен ред.
Најголемиот проблем за Митрева, според изворите на А1, не е Владата. Дилемата останува кај претседателот Црвенковски и кај ВМРО на Никола Груевски.
Шефот на државата веќе ја има официјално информацијата, но кандидатурата доаѓа во последен момент, кога Митрева ги пакува куферите, како и целиот кабинет на Бучковски од „Илинденска”.
Идеја која за новата влада на Груевски е прифатлива, но зошто тогаш тие да не излезат со свое име?
Заради тоа што кандидатурата на Македонија во Генералното собрание има своја историја. Уште 2002-ра Владата влегува во игра како дел од источно-европската група.
Идејата се актуелизира на залезот на Владата на Бучковски, со Илинка Митрева, која преку македонската мисија во Њујорк, силна кампања и добро разработено лобирање ја има целта како врв на кариерата - претседател на Генералното собрание на ОН.

:ija: :ija: :ija: :ija: :ija: :ija: :ija:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Хахахахахахахахахахахахахахаххахахахахахахахахаха *













*Извиниете за коментарот ама толку можам да кажам. И мислам дека е доволно
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Многу амбициозна типка, нема шо.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
kamili baraat vo saudiska...od goreshtinite mu crknale nekolku
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Абе, овие нашиве политичари (и политичарки) воопшто имаат ли компас штои прават, што зборат што пишуваат?
За да се стане таква личност, треба прво, да е докажан во дипломатијата, правото, економијата....
Какви успеси имаше таа во овие области? Со што придонесе, во рамките на својата функција,за доброто на Македонија?
Се плашам дека со вакви изјави, во ООН ке не сметаат за тотални кловнови!
И ќе имаат право!
Што мисли Илинка, кека во ООН владеат комунистички клучеви, па таа демек, паметна, а тие, демек, будали и така ќе се омрси?
И го жалам паметот!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Де бе Македонска работа, па како прво да имаш претседател на ОН македонец е многу битна работа, ако се успее де, па сега дали била Илинка или некој друг од ДПМНЕ не е ама ни најмалку битно, се работи за државни интереси
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Во битката за ГС на ООН се овојпат, според ситемот на ротација, о централноазиките земји, што знали, Митрева може да сака, ама кога ќе дојде време и ако престане да пие и се подмочува во гаќи по меани.
Ужас.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Garfield напиша:
Во битката за ГС на ООН се овојпат, според ситемот на ротација, о централноазиките земји, што знали, Митрева може да сака, ама кога ќе дојде време и ако престане да пие и се подмочува во гаќи по меани.
Ужас.
Па не мора да биде Илинка, нека пројави желба некој друг па ќе одлучат нашите партии кој да биде, барем за такви работи треба да се најде консензус.

Само да не биде Љубиша.....
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Има време, барем 5 години, сега се бира од Азија, ако не му се продолжи мандатот на уште пет на новиот, а релативно така е, освен со Бутрос Бутрос гали, десет години, а не сум сигурен дека е ред на Европа.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Garfield напиша:
Има време, барем 5 години, сега се бира од Азија, ако не му се продолжи мандатот на уште пет на новиот, а релативно така е, освен со Бутрос Бутрос гали, десет години, а не сум сигурен дека е ред на Европа.
Абе штом оваа покажала желба ваљда има нешто, сигурно не би се истрчала така наивно
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Митрева, да не се истрча, а бе бегај оттука. Покилаво створење кое абер нема освен од пијање не постои.
Бегај. Што знае таа. Или мисли дека изгледа како монгол па че пројде како да е од Азија?
Уште пет или десет години ќе имаме ГС на ПН од Азија, не е рано за лобирање, ама нека се гони таа. Не ни требаат ни нам такви бламажи ниту на светов кретен ко неа. Па да им се моча у гаќи у бифе на ОН?!
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
За момент помислив дека е први април денеска!:devil3:

Кај бе оваа на таква функција, да и дадеш 3 овци она 6 ке изгуби:pishtoldz
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Митрева тропа на вратата на ОН
Шефицата на дипломатијата на заминување, без одлука на Владата веќе лобира за функцијата претседавач со Генералното собрание на ОН

Министерката за надворешни работи во заминување Илинка Митрева без формална владина одлука лобира да биде кандидатка на Македонија за претседавач со Генералното собрание на ОН од септември 2007 година, дознаваме од владини извори. Информацијата за кандидатурата на Митрева била подготвена за вчерашната седница на Владата, па повлечена, но не е исклучено да се најде на наредната владина седница.

Според истите извори, Митрева веќе лобира за оваа престижна функција.

Во МНР демантираат дека било планирано на седница на Владата да се расправа за евентуалната кандидатура на Митрева.

Доброупатени извори велат дека функцијата е престижна и корисна за земјата, бидејќи ќе се најде во центарот на вниманието во ОН, но за кандидирање која било личност, пред се', мора да има одлука на Владата.

- Сепак, во ваков период на транзиција на власта не е упатно да се носи таква одлука пред смена на Владата - предупредуваат нашите извори.

Според нив, би било многу лошо за имиџот на земјата ако новата Влада го повлече кандидатот што е одреден во ваков транзициски момент. Тие велат дека треба да се направат консултации со новата власт, без да се „протнуваат“ одлуки на мала врата.

Според процедурата на ОН, претседавачот со Генералното собрание има едногодишен мандат и се избира од петте ротирачки групи. Македонија е во источноевропската група, која го презема претседателството во септември 2007 година.

Македонија уште во 2002 година, кога амбасадор бил Срѓан Керим, ја поднесла кандидатурата за наредниот мандат. Процедурата на ОН предвидува изборот да се врши во јуни пред почетокот на мандатот за потоа претседателот да биде избран со акламација на Собранието. Но, претходно се постигнува согласност меѓу сите земји во групата за заедничкиот кандидат.

Според информациите на МНР, досега немало друга заинтересирана земја од нашата источноевропска група, што не значи дека до јуни нема да има. Сепак, според МНР, обично кандидатурите се поднесуваат во периодот од септември до декември и тој период е најдобар за лобирање, додека трае сесијата на Генералното собрание.
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Гледам јас дека таа не си го менува умот, односно ќе си продолжи со својата циркузантска акција!
Нека и е со среќа, а нам Господ нека ни е на помош!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom