Метеопатија

Дали сте метеопати


  • Вкупно гласачи
    35

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Дали на вас влијае промената на времето и климата и како се манифестира?
Кај мене кога врне подолго време се појавува некоја тмурност и нерасположеност, едноставно немам воља за ништо, или кога врне снег чуствувам некое спокојство како никогаш... како е кај вас?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Јо јо, ова кај мене се манифестира со болки во пределот на десната нога.
А кај народот појавава е позната како... ме врти коленото, ќе залади утре.

пис.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Да влијае.
Кога врне како што кажа се чуствувам нерасположено и по цел ден лежам, вегетирам:)
Најмногу мразам како деновиве претходно кога малку ке врне, па ке испарува, па сонце 40 степени, па загушливо ... е тоа е убиство за организмот и ич не ми беше добро деновиве, денес малку подобро сум :pipi:
Кога е сончево сум среќна и расположена.
Додека кога врне снег обожава дома да седам и да гледам како врне, токму како што кажа спокојно :smir:
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Значи ретард сум коа се мења време, притисок ми паѓа , ми се врти, ме болат коски, и незнам што се не више у пм да иде, и онака да можам само да легнам и ќе се мрднам од спиеење, лошо е многу ми е лошо коа се мења време.. Уфф:vozbud:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Воглавно не......со еден малецок исклучок, страшно ме дупи една стара (детска) повреда..пукнатина на коска.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
За расположение тмурна сум само кога има облаци и кога претерано дува,а кога врне сум спокојна било снег било дожд.Сончево и мирно време се знае,хепи сум
А иначе имам болки и јас,ден два пред да заврне ме боли највеке пределот од коленото до стапалото секогаш на десна нога.Исто сите коски ме болат и сум таква омалаксана.Друго ништо:pipi:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па не ми влијае многу,само може малце да ми го подобри расположението.
Обожавам дожд,кога врне имам насмевка од уво до уво и сум највесела и најрасположена!Особено кога шетам или трчам на дожд.
Леле мераци еј!:vozbud::vozbud::vozbud:

Само не сакам кога температурата е испод нулата,ама пак и тоа не ми влијае којзнае колку на расположението.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Влијае, ама повеќе сугестивно.
Немам никаква физичка болка кога времето е лошо, ама ме нервира.
Мразам кога врне дожд, кога времето е облачно, тмурно, и кога цела зима нема да заврне снег.
Контра на тоа, многу сакам лето и сонце, ако сака пекол нека е, штом целово лето го издржав во соба без клима, ништо не ми е :)
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Па порано не, ама како стареам, пред да врне плешките и рамената ме болат у пм...и денот пред да заврне за ништо не сум... е после ми е све ок, особено кога врне, многу сакам кога врне, многу сакам да седам и да ги гледам капките по прозорот... убајни ... а расположење зависи од окружење
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Охоо... Не да влијае! Ми иде на живци, немам начин да го спречам,а се случува секако...Најлошо ми е кога се стемнува и е спарно,а се чувствува дожд во воздух, е тогаш ми се повраќа, ме врти малиот прст на раката што го исчашив пред 7 години...И станувам раздразлива,ми се дреме, не сакам ништо да правам...Ужасно е да си метеопат!:toe:
 

Ganimed

La Petite Seduction
Член од
18 јули 2008
Мислења
303
Поени од реакции
18
da i jas sum metereopat, go osekam vremeto sekogash, promenite nagli na temperatura poveke od -/+10 stepena za dva tri dena, se manifestirat kaj mene so blagi glavobolki, ili tonenje vo prostor, predizvikano od promena na nadvoreshniot pritisok, isto taka teshko se naviknuvam na vremenski razliki, mi treba poveke vreme da se stabiliziram od drugite...
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
75
Поени од реакции
0
од нагли промени само знае главата да ме заболи , ништо посебно ...
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Кога врне дожд,мене ме фаќа некоја депресија,не сум расположена за ништо и се ме мрзи.
Кога е убаво, има сонце,тогаш сум весела,расположена,насмеана.
Додека врне снег обожавам да шетам,посебно навечер и да се восхитувам на таа прекрасна белина.
Ако ова ме прави метеопат,тогаш сум.:wink:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Освен што кога врне дожд сум нерасположен и на жешко време како деновиве ми тече крв од носот друго нешто не чувствувам.И како и некои други од погоре, и јас уживам по снегот да шетам:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom