Мистеријата за сателитот 'Црн Витез'

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да расчистам уште однапред со хаце скептици - Се работи за феномен, кој навистина се случил, факт. Може да биде многу работи, но не е некаква си оптичка илузија, има доволно материјал кој покажува на нешто друго. Феноменот, до ден денес не е објаснет, и е мистерија. Се поврзува со неколку други случаи, каде најдени се сличности во информациите, и е можно да се работи за едно исто нешто.


* Некаде во почетокот на 1920те години, жители на неколку држави во Америка репортираат светол зеленикав пулсирачки објект, кој предизвикал паника кај населението. Повеќето архивирани репортажи од настанов ги снемува "мистериозно" во 60те години.


* Крајот на 1920те години, истиот феномен е забележан и во Франција и Шпанија.


* 1927-28 - Тим од Норвешки научници, на чело водени од страна на Карл Стоермер (професор по математика, Универзитет на Осло), за прв пат го регистрираат таканаречениот LDE (Long Delayed Echoes) феномен, од радио емитувања, мерејќи циклуси во ранг од минути се до цисклуси од ранг на часови. Феноменот до ден денес не може да се објасни. Подоцна, во 60те години, тим на американски научници, го поврзува ова со случајот на сателитот Црн Витез.


* 1953 - Познатиот астроном и откривач на Плутон, Клајд Томбоу, започнува да работи на проект за Војничката Канцеларија на Ordinance Research заедно со доктор Линколн Ла Паз, колега астроном и експерт за метеори, кој претходно работел доверливи задачи за војската во врска со "Зелени Огнени Топки" НЛО феноменот. Според војската, проектот бил наменет за откривање на природни сателити на Земјата во близок распон, кои би можеле да бидат искористени за вселенски станици во иднина. Но, според Доналд Кихоу, кој ќе стане директор на NICAP, вистинската цел на проектот била да идентификува два објекти кои одеднаш се појавиле на радар од долг распон.


* 1954та, неделното списание Aviation Week, објавува дека се пронајдени два сателити блиски до Земјата, на далечина од 400 и 600 милји, поединечно. И покрај наводни потврди од внатрешни извори за објавени вести од ваков вид како во New York Times, Ла Паз негира дека било кога работел на таков проект, а Томбоу одбива да коментира за ова во во интервју за Popular Mechanics, 1955та година.






* 1957 - Скоро после лансирањето, се забележува како некој мистериозен објект фрла сенка врз Спутник 1, првиот сателит од човечко производство кој е лансиран во Земјината орбита. Два месеци подоцна, Др. Луис Коралос, од Министерството за Комуникации во Венецуела, фотографира неидентификуван објект кој го следи Спутник 2, како што поминува над Каракас.


* Февруари, 1960 - Северно Американскиот Воздушен Безбедносен Систем (претходник на NORAD), детектира објект кој има маса од 15 тона кој се движи во поларна орбита, користејќи го (тогаш) новиот Dark Fence детекционен систем (денешен Space Fence, како програма). Големината е неколкукратно поголемоод било што САД и Русија биле во способност да го лансираат во орбита, во тоа време, земајќи в предвид, и тајни технологии кои е можно да постеле во тоа време. Објектот, наречен "Black Knight" од страна на војската, и е следен три недели без престан, и наеднаш исчезнува. HAM радио оператори уште еднаш репортираат LDE (Long Delayed Echoes) феномен за време на овој период.




Еден од тимот на HAM операторите тврдел дека составил мапа од циклусните прекини и повторувања на радио бучавата и ехоата, со која гради динамична мапа фокусирајќи на ѕвездата Изар (Epsilon Boötis).


* Подоцна, истата година, професорот Роналд Брејсвел, за магазинот Nature, за прв пат, чисто "теоретски" и "случајно", формира научна теорија/идеја за возможни начини на комуникација помеѓу цивилизации кои живеат на различни планети во различни системи, наречена Брејсвелова Сонда. Сличностите со 'Black Knight' феноменот се од значење овде.


* 3ти Септември, 1960 - Неидентификуван сателит, кој во опис наликува на описот поврзан со 'Темниот Витез' сателит, е конечно фотографиран од страна на следачка камера кај Bethpage централата, близу Grumman Aircraft Factory, на Long Island, во 20:51, после седум месечно трагање исклучиво на радар. Во зависност од времето во годината, сателитот егзибира јака црвена светлина, зелена светлина, или комбинација на црвена и зелена светлина. Во Септември, 1960та, сателитот се движи во правец исток-запад, во време, во кое веќе лансираните човечки сателити се движат запад-исток.


* 1963 - На последниот прелет од неговата 22-орбитна мисија, Американскиот астронаут, Гордон Купер репортира до Muchea трагачката станица во Австралија, дека гледа светлечки објект со интензивна зелена боја пред него во вселенскиот простор кој личело како полека да му и се приближува на неговата вселенска капсула. Самата станица фаќа радарска потврда за објектот и потврдува дека се движи во правец на источно-западна орбита. Подоцна, официјални извори кажале дека дека Купер халуцинирал поради некој електричен спој во неговата капсула и труење со јаглерод моноксид. Проблемот е, што не е единствен астронаут кој гледал и ќе гледа работи од ваква природа на своите мисии.


* 3ти Август, 1967 - Објект од три тони се урнува во Суданската пустина. Некои сметаат дека ова е дел од сателитот Црн Витез, и со тоа агресивно работат на тоа да се угушат што е можно повеќе извори за овој инцидент. Интересно за објектов е тоа што бил во форма на коцка, со квадратурни и ректагонални форми на неговата површина. Ќе отворам посебна тема за ова, зошто ваков мал пасус за нешто од таква природа е неправда според мене.

* 1970те години - Шкотскиот астроном Данкан Лунан (за кој не знам дали е друг човек, или истиот инволвиран со HAM радио операторите едно деценија и нешто претходно во 1960та година), самиот прави анализа и доаѓа до идентична ѕвездена мапа на која се наоѓа ѕвездата Изар, почнувајќи од тоа како била пред ~13.000 години п.н.е. (~15.000 години вкупно), се до тоа како денес изгледа делот од соѕвездието Волар, каде што се наоѓа ѕвездата Изар. Ова е издадено од страна на British Interplanetary Society, Journal of the Society of Electronic and Radio Technicians, и Analog, меѓу други. Подоцна, во друго списание се обиде да си ја врати загубената репутација со што сам си ја "поби" својата анализа.


Од тогаш, бројни други објекти се фатени на радарски сензори, камери и очи, од страна на официјални лица кои работат за владини структури и воени организации. Голем дел од нив се поврзуваат со Црн Витез феноменот. До ден денес. Други сметаат дека се работи за други објекти, кои немаат врска со Црниот Витез, но сепак се од нечовечко потекло.



Други извори доаѓаат од страна на инсајдери на НАСА и други организации поврзани на некој начин и форма со вселенски истражувања или пратење на небото, кои говорат за довреливи мисии кои се изведени за да се донесе назад некаков "монолит", во 1972 година. Има и шпекулации за сигнал од необјаснива природа фатен за време на мисијата на Казини, за Сатурн, во 2004та година, каде се шпекулира дека е можно повторно да се работи за мистериозниот Црн Витез сателит.




Црниот Витез феномен, ако ја оставиме динамичната ѕвездена мапа на страна, може да биде и технолошка реликвија од античко време, можеби некогашен производ на припадниците на мистериозни цивилизации како Атлантида, Лемурија, или Хипербореја, кои по уште помистериозен пат, исчезнале од лицето на земјата.


Штета е навистина, што ваков тип на мистерија не и е дадено доволно кредит, и е затрупана на дното, во полза на други т.н. мистерии и алтернативни приказни како Нов Светски Поредок, 2012 Doomsday сценарија, кристални черепи и слично. Не за друго, но барем за ова има доста факти, за разлика од другите. А се гледа и напорот да се заташкаат одредени работи во врска со настанов.

Lets begin the discussion :)
 
Член од
9 март 2010
Мислења
368
Поени од реакции
373
Леле ненормален со што се замра :tapp:

Море нели гледаш струјата поскапе, бензинот исто, зејтин, јајца итн ...
Има луѓе што сакаат да се едуцираат и ги интересираат вакви работи.. Ако ова тебе ти е „замарање“, на некого му е хоби... Ако не ти се чита слободно замини од темата...

Онтопик: Да го пофалам Шкорпион за трудот што го вложил во темата, иако прв пат слушам за ова, доста е интересно..
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Онтопик: Да го пофалам Шкорпион за трудот што го вложил во темата, иако прв пат слушам за ова, доста е интересно..
Има многу вакви теми, кои ако почнам сите да ги отварам, некој ќе си помисли дека ги измислувам (затоа гледам да најдам нешто во врска со тоа што го пишувам, колку-толку да има тежина некаква).

Планирав да отворам наскоро и една тема за урнат објект во Судан, за кој исто има малку информации (и не знам дали ќе ја отворам темата, ако најдам премалку).

Решив да пишам за да внесам малце свежина во подфорумов, малце заглиби во последно време. Мило ми е што ти е интересно, имаш некое твое мислење/став околу ова? Или прерано прашувам? :D
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497

In Ufology these images are of the 'Black(sometimes Dark) Knight' satellite.



BLACK/DARK KNIGHT SATELLITE ............ Ancient spy satellite ........ ???
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
BLACK/DARK KNIGHT SATELLITE ............ Ancient spy satellite ........ ???
Имаш димензии од чудово, пошо ова може да биде и вселенски одпат (оставен од астронаути).

Исто ако успеале да го сликаат сигурно и се доближиле до него
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова, најдоле десно, изгледа како оние стелт авионине. А другиве поим немам што би требало да бидат.


BLACK/DARK KNIGHT SATELLITE ............ Ancient spy satellite ........ ???
Океј, ова е веќе морбидно :D
--- надополнето: 20 септември 2012 во 20:11 ---
Имаш димензии од чудово, пошо ова може да биде и вселенски одпат (оставен од астронаути).

Исто ако успеале да го сликаат сигурно и се доближиле до него
Еве овде најдов нешто - кратко клипче на кое на почетокот поврзуваат работи со феноменов, и после покажуваат некаква мапа и траекторија, за која мислам дека се работи за наш сателит, кој како што орбитира прави слики од небото и го фаќа објектов/или објективе (не знам дали е еден или повеќе).

 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.447
Поени од реакции
5.131
* 1957 - Скоро после лансирањето, се забележува како некој мистериозен објект фрла сенка врз Спутник 1, првиот сателит од човечко производство кој е лансиран во Земјината орбита. Два месеци подоцна, Др. Луис Коралос, од Министерството за Комуникации во Венецуела, фотографира неидентификуван објект кој го следи Спутник 2, како што поминува над Каракас.
Вака значи, одлична тема, имам слушано за "срањево" и претходно, се разбира дека е мистерија, но оваа барем за мене е една од логички поприфатливите. Имам само забелешка кон цитатот погоре.
Посебно за сенката. Се мисли буквално нели?
Ако е така, прва работа, како е детектирана сенката од Земјата и втора работа, како ја предизвикува сенката врз така мал објект (Спутник) кој постојано ја менува својата положба кон сите останати објекти?

Потоа, го спомна Касини кој е сонда што го истражува Сатурн, што значи црниов Витез, прво не е сателит, второ мора да е управуван од некој ако веќе ја напуштил орбитата и го следел Касини.

И една од најбитните работи што лесно може да ја "сруши" мистеријава е дека постојат голем број на астрономи-аматери (па скоро сите со подобар телескоп) кои лесно може да го фотографираат објектот - црниот витез. :)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497

Ова се само слики и видеа од интернетов за овој мистериозен објект ...................... но никаде не пишува на која висина се наоѓа, ниту пак кои му се димензиите, ниту пак масата ................ ниту пак пишува дали е видлив од земјата ?!
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
...

И една од најбитните работи што лесно може да ја "сруши" мистеријава е дека постојат голем број на астрономи-аматери (па скоро сите со подобар телескоп) кои лесно може да го фотографираат објектот - црниот витез. :)
Иии, тоа е се`, дами и господа.
 
M

Muranyi

Гостин
Шкорпион
Имаш ли информација за димензиите на чудово(не знам како да го наречам,зашто потребно е барем малку истражување за да можам да пишам било што)?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Вака значи, одлична тема, имам слушано за "срањево" и претходно, се разбира дека е мистерија, но оваа барем за мене е една од логички поприфатливите. Имам само забелешка кон цитатот погоре.
Посебно за сенката. Се мисли буквално нели?
Да, мислам дека буквлано се мисли. И фала :)

Ако е така, прва работа, како е детектирана сенката од Земјата и втора работа, како ја предизвикува сенката врз така мал објект (Спутник) кој постојано ја менува својата положба кон сите останати објекти?
Поим немам. Пренесувам како што беше пишано. Освен ако немале некаква технологија со која зумирале во доволна мера за да утврдат такво нешто, што за тоа време не ми е баш сигурно. За чудни работи околу Спутник 2 има повеќе отколку за Спутник 1. Само не знам како увиделе и кај Спутник 2 некој неидентификуван објект.

Потоа, го спомна Касини кој е сонда што го истражува Сатурн, што значи црниов Витез, прво не е сателит, второ мора да е управуван од некој ако веќе ја напуштил орбитата и го следел Касини.
Не, не, тоа што кружи околу Касини не беше дека е следен од некој објект, туку дека со Касини фатиле некаква си трансмисија за која се мисли дека е емитирана од Црниот Витез (не знам од каде им е заклучокот - немаше објаснение зошто, ама дека имало некаква аномалија, имало, само некои ја атрибуираат на дивата радиација и електромагнетни прстени со одзив на неговите месечини, прави чудни емисии :). Има нешто, ама не знам дали е поврзано со Црниот Витез.

И една од најбитните работи што лесно може да ја "сруши" мистеријава е дека постојат голем број на астрономи-аматери (па скоро сите со подобар телескоп) кои лесно може да го фотографираат објектот - црниот витез. :)
Па астрономи и работеле на проективе. За да ги плаќаат помалку, работеле баш со астрономи аматери. Наводно објектов има елонгирана елиптична орбита, каде орбитира некое време околу Земјата, па се префрла на друга траекторија која го носи надвор од Астероидниот појас, и се враќа назад кај Земјата повторувајќи го тој процес во интервали (кои мислам дека не се еднакви), и се очекува да го има повторно во 2016/2017 година. Можеби е потребен моќен телескоп, или можеби го помешуваат со некој астероид (има неколку кои се сметаат за астероиди, иако имаат невообичаени карактеристики). Аматер лесно може да погреши :).
--- надополнето: 21 септември 2012 во 13:21 ---
Шкорпион
Имаш ли информација за димензиите на чудово(не знам како да го наречам,зашто потребно е барем малку истражување за да можам да пишам било што)?
Па има конфликтни репорти - на почетокот, тврдено е дека објектот е бајаги голем, и според големината и дензитетот, 15 тона. Во подоцнежните репортажи, објектот е далеку помал и полесен, околу големина на мало комбе. Можно е да се работи за два различни објекта. Поголемиот да е тој што свети во црвена и зелена боја, а помалиот да е тој што не свети и е црн (ако сликиве погоре се релеватни, тоа ќе да е помалиот објект).
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Интересна е помислата дека ова е напуштен вселенски брод/сателит од дамнешните цивилизации...но како што кажа членот погоре,ако успеале да го лоцираат и сликаат,сигурно му се доближиле доволно блиско за да увидат што е...но сигурно нема да ни кажат,можеби за 50 години...
 

Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Јас мислам дека денес се што и да гледаме и слушаме за НЛО, Непознати објекти се дел од нашата планета... Можеби пред нас биле некои мн понапредни цивилизации за коишто не ни знаеме. Можеби тогај се случила некоја масивна катастрофа и некои ја имаат напуштено нашата планета во потрага по други планети, и сега пуштаат некои летала за да ја надгледуваат состојбата на нашата планета или па се обидуваат да комуницираат со нас на некој непознат јазик со непозната технологија. Можеби сакаат да не предупредаат за нешто...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom