Металот за разлика од позерите еден металец знае точно што значи и што тоа со себе води. Вистинскиот металхед има посебен став за животот, размислува слободно и отворено. постојат МНОГУ... потенцирам МНОГУ стеротипи кои постојат за металхедсите скоро ниеден не е точен. Како прво: металците по душа се атеисти. Иако веќе може да се каже дека христијаните веќе не веруваат и не се придржуваат до библијата, по мое мислење, голем број од металците го почитуваат она што се вика вистинска морална вредност можеби и повеќе од "верниците". Метал музиката како основа за оваа култура во себе содржи длабоки филозофски ставови кои воедно се отсликуваат и на оваа култура. Металот најчесто обработува теми за: Војна, општество, морални ставови, односи меѓу луѓето, многу често религиозни содржини со кои се отфрла библијата која ја сметаат за начин на манипулација (блек метал FTW). Вистинските металци го користат металот да се ослободат од стрес и да пребродат голем број на проблеми. Оние кои навистина го ценат металот често имаат надпросечна интелигенција. За вистински металец не може да се смета оној кој само ја следи модата. металот е и начин на живот и гледање на работите од сосема друга перспектива. стереотипите (повторно по мое мислење) се врзани за позерите кои само се "фураат" дека слушаат хардкор музика што воопшто не е поентата. Јас слушам метал веќе неколку години и нит сум пипнал цигара а не дај боже дрога од било каков тип.