Мистеријата на езерото Лок Нес

Efro

Happy place,happy place!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
104
Поени од реакции
0
Vikaat deka lugeto vo ova ezero go gleadaat ogromniot i mnogu star reptil po ime Nesi.Toj reptil postoel uste od vremeto na dinosaurusite i ima mnogu luge sto videle del od nego no nikogas ne go videle celo.Gledav dokumentarec na TV i posle tolku istrazuvanje vidoa deka ustvari ne postoi toa.Sto mislite vie taka e ili ne e taka?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Интересна тема.
Лично мислам дека не постои, најверојатно е некоја стара легенда и сега уште толку популаризирана за да привлече туристи.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Езерото се вика Лок Нес. И сега брзо во весник имаше баш дека не било тоа чудовиште, туку околу Лок Нес имало циркус и слоновите се капеле во него па затоа има ‘‘НЕСИ‘‘
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Абе таму си има тавко НЕСИ чудовиште или што и да е, ама тоа ти е американска работа, го прекриваат со ептен глупи изговори, како за НЛО кое паднало у Розвел и после демек било временски балон.... Глуп народ!

Иначе, по мое, мора да има таму такво нешто, не се слепи луѓево! Ај за НЛО можеш да излажеш многу лесно, пошо обично ноќе се појавуваат само светла, па ги праиш морони! А ова, што им е тука у близина, и на риболов идат таму и на излет.... Што не проверат еднаш со нуркачка опрема, роботи и такви ствари, па да се осигураат! Ако викаат дека не постои такво нешто, зашто не проверат? Или се плашат...
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457

многу луѓе од таа област тврдат дека виделе некое чудовиште и истражувачи откриле дека тоа не биле сурлите на слоновите
 
Член од
19 јануари 2006
Мислења
127
Поени од реакции
1
Интересно , мислам дека сеуште може да се најде такво нешто во езерото ,штом некој веќе гарантира дека видел нешто што не е слон.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Abe sve ova e izmisleno samo za da zarabotat lugjeto sto ziveat vo toj predel. Ako imase takvo cudoviste, so sto toa ce se hranese? Nema mozebi bilki i rastenija da jade. I kazaa deka nurkaci go prebarale ezeroto i nisto ne nasle. Epa ja mislim tolkavo cudoviste da ne moze da se vidi... Sigurno ima skriena moc da se prae nevidlivo :P
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Можно е и ова :):):):):
Обожавателите на чудовиштето од Лох Нес, кои се надеваат дека барем за момент ќе можат да го видат легендарното суштество, можеби и ќе имаат среќа благодарение на подвижната веб-камера, која снима во темните длабочини на шкотското езеро.

Камерата, отпорна на притисок, почна минатата недела да емитува снимки во живо на Интернет од езерото длабоко 230 метри, изјавија организаторите.

- Лох Нес има повеќе слатка вода отколку целата Англија и Велс. Има доволно простор за неколку мистерии, иако не очекуваме да налетаме на Неси. Ова е едно од најпрекрасните географски карактеристики на британските острови, а во него се случуваат многу неочекувани и чудни нешта.

Таму некаде лежат и објаснувањата за тоа што се случува - вели истражувачот Адријан Шајн, водач на проектот "Лох Нес".

Фотографиите прикажани на Интернет на веб-страницата www.visitlochness.org го прикажуват темното дно на езерото, на кое Шајн вели дека може да се најдат суштества од леденото доба.

Еден италијански геолог во јуни годинава предизвика бранувања сугерирајќи дека легендата за Неси може да биде резултат на голема географска аномалија што се случува по езерото.

Еден ветерански шведски ловец на чудовишта претходно предизвика бес меѓу Локалното население предлагајќи да фрли мрежа во езерото надевајќи се дека ќе го фати Неси.

Легендата за чудовиштето од темните води на Лох Нес датира уште од 565 година, кога Свети Колумба, за кој се смета дека го донел христијанството во Шкотска, наводно го забележал страшното суштество во езерото.

А ВИДЕТЕ ГО И ОВА (колку е јако еј :):):):)):
Верзија на чудовиштето од Лох Нес, кое се појавило во езерото Ван повторно се видено. Еден очевидец тврди дека го видел тоа мистериозно животно на во езерото во источна Турција, јави новинска агенција Анадолија.


Животното ја стави главата на мојот брод. Бев избезумен„, изјавил Мугдат Авци, кој веќе 24 години работи на езерото Ван, најголемо езеро во Турција.

Авци тврди дека ја видел главата на животното, која „потсетува на нилски коњ, а има врат долг два метри„. Животното по појавувањето брзо исчезнало во водите на езерото.

Кон крајот на 20 век групи професионални фотографи дојдоа на езерото Ван, откако беа објавени аматерски слики на наводното чудовиште, но не успеале да го снимат.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Чудовиштето од Лох Нес(The Loch Ness Monster) популарно наречено Неси(име од женски род; го дал Peter Scott), е неиндетификувано животно за кое се верува дека се населило во езерото. Исто како и Јети и Бигфут, се смета дека Неси е една од најголемите мистерии на криптозоологијата(потрага по животни за кои има гласини(се верува) дека постојат, но за кои недостасува доказ. Овде се вбројува и потрагата по живи примероци на животни за кои се верува дека постоеле во некое време, но денес се верува дека се истребени).
Од описот даден од очевидци, се верува дека Неси е плесиосаур, долговрат воден рептил што е истребен. Од друга страна, научниците велат дека плесиосаурот најверојатно бил ладнокрвен рептил на кој му е потребна топла тропска вода, додека просечната температура на Лох Нес е само околу 5,5 целзиусови степени. Ако плесиосаурите биле топлокрвни(како диносаурсите), сепак не би можеле да преживеат поради недоволните извори на грана во езерото за топлокрвни животни.
Има многу објаснувања за тоа што е свушност и дали постои Неси.
Некои викаат дека е тоа измама од локалните жители, за да привлечат туристи, некои тврдат дека понекогаш даски/гранки/делови од потонати бродчиња испловуваат на површина, трети дека навистина постои(некои и дури дека го виделе), четврти дека... и така натаму верзии.
 

spiner

SE25
Член од
29 јануари 2007
Мислења
51
Поени од реакции
1
Најубедливиот доказ за постоењето на чудовиштето од езерото Нес стигнал како резултат на втората експедиција на д-р Рајнс во Шкотска.Неговата екипа на 20 јуни 1975 г. потопила две подводни камери.Биле инсталирани на длабочина од 13 и 25 мерти и снимале по 2000 слики во интервали од 75 секунди со помош на силни стробоскопски ламби.На фотографиите било прикажано црвеникавокафеаво животно со дебело тело,долго 4 м. со свиткан врат долг 2 и пол м.Главата му била грозна,со отворена челуст и со две издадености слични на ноздри.

Овие докази го убедиле ветеранот меѓу ловците на чудовиштето,Сер Питер Скот дека Неси постои.Тој изјавил: ''Таму долу ги има веројатно помеѓу 20 и 50 и јас верувам дека потекнуваат од плезиосаурусите''



http://img410.imageshack.us/my.php?image=policihd0.jpg Plesiosaurus


Плезиосаурус (вид изумрени рептили).Се претпоставува дека предците на Неси биле одсечени од морето кога било формирано езерото пред крајот на леденото доба.

Но од каде зачестените средби со чудовиштето после 1933 г. па наваму?
-Се предпоставува дека по изградбата на патот во 1933 г.бујната вегетација која со векови ги прекривала неговите брегови била исечена за потребите на патот,а дел од камењата со кои се градел патот биле фрлени во езерото.Сето ова надополнето со силните експлозии за расчистување на просторот каде се градел патот,според тврдењето на експертите ги уништило прастарите подводни пештери во кои живееле чудовиштата,па за првпат по толку години чудовиштата почнале да талкаат по езерото.

Извадено од ''Најголемите светски мистерии'' - Најџел Блундел
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Какво чудовиште бе, некој мајтап сигра со луѓето пари прат таму тие не играчка од туристи. Иначе алал да му е на тој шо го измисли ова чудо сигурно и самио беше изненаден колку глупаци паднаја на неговата финта.
А иначе ако сакат и на гла да се наместат нема диносаурус да најдат во езерото. Можат секакви чудовишта да се најдат деформирани на езерското дно ама најчесто тие се неподвижни и не се толку различни од денес познатите животни. Јас знам сеа брзо во Преспанското езеро имаше нуркачи истражувачи, на дното пронајдоја огромни по незнам колку кила (да не лажам стварно незнам, битно огромни над 200 кила) риби. Е сеа мојш да замислиш Лох Нес шо се дешава ама да не се лажиме дека диносаури има останато. То убедување го оставам за нискоинтелегентна раја со пари и желба за алтернативен туризам.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Џабе приказни дека луѓе го виделе и имале контакт со него кога нема докази. Додека нема докази за мене не постои ова суштество.

Зошто воопшто истражувачите од типот на тој д-р Рајнс кај што вика дека го фатиле на камера не покажат снимките?

А сликите од овој тип подоле e докажано дека се лажирани. Тоа се местенки, предмети што личат на НЕСИ кои што се неколку пати помали од претпоставената големина на НЕСИ



 
Член од
18 март 2007
Мислења
84
Поени од реакции
0
гледав една емисија , каде даваа факти дека сето тоа со Лок Нес , немало везе! Дадоа многу добри докази за тоа. :)
 
T

trilobite

Гостин
Efro напиша:
Vikaat deka lugeto vo ova ezero go gleadaat ogromniot i mnogu star reptil po ime Nesi.Toj reptil postoel uste od vremeto na dinosaurusite i ima mnogu luge sto videle del od nego no nikogas ne go videle celo.Gledav dokumentarec na TV i posle tolku istrazuvanje vidoa deka ustvari ne postoi toa.Sto mislite vie taka e ili ne e taka?
Така е.
Туристичка атракција и ништо повеќе.
Дури и да е не е така(значи еве постоел)многу е тешко,уствари неверојатно едно топлокрвно животно(рептил) да опстане во езеро со ниска температура како што е Лох Нес.
Па уште и со милиони години...
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27



Верувајте во што сакате...ама мислам дека повеќе од евтина кампања за промоција на северниот дел од Британија...ништо повеќе нема!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom