Медиум со најголема моќ во креирање на јавното мислење

Медиум со најголема моќ во креирање на јавното мислење е:


  • Вкупно гласачи
    75

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не гледам вести во последно време, не читам весници и не знам.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
493
Поени од реакции
13
1 место : А1
2 место : Сител
Другите горе доле се ОК али овие двајца се као - и + ...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Интернетот има најголема моќ во креирањето на јавното мислење..
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Интернетот има најголема моќ во креирањето на јавното мислење..
Не би рекол.
Поголемиот дел од населението воопшто не користи интернет.
Друг дел користи само на школо, факултет, работа...
Трет дел има интернет дома ама го користи за проверување меил, и забава вклучувајќи страници како Фејсбук и играње игричиња...
И тој четвртиот дел кој активно пишува по блогови, форуми, дискутира... е многу мал за да е значаен за јавното мислење.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не би рекол.
Поголемиот дел од населението воопшто не користи интернет.
Друг дел користи само на школо, факултет, работа...
Трет дел има интернет дома ама го користи за проверување меил, и забава вклучувајќи страници како Фејсбук и играње игричиња...
И тој четвртиот дел кој активно пишува по блогови, форуми, дискутира... е многу мал за да е значаен за јавното мислење.
Се поголем и поголем дел од населението користи интернет. Деца од 95/96та се деца на интернетот, израснати со него.
И, телевизијата е доволно контроферзна што дури и излапели пензионери не и веруваат на некој ствари, секој и верува на својата партија. А од друга страна, информациите на интернет се зимаат здраво за готово, се зимаат како точни. Еве, да речеме, пребаруваш за нешто што ти треба, оние информации кој ќе ги добиеш ти си ги прифаќаш како точни, не се ни сомневаш дека можеби некој неписмен го напишал тоа..
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
тој шо нема свое мислење,секој медиум може да му го пере паметот....а верујте,весниците ако ги читаш можат да бидат помоќни од ТВ...
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Се поголем и поголем дел од населението користи интернет. Деца од 95/96та се деца на интернетот, израснати со него.
И, телевизијата е доволно контроферзна што дури и излапели пензионери не и веруваат на некој ствари, секој и верува на својата партија. А од друга страна, информациите на интернет се зимаат здраво за готово, се зимаат како точни. Еве, да речеме, пребаруваш за нешто што ти треба, оние информации кој ќе ги добиеш ти си ги прифаќаш како точни, не се ни сомневаш дека можеби некој неписмен го напишал тоа..
Воопшто не оспорив дека се зголемува бројот на корисници, но бранејќи го здраворазумското размислување морам да го оспорам болдираниот дел.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Воопшто не оспорив дека се зголемува бројот на корисници, но бранејќи го здраворазумското размислување морам да го оспорам болдираниот дел.
Те разбирам...ама размисли малце, википедија денес се зима како сезнајна божица, се што пишува се зема за точно, а уствари на википедија може да едитира секој втор, има мал милион неточни ствари...
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
Сите знаеме дека А1 поседува најголема моќ во креирањето на јавното мислење, потошно влијае на гледачот да размислува. Често отвораат интересни теми и дебати. Можеби не секогаш од вистински причини, но резултатот знае да биде и позитивен. Наметнуваат некои погрешни работи, но сепак далеку подобри се од Сител. Нај објективни се Телма, но не се креатори на мислење, попасивни се.

Инаку гласав за Дневник како еден од најмоќните во печатените медиуми, за да има гласче и тој :D
 
K

kaiser soze

Гостин
Мислам дека А1 има најголемо влијание,но и телевизија е со најголема гледаност.Не велам дека е најобјективен медиум,но сепак има голема доза на критицизам од истата телевизија кон било која релевантна партија или власт.Сигурно битен факт е и тоа што егзистира како прва национална приватна телевизија.
Од печатените медиуми би го издвоил Дневник,како прв приватен весник кој се појави на пазарот,а и многу битен фактор за креирање на јавното мислење.Мислам дека е најобјективен медиум од ваков тип во земјата,а тоа многу пати го докажал.
За интернетот не верувам дека има толкаво влијание,со оглед на тоа дека повозрасното население воопшто не го користи,а и пласманот на информациите на интернет и нивната веродостојност,многу често се примаат со одредена доза несигурност.
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
иако би тревало МТВ како национална телевизија да биде најголемиот креатор на јавното мислење сепак кај нас не е така и дефинитивно е а1, а си имаат и помош од нивните весници пошо истото го презентираат, но и сител им е јака конкуренција!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom