Менаџери на ноќни клубови

Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Гледам има тема за вратари на ноќни клубови , но не најдов ваква тема за менаџерите во ноќните клубови .Ако има веќе отворена тема нека ја спојат .
Темава е наменета за давање коментари и развивање на дискусија за нив.Како тие ги прават организациите на ноќните случувања , позитивни и негативни особини кај нив ,случки со нив и внатре во самиот локал ,дали тие диктираат кои и какви луѓе ќе влегуваат во локалот итн.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.867
Кај нас во МК и на балканот газдите се и менаџери затоа пропаѓа локалот по некое време. А во странство тоа го прават обучени лица... Интересна работа е што во странство менаџер е една од најплатените професии без високо образование.

Но менаџерите во странство се среќаваат со еден проблем... :Dhttp://www.motika.com.mk/iznervirana-makedonska-majka-vo-avstralija-se-vraka-doma-od-rabota/
 
Член од
17 јуни 2015
Мислења
35
Поени од реакции
65
Кај нас во МК и на балканот газдите се и менаџери затоа пропаѓа локалот по некое време. А во странство тоа го прават обучени лица... Интересна работа е што во странство менаџер е една од најплатените професии без високо образование.

Но менаџерите во странство се среќаваат со еден проблем... :Dhttp://www.motika.com.mk/iznervirana-makedonska-majka-vo-avstralija-se-vraka-doma-od-rabota/
Или за да не се замараат со тривијалности газдите најмуваат ко вазали маалски „мангупчиња“ обично со потпросечна интелигенција, кои во неможност да најдат вистинска работа а и генерално не се способни за вистинска работа (нивното „менаџирање“ се состои во правење нарачки на пијалоци и вртење по телефони за настапи, треба да си идиотче да не можеш истото да го правиш), па оваа „работа“ им е идеална за ќарување малолетнички, физички и/или во мозокот, бидејќи се некакви ко бајаги фаци, па и за беспари би го работеле истото или за да можат бесплатно да честат пијачки. Секако ништо од нив не зависи немаат никаква слобода, за се треба да го прашаат газдата, но замисли кога ќе и каже на Трпана од 3та што има цицки ко за 25, мозок ко за 12, дека е менаџер во омилениот и кафиќ, следи инстант влажнење во меѓуножјето.

Чесни исклучоци можеби има некој сериозен локал со потреба за сериозно „менаџирање“ (воопшто не ја потценувам таа професија, делумно имам искуство колку е комплицирано да организираш било што), ама да имаш над 22 ....23 максимум и да се фалиш дека си некаков „менаџер“ во некаков кафиќ мириса на типична балканска непоткрепена самобендисаност и самоважност, ко онаа кога некој од времето се фали „еееееее ја на времето коа играв фудбал“, а бил резервен голман во ФК Славеј од Мешеишта во 4та лига...

Ако разговарате со такво менаџерче, прашајте го кои се неговите задачи како менаџер, како ги оформува цените, што прави за да анимира повеќе луѓе, како го распоредува буџетот за маркетинг врз база на проектираниот профит, најголеми успеси вс. најголеми разочарувања ќе видите нивната најкомплицирана работа е купување пијачки од магацин и правење попис, ако тоа е некакво „менаџирање“.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кратко опишано на хумористичен начин (03:16 - 03:58) за тоа кој и какви се менаџерите на нашиве ноќни клубови.......:)


Низ зборови кажано.......... најголемиот број ноќни клубови/дискотеки/кафичи/што и да е, имаат два менаџера.

Едниот менаџер е некој повозрасен човек (читај од 30 - 50 години) која можеби има, но можеби и нема некое познавање од менаџирање, но битно е близок другар на газдата, главен фраер е во локалот и има пуштено пифски стомак. Тој се грижи или воопшто не се грижи за кои пијалоци и која храна ќе се служи во локалот, колку толку како ќе функционира локалот и кој пејачи/ки ќе настапат во локалот. Од тоа големо познавање затоа голем број локали се интересни само првиот месец од отварањето, а потоа се заборавени или ја губат етикетата за добро место за искачање.

Вториот менаџер е дете, најчесто девојче, на возраст од 12 - 15 години, но некогаш може да тера и до 25 години, која има функција да создава Фејсбук евенти, да лепи плакати по градот, да дели флаерчиња, а за возраст да добива бесплатен влез во локалот или бесплатно пиење во локалот. Тие со толку залажани што на некој начин се дури и експлоатирани, но битно они се чувствуваат и глумат важни, вредни и ценети личности во друштвото или локалот.

Секоја чест на оној мал број менаџери кои си ја знаат својата работа и се снаоѓаат во нејзе. Тоа се менаџери кои бар еднаш неделно/месечно свикуваат состанок меѓу персоналот, тоа се менаџери кои го тераат и газдата малку да се внесе во донесувањето одлуки, тоа се менаџери кои го држат локалот да опстои и да продолжи да биде интересен за посетителите.
:)
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Шознам, ко бев прва средно (2005) двјца школски и други другарчиња беа "менаџери" продаваа влезници и делеа флаерчиња и слични срања.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Јас сум менаџер цел живот и тоа го сфаќам како животен правец во сите дејности, т.е мораш да си го изменаџираш прво животот па после да можеш да правиш некое дело околу тој аспект.
Сум правел доста журки, сум правел опасни организации и кога сум бил главен менаџер т.е организатор правобитен ,сите биле среќни и задоволни затоа што се ставам од страната на клиентот што и суштински сум и самиот клиент на некои манифести и сакам да ми се удоволи како што треба со сите нишани и како што е претходно кажано дека ќе биде а и секогаш паѓа на плус ако менаџерот искомбинира некое изненадување кое што би било пријатно за гостите.
Вообичаено нажалост повеќето менаџери се скотови, како што претходните луѓе над мене коментираат и делумно се во право, имаат дефицит во дарба и имагинација и сепак посатојат некои хардкор исклучоци кој што ценат добра организација и поволност за сите луѓе а се менаџери со привилегија и они ја прават журката по свој вкус....
Организацијата се состои во тоа што треба да направиш да биде операцијата успешна т.е:
  • Добар маркетинг.
  • Поволни цени.
  • Убава динамика.
  • Концизна понуда
  • .Стил и ниво.
Муабетот ќе биде позитивен како афтер ефект на проекцијата на тој т.н менаџер во дадената ситуација и место ако биде се кул како што треба од погоре наведените критериуми, а доколку тоа се вози шаблонски и само ради профит - дувнала во цевка ситуацијата и луѓето со големо право можат да го кењаат тоа без никој да има право да ги демантира
Да си менаџер е привилегија и задоволство само малкумина знаат да го ценат тоа и да ја сфатат суштината на нивната дејност.
Живи здрави.... се надевам дека ќе има уште многу манифести кој што би ги менаџирал во иднина и ќе има позитивен исход целото тоа срање. :)
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.043
Поени од реакции
952
Јас сум менаџер на пица ресторан, имам многу обврски, и ако може некако ке помогнам на некој форумџија

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom