- Член од
- 11 јуни 2006
- Мислења
- 315
- Поени од реакции
- 0
Еве нова парола
Со Илинка на чело, вселената е наша!
Што велите?
Со Илинка на чело, вселената е наша!
Што велите?
Вие само дискутирајте...таа си се нашета по белиов свет ...секако на наш грб...нека и ги извадат само вкупните часови од летовите (сосе „придружбата..нели)во времето кога изигруваше министерка секако со вкупните трошоци на тајфата ....и накрај ЕФЕКТИТЕ од тие патешествија...особено оние кон ДУБАИ.Macedalien напиша:![]()
![]()
![]()
Илинка Митрева
Илинка Митрева, шефицата на дипломатијата на заминување, го прави последниот, најважен потег во нејзината кариера. Сака да стане претседател на Генералното собрание на ОН, како што дознава А1 од дипломатски извори.
Митрева денеска требаше да излезе со овој предлог пред Владата, од која и треба поддршка, но во последен момент е повлечена темата од дневен ред.
Најголемиот проблем за Митрева, според изворите на А1, не е Владата. Дилемата останува кај претседателот Црвенковски и кај ВМРО на Никола Груевски.
Шефот на државата веќе ја има официјално информацијата, но кандидатурата доаѓа во последен момент, кога Митрева ги пакува куферите, како и целиот кабинет на Бучковски од „Илинденска”.
Идеја која за новата влада на Груевски е прифатлива, но зошто тогаш тие да не излезат со свое име?
Заради тоа што кандидатурата на Македонија во Генералното собрание има своја историја. Уште 2002-ра Владата влегува во игра како дел од источно-европската група.
Идејата се актуелизира на залезот на Владата на Бучковски, со Илинка Митрева, која преку македонската мисија во Њујорк, силна кампања и добро разработено лобирање ја има целта како врв на кариерата - претседател на Генералното собрание на ОН.
:ija: :ija: :ija: :ija: :ija: :ija: :ija:
Пастирано од Наталија на друга тема!Тајното решение на идниот премиер Груевски и новата влада за претседавач со Обединетите нации!
Покрај најавите дека министерката во заминување Илинка МИтрева лобира и се бори за добивање владина номинација за претседавач со ОН, како и задкулисното и непринципиелно лобирање за себе на Срѓан Керим, од извори блиски до мандаторот и иден премиер, Никола Груевски, се дознава дека тајниот адут на новата влада за кандидат за претседавач со ОН ќе биде г-дин Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, човекот кој бескомпромисно ги однесе картите за спорните граници со соседите, чобекот кој успешно ги изведе преговорите и договорите следниот претседавач со ОН, кој ќе биде по системот на ротација, од земја од источна Европа, да биде од Република Македонија, како и човекот за чие министерување се случија едни од најпозитивните работи во надворешната политика и дипломатијата.
Се шпекулира дека со именувањето на Чашуле за владин кандидат за претседавач со ОН, Никола Груевски сака да и стави до знаење на јавноста дека е крај на задкулисните препирки и непринципиелности во дипломатијата, поставувајќи искусен дипломат и реномиран новинар со широко познавање на надворешната политика, претседавач со комисијата за НАТО во минатиот парламентарен состав, личен пријател на амбасадорката на САД во РМ, како и на Џорџ Буш помладиот и многу други еминентни државници и политичари.
Именувањето на Чашуле се претпоставува дека ќе дојде како шок за амбициите на министерката во заминување, како и на Срѓан Керим, лица кои вон структурите, противно законот и правилата се обидуваат со сите сили да издејствуваат свое именување за престижното, но и мошне одговорно место.
Истите извори блиски до мандаторот тврдат дека ова решение е најдоброто можно за иднината на Република Македонија во согласност со ветената програма на ДПМНЕ за доведување способни кадри на одговорни функции, со цел исполнувања на предизборните ветувања.