Мини Шенген - реконструкција на ЕУ

Член од
23 мај 2019
Мислења
1.179
Поени од реакции
958
Како и секогаш важните прашања се избегнуваат и тоа не само во медиумите.
Стравот отворено да се проговори за некои процеси, кои се во тек или претстојат, нема основа...

Како и за многу работи и за ова прашање има спротивставени страни, Едните се против со аргументи дека преку овој проект се реализира проектот за голема Албанија, други исто говорат дека се зајакнува улогата на Србија, трети што ќе има каже да пласираат.
Другата група во овој проект гледа унапредување на соработката(економска, културна и политичка) помеѓу идните членки.

Според првите сознанија проектот е замислен да овозможи...
1. Слободно патување на граѓаните на Србија, Македонија и Албанија на територијата на трите земји со лична карта.
2. Странци во земјите-членки на иницијативата да можат да патуваат без дополнителни визи.
3. Заеднички работни дозволи и признавање на квалификации и дипломи, без дополнителни процедури.
4. Студентска размена.
5. Заеднички проекти за истражување и развој.
6. Воведување на 24-h работно време на сите служби за гранична контрола, особено фитосанитарна и ветеринарна инспекција.
7. Единствен пакет на документи потребен за транзит на стока, воведување колку што е можно помала документација, во согласност со стратегијата за дигитален развој;
8. Измени и дополнувања на законите за пазарот на капитал, даночни и финансиски системи во сите три земји, со цел создавање услови за непречен проток на капитал.
9. Зајакнување на прекуграничната соработка во областа на борба против меѓународен криминал и тероризам.
10. Дефинирање на сопствени правила во многу области со цел подобрување на атрактивноста на трите земји и соработка.

Инаку проектот е на оската Париз-Берлин и е во рамките на предвиденото реконструирање на ЕУропска. По излегувањето на Британија, ЕУропска е ставена на испит и нејзиниот опстанок овие две земји го гледаат во концентрични кругови (Париз) или ЕУроспка во повеќе брзини (Берлин) (различно име за ист проект). Проблемот е што ЕУропска ја започна својата реконструкција со аспирантите за влез во ЕУропска а не од себе, за некои ова е чудно ама ЕУропска секогаш така правела, а сега кога си има и експериментални глувци се тече по план.

Процесите за реконструкција на ЕУропска се започнати, проектот Мини Шенген е почетокот и за почеток ги предвидува овие 3 држави, а понатаму би се проширил со Бугаристан, БиХ, Црна Гора, ... (чудно Словенија никој не ја спомнува па зарем ќе остане сираче) и би завршил со Грекистан. Престолнината на ова друштво според некои би требала да биде во Атина како награда за Грекистан за да прифати вакво нешто, но тоа е во последната фаза.

Ако овие, за сега, само срамежливи најави и пробни балони продолжат и се интензивираат, се прашувам како Црпе1 и Црпе2 ќе излезат пред Македонците кога нивниот единствен пат штотуку им се затвори, а тие кариери градеа на тој пат, и како Црпе1 ќе говори зошто го сменил името и од Македонија направи јазична федерација, многу прашања, бурни времиња следуваат.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.119
Поени од реакции
3.539

Не ја сфаќам логиката на долниот дел од постот. Бугарија, Грција, Словенија веќе се во европска унија и не знам по која логика они би сакале да сменат друштво кога можат да се шлепаат со Германија и останатите напредни држави.

П.С Додека не излезат со официјални информации што би содржел мини шенгенот не би дискутирал премногу инаку ова како што го напиша звучи доста позитивно, а муабетите за голема Македонија, голема Албанија или голема Србија се веќе досадни.
 
Треба да се гледа во најавите (на гласноговорникот, во случајов Макрон) и процесите ќе станат јасни.
Проектот на концентрични кругови е редефинирање на ЕУропска, по принцип на “чистилиште со повеќе кругови“, првиот круг го прави јадрото а другите се околу и служат како резервоар на ресурси (човечки и секаков друг вид)... Бугаристан и другите се наоѓаат во крајниот прстен од тие кругови (предвидени се четри) па природно е дека ќе отпаднат односно припаѓаат во четвртиот прстен.

Прва поента беше дека нема да има понатамошно проширување на ЕУропска!
Втора, дека процесот за редефинирање на ЕУропска е започнат но не како што се очекуваше од јадрото туку на периферијата...
Можно е некои од најавите да се само пробен балон за да се испита теренот, повеќе ќе знаеме за 30-тина дена кога Британија ќе ја напушти ЕУропска.

Словенија беше повеќе на шега спомната затоа што тие исто како и Хрватска се бутаат во Вишеградската група (третиот прстен) и на тој начин сакат да обезбедат подобра стартна позиција. (Всушност целата игранка е да се вовлече Украина во еден од тие кругови, на тој начин Москва ќе падне без испукан куршум, за прв пат во историјата - ова пак значи дека дали, како и колку ќе оди овој процес на редефинирање на ЕУропска сепак зависи од геопозициите пред се на РФ и Кина како ситуационен сојузник во моментов...)

Во секој случај фактите се тие, како ќе се интерпретираат останува на секој според неговите преференции. (инаку сите проекти се највуваат со помпи и имаат “добри намери“... така и Црпе најавуваше дека ќе го смени името и ќе почне да тече мед и млеко!)
Сепак главното беше дека со ови процеси, “единствениот пат“ на СДСс+ДПсНЕ се брише од картите, и прашањето е која ќе биде новата мантра која овие сега ќе ја продаваат.
 
Искрено не гледам кој фактор се државиве што ги наброја. Ниту со популација ниту економски, ниту како обрач не сме битни, моќни или способни. Тие што се членови во европска унија не верувам дека би излегле за да се дружат со нас, а ние останатите заедно немаме популација колку една Украина.

Дека нема да има проширување можеби си во право, но другиов дел ми е far-fetched сценарио.
 
На врв Bottom