Мечување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Баш се заинтересирав за овој вид, порано воена техника, денес спорт. Посакав да се зачленам во некој клуб и да почнав со вежбање or so, чисто рекреативно...арно ама, не најдов никаков податок...

Има некој искуство? Постои некој клуб?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Имаше порано во Кале мечување. Тренираа секој ден некои 4-5 души.
Ми се чини дека беа од „Работнички“.

Еве што најдов на интернет за мечувањето кај нас:

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Мечувачи во Македонија да бараш со борина[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во Скопје има само два мечувачки клуба и оваа архаична борбена вештина е сведена на маргините на спортските случувања, иако нејзините корени датираат уште од Отоманската Империја. Кај нас за аристократски сп[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Луѓе во бело, со црни маски на лицето е првата асоцијација за мечувањето. Со високо кревање на оружјето пред лицето се поздравува противникот во грациозен став, со што се означува крајот и почетокот на една архаична борба меѓу џентлмени.

"Токму тој спој меѓу архаичната борбена вештина и футуристичкиот стил на облекување беше нешто на што не можев да одолеам. Така и почнав да мечувам. Првин во мечувачката секција на Универзитетот во Келн, а по моето доаѓање во Македонија продолжив овде да мечувам ", вели Гизберт фон Хаугвиц од мониторинг мисијата на Европската унија во Македонија, кој повеќе од една година е член на мечувачкиот клуб "Работнички" од Скопје.

Тој раскажува дека кога дошол во Македонија едвај успеал да го пронајде МК "Работнички", бидејќи многу малку луѓе знаеле дека кај нас има клуб за мечување.
"Кога дојдов во Македонија почнав да работам во Тетово. Таму речиси и немаше некоја спортска активност, а да не зборувам за мечување. Потоа отидов во Штип каде што слушнав дека во Скопје има мечувачки клуб. По доаѓањето во Скопје, отидов до неколку спортски клубови и се распрашував каде може да се мечува, но никој ништо не знаеше. Се обратив дури и до Градското собрание каде што ми кажаа дека има таков клуб во Скопје, но дека не ги знаат ниту телефонскиот број ниту адресата. На крајот сосема случајно видов еден постер од МК 'Работнички' дека почнуваат со обуки за мечување, и така ги најдов", раскажува Фон Хаугвиц.

Во нашата земја оваа архаична борбена вештина е сведена на маргините на спортските случувања, иако нејзините корени датираат уште од Отоманската Империја.
"Мечувањето кај нас има голема традиција. Во турско време француските дипломати барале да се отвори школа за мечување, а тоа, најверојатно, и се случило бидејќи документите од тоа време се изгубени. Современото спортското мечување во Македонија почнало во 1937 година. Во тогашното кралство СХС била создадена секција за мечување во рамки на спортинг клубот 'Скопје'. Потоа се отвораат вакви секции и во други клубови. Нашиот клуб постои од 1954 година, формиран е во рамки на Железничкото спортско друштво "Работнички, а и ден-денес е државен клуб", вели Љубиша Кондев, тренер во МК "Работнички".

Љубителите на овој спорт велат дека мечување е втор мисловен спорт, веднаш по шахот. Според нив, мечувањето ги извлекува најдобрите и најрационалните карактеристики од човекот, бидејќи мечувачот, освен брз, треба да биде и смирен и трпелив.

"Не може секој да мечува. Потребни се добри рефлекси, голема брзина, координација и повисок степен на интелигенција. Во овој спорт, освен физичката подготвеност, треба да се се осмисли секој потег или движење бидејќи е еден вид стратешка борба меѓу џентлмени", објаснува Кондев.
Според видот на оружје што се употребува во борбата, постојат три стила на мечување - флорет, стил на меч и стил на сабја. Флоретот како студено оружје за мечување е најлесен и тежи околу 500 грама, додека мечот тежи 750 грама. За стилот флорет кракатеристично е тоа што како важечки поени се сметаат само ударите во телото на противникот, а не и оние во главата, рацете и во нозете. Во стилот меч, освен во телото, важат и ударите во главата, нозете и во рацете, а во стилот сабја дозволени се удари и од страна, односно со сечилото на оружјето.
Во мечувањето строго мора да се почитуваат сите правила, а особено правилото дека треба коректно да се однесуваш со својот противник.
"Додека си на пистата никако не смееш да покажеш непочитување кон противникот. Не е дозволено викање, пцуење, фрлање на оружјето и слични работи што се случуваат во другите спортови. Дури не смееш да му го завртиш грбот на противникот, бидејќи тоа се смета за знак на непочитување и се добиваат казнени поени", објаснува Кондев.
Според мечувачите, шансите некој од учесниците во борбата да биде посериозно повреден се сведени на минимум, пред се, поради високите стандарди за заштита со опремата, која е изработена од најдобрите кевларски материјали, од кои се прават и полициските панцири.
"Дури и да дојде до кршење на мечот, човек може да се здобие само со модринки или гребеници, но никако мечот не може да направи дупка во костимот. Маската е направена од вискоквалитетна челична жица која не може да биде пробиена", додава тој.

Мечувачите објаснуваат дека спортското мечување во голема мера се разликува од сценското мечување, односно од она што може да се види во филмовите и на театрската сцена. Филип Илиевски, член на мечувачкиот клуб "Работнички", вели дека основна карактеристика на спортското мечување е со минимални движења да се погоди противникот и да се постигне поен, а за сценското мечување карактеристични се големи замавнувања со оружјето и движења на поголем простор.

"Целта во сценското мечување е да се постигнат ефекти, затоа има поголеми движења во просторот, поголемо замавнување со оружјето. Спортското мечување, пак, се одвива на мошне ограничен простор, односно на мечувачка писта која е широка 1,55 метри и долга 14 метри. Во борбата не смееш да излезеш од оваа писта", објаснува Илиевски.
Во Македонија има само два мечувачки клуба - "Работнички" и "Вардар", кои се наоѓаат во Скопје. Во МК "Работнички" велат дека кај нас за аристократски спорт се смета тенисот, а мечувањето не е интересно за новопечените газди бидејќи бара упорност и истрајност.

"Во светот часовите по мечување се три до четири пати поскапи отколку овде, и мечувањето важи за еден од најпрестижните спортови", вели Кондев.
Елица Ангеловска

***

Мечувањето кај нас го донеле конзулите

Почетоците на мечувањето во Македонија датираат од 1909 кога во Солун бил одржан првиот курс по мечување, на барање на европските конзули. Потоа ваков курс бил одржан во Битола во 1911 година, и уште еден во Солун во 1912 година.
Во 1911 година во спортскиот клуб "УСКРБ" од Скопје, покрај останатите спортови, се вежбало и мечување во основната мечувачка секција, а членовите на дипломатскиот кор мечувале во својот дипломатски клуб. На 2 ноември 1950 година се формира Мечувачката секција ЖСД"Работнички", во 1954 година ваква секција се формира при Македонскиот народен театар, а во 1955 година и во клубот "Студент".
[/FONT]
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Баш се заинтересирав за овој вид, порано воена техника, денес спорт. Посакав да се зачленам во некој клуб и да почнав со вежбање or so, чисто рекреативно...арно ама, не најдов никаков податок...

Има некој искуство? Постои некој клуб?
Трн, еден другар мој порано од мали нозе се занимаваше, ама сега прекина затоа што како прво нема ни тренери, а камоли услови.
Ги подучуваа наши мечувачи кои по некоја случајност ја напуштиле државава барајќи подобри услови за живот, па почнале да се занимаваат со тој спорт, било за универзитетите каде што студираат, било онака, рекреативно. Што значи професионален тренер немале.
Еднаш само месец-два платиле нашиве на некој странец да дојде да ги тренира, ама им се видело многу скапо и го шпордисале назад.

Сепак, затоа што детево не тренира едно 2-3 години, слободно прашај, затоа што ни тој не знае сега какви се условите, а неговиот брат тренира мечување во Словенија и можам да кажам дека е доста добар спорт, кој бара концентрација и рефлекси. Жално што кај нас не е развиен.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Барав порано како по мал да почнам да го тренирам ова, едниствено од спортови само ова ме привлекло да го тренирам ама по кратко распрашување видов дека нема воопшто од каде да почнам :Ѕ
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Момнетално има понеделник, среда и петок тренинзи од 8 до 10 вечер во салата на основното училиште “Војдан Чернодримски“ (во близина на министерство за животна средина). Се примаат заинтересирани од сите возрасти.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Хм... Има заинтересирани? Да се испробаме, може се крие некој мечувалски талент во нас :)

Трн, што викаш да идеме? :)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
само не се залетувајте туку така, морате да имате на ум дека треба малку посериозно да го сфатите мечувањето бидејќи тука има инвестиција во опрема, како одело, маска и евентуално меч.
Освен тоа има многу “суво“ тренирање, ради техниката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom