Меѓународен театарски фестивал "Гола месечина"

ИвањушкА

some-thing
Член од
17 јули 2009
Мислења
342
Поени од реакции
526
На отворена сцена поставена на фудбалското игралиште кај паркот на езерата во Општина Аеродром од 21. јуни до 30. јуни ќе се одржи првиот Меѓународен фестивал на комедијата насловен како „Гола месечина“.

Фестивалот во сабота ќе се отвори со претставата „Хамлет во пикантен сос“, а завршува со премиерната претстава „Многу врева за ништо“.

За време на фестивалот публиката ќе може да ужива во осум претстави и тоа шест претстави од скопските театри Драмски, МНТ и Театар Комедија, како и од театрите од Битола и од Струмица, како и 2 претстави од странство, односно од Босна и Херцеговина и Србија.

Сите претстави почнуваат во 21:00 часот, а влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.

Меѓународниот фестивал „Гола Месечина“ ќе има натпреварувачки карактер, со тричлена жири комисија. Ќе се доделуваат четири парични награди и тоа награда за најдобра режија, за најдобра машка и за најдобра женска улога, како и гран при за најдобра претстава.

Ова е резултат на успешно спроведениот проект културно лето „Аеродром се смее“ од минатата година што наиде на одличен одѕив кај публиката кога за претставите се бараше столче повеќе.
...................................
еве и репертоар :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Се надевав дека ќе ја има “Важно е да се викаш Ернест“ ама ништо, изгледа ќе одам на Сомнително лице, не ми е гледана а мислам дека е една од оние кои се задолжителни да се изгледат од комедииве кај нас. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom